Македонскиот кантерстрајк тим победи на Светското првенство во Израел

Слика од победниците во Кантерстрајк
Фото: Фејсбук страница на Македонската Еспорт федерација

Македонската „Кантер страјк: Глобал офенсив“ (Counter Strike:Global Offensive) репрезентација го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација. Тие успеаја да го победат тимот на Романија во финалето, откако претходно во полуфиналето ја совладаа украинската репрезентација.

Составот за CS:GO репрезентацијата од актуелните светски прваци е следен: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристијан “fodor” Поповски

Во е-фудбал нашиот напреварувач стана третопласиран на ова првенство. На eFootball PES2022 нашата земја ја претставуваше Давид Гаревски.

Инаку, на Фејсбук страницата на Македонска Еспорт Федерација имаше еуфорична објава за победата на македонскиот кантерстрајк тим.