Каратистот Емил Павлов освои сребрен медал на Светското првенство во Дубаи

Фото: Фејсбук страница на Агенцијата за млади и спорт

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи во финалето во категоријата до 67 килограми. Тој во финалето денеска беше поразен од актуелниот олимписки првак Стивен Да Коста.

За штипјанецот Емил Павлов ова е прв настап во категоријата до 67 килограми, а претходно беше трикратен европски шампион во категоријата до 60 килограми.

Од Карате федерацијата на Македонија веќе информираа дека ова е најголем успех во историјата на македонското карате и претставува втор наш медал, откако претходно со медал од светските настапи се закити само Жарко Арсовски во 2010 година на Светското првенство по карате во Белград.