Фото: Фејсбук-страница на ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Германија во Дуизбург со 2:1 во квалификациите за Светското првенство, а натпреварот беше вистинска фудбалска сензација.

Двата гола за репрезентацијата ги постигнаа Горан Пандев и Елиф Елмас.

Македонија поведе со 1:0 со гол на Горан Пандев во продолжението на првото полувреме.

Германија дојде до израмнување на резултатот со голот на Илкај Гундоган од пенал во 63.минута. Македонија на крај на натпреварот дојде до предност со голот на Елиф Елмас во 85.минута.