Младата Миа Еминова Блажевска постави пет нови национални рекорди во пливање

Извор на фотографија: Фејсбук страница на ПВК „Орион“ од Скопје

Одлични резултати на нашата Олимпијка, Миа Еминова Блажевска на Меѓународниот пливачки натпревар “Гран при Зрењанин Куп”, кој се одржа по 29-ти пат. Младата пливачка успеа да постави пет нови рекорди на Македонија, но и ја исполни Б-нормата за претстојното Светско првенство во пливање кое се одржува во Абу Даби, информираат од Пливачкиот и ватерполо клуб „Орион“ од Скопје.

Во српскиот град Зрењанин Миа Еминова Блажевска на трката на 100 метри слободно постави нов младински рекорд со време од 55.60 секунди, додека 100 метри пеперутка новиот младински и апсолутен македонски рекорд изнесува 1:01.22 минути.

Младата пливачка која изминатото лето настапи и на Олимписките игри во Токио, постави нов младински и апсолутен рекорд и на 50 метри грбно, а новото најдобро време изнесува 28.86 секунди.