fbpx
Таг: студенти

таг: студенти

„Средношколски пленум“: Од училиштата бојкотот ќе се префрли пред МОН

Средношколците и студентите денеска заедно маршиира против лошите реформи во образованието и игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука кон нивните барања. Средношколците маршот го почнаа во Градски парк, од каде се упатија кон Владата и таму се сретнаа со студентите, кои, пак, маршот го почнаа од платото на УКИМ. Паралелно извикувајќи „Заедно сме посилни“, „Доста беше молк“ и...

Привршува хоророт на студентите во „Гоце Делчев“

Интензивно се работи на реновирање на еден блок на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „Мета“ беше во студентскиот дом да провери како се одвива санацијата на објектот од кој се појавија навистина застрашувачки снимки по странските медиуми. Состојбата во моментов е ваква: Четиринаесетиот и тринаесетиот кат се речиси готови, а на првите катови сè уште интензивно се работи. На погорните катови ѕидовите се...

Два дена по масакрот во Кенија, пронајдена преживеана девојка

Два дена по нападот на кампусот на Универзитот „Гариса“ во Кенија, во кој беа убиени 148 луѓе, медиумите, повикувјќи се на локалниот медицински персонал, јавија дека денеска е пронајдена една преживеана личност. Кениските власти соопштија дека таа личност е 19-годишната Синтија Чаротич, која се криела на колеџот од четвртокот. Таа рекла дека се скрила во еден шкаф и дека се покрила...

Поранешен учител бил организатор на масакрот во Кенија

Кениската полиција го означи исламистот Мухамед Мухамуд, поранешен учител, за организатор на масакрот на универзитеот во Гариса, во кој беа убиени 148 студенти. Познат по прекарот Куно, Дулијадин или Гамадхер, припадник на сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб, тој, исто така, се бара во врска со низа убиства на севереоистокот на Кенија. Полицијата понудила 20 милиони шилинзи (200.000 евра) за информација која би...

Годишен извештај на Хелсиншки комитет: Прислушување, хонорарци, студенти…

Чинот на масовно прислушување претставува прекршување на човековите права од највисок степен и апсолутна злоупотреба на можноста за следење на комуникациите, со што се загрозува владеењето на правото во државата, наведува Хелсиншкиот комитет во својот годишен извештај. Во извештајот Хелсиншки комитет се осврнува и на студентскиот и на професорскиот пленум и на измените во законот за хонорарци. „Имено, со неовластеното прислушување...

„Студентски пленум“: Таблетите не се приоритет за студентите

Сметаме дека ова е само површна реформа и дека на високото образование и на студентите им се потребни континуирано вложување и финансиска поддршка, а не вакви еднократни награди, кои служат за да ни го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, реагираат од „Студентски пленум“ по најавата од премиерот Никола Груевски дека студентите од третта и од четврта година, чии родители...

„Студентски пленум“: Ја прекинуваме окупацијата, автономната зона продолжува

Студентите по 14 дена бојкот, ја прекинуваат окупацијата на факултетите и продолжуваат редовно со наставата, а автономните зони ќе продолжат и понатаму да функционираат. Ваква одлука била синоќа донесена на генерлниот пленум, а утринава изгласана на локалните пленуми на факултетите. Одлуката на „Студентски пленум“ доаѓа по договорот постигнат вчера со Министерството за образование, УКИМ и пленумите за изработка на нов...

МОН попушти пред студентите: Ќе има нов закон без државен испит

Нов закон за високо образование, без државен испит, договорија „Студентски пленум“ со преставници од Министерството за образование и од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на денешната двочасовна средба, потврди за новинската агенција „Мета“, Стефан Видиков, претставник на студентите. - Задоволни сме од средбата. Од наредната недела почнуваат со работа работните групи. Вечерва имаме генерален пленум, на кој треба да одлучиме за...

Дузина наставници ноќеска спиеја со студентите на Техничкиот факултет во Битола

Не за екстерното оценување, не за студирање со ограничување. Ова се само дел од дискусиите на кои синоќа до доцна во ноќта дискутирале студентите и претставници на наставничкиот пленум од Битола во автономната зона на Техничкиот факултет. Повеќе наставници преноќија на Техничкиот факултет во Битола заедно со студентите, кои веќе една недела се во автономната зона. - Се собравме наставници од повеќе...

Само навидум мирни: Судентски акции 2007 – 2015 година

„Студентски пленум“, по протестите и по прогласувањето на автономија на универзитетите низ земјава, ја отвори дилемата дали во Македонија има студентски активизам и дали со последните случувања се разбудија студентите, кои, по правило, треба да се првата движечка сила во една држава. Дали по осум години (од кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ) ова е прва акција на студентите? Сепак, не. Студентите својата...

Официјално формиран „Студенски пленум“ на штипскиот универзитет

Два дена по објавувањето на фотографиите, со кои со транспаренти се даде поддршка за пленумците, штипските студенти и официјално формираа „Студентски пленум“. На заседанието вчера попладне бил договорен и начинот на дејствување, иако, како што изјавуваат, имаат доза на страв. На социјалната мрежа „Фејсбук“ имаат своја страница, на која напишаа дека „Студентски пленум“ при УГД е организација од и за студентите,...

Промовиран проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“

На промоцијата на проектот „Е-пристапно образование во Република Македонија“, кој е дел од проектот за пристапно образование на УСАИД и на НВО „Отворете ги прозорците“, присуствуваше и министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. – За да се постигнуваат поголеми успеси в училиште, од голема корист е соработката на институциите со невладиниот сектор. Нашите партнери УСАИД и „Отворете ги прозорците“, преку...

„Студентски пленум“ го зазеде и Машински факултет

Студентите од Техничките факултети во холот на Машински факултет прогласија автономна и ги повикаа сите студенти да ја бојкотираат формалната настава и да им се придружат. - Денес се бориме за она што уставно му припаѓа на универзитетот, а тоа е неговата автономија. Тука сме да покажеме дека студентите не се само статистичка бројка на универзитетот и дека студентскиот активизам...

Три студенти муслимани убиени во САД

Тричлено муслиманско семејство е убиено од огнено оружје во својот дом во мирна населба во Северна Каролина. Во пукањето се убиени 23-годишниот Деа Шеди Баракат, неговата 21-годишна сопруга Јусор Мохамед и нејзината 19-годишна сестра Разан Мохамед Аби-Салха. Жртвите се пронајдени убиени во својот дом, а некои од жителите на околните станови не биле ниту свесни за инцидентот до доаѓањето на полицијата. Полицијата...

Студентите одлучија да спијат на факултетите

Студентите се собраа на платото пред Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, каде ќе го одржат седмиот пленум, на кој треба да одлучат дали ќе ги окупираат факултетите сè додека Владата не го исполни ветувањето дека ќе се повлечат измените на Законот за високо образование и да се формираат работни групи со сите засегнати страни за изработка на нов закон за...

Собранието вонредно и скратено ќе расправа за законите за високо образование и за хонорарци

Собранието ненадејно, денеска, во 13 часот, ќе ја одржи 36. седница, на која на дневен ред ќе бидат измените на Законот за плаќање придонеси на хонорарците и измените на Законот за високо образование. Сите измени на законите се планираат да се донесат по скратена постапка. Предлозите за изменување и за дополнувње на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот...

Зошто попушта Груевски: Се вразуми или се исплаши?

Нешто невообичаено се случува на Илиденска број 2. Каде замина „непопустливиот“ Груевски?  За само неколку дена, Владата повлече потези кои ги нема направено во деветгодишното владеење и кои и најголемите оптимисти не можеа да ги предвидат: ги послуша студентите, седна да се договори со СОНК, ги ослободи Кежаровски и Вранишковски и, денеска, во недела, попушти и за продонесите за хонорарците,...

„Студентски пленум“: Ќе тргнеме на предавања, па ќе одлучуваме за бојкот

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ велат дека сè уште се во координација и немаат одлучено која е наредната мерка што ќе ја преземат откако Собранието ги усвои, а претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша измените на Законот за високо образование. - Деновиве имаме интерни пленуми на факултетите, а во текот на наредната недела ќе одржиме заеднички голем пленум. Засега немаме...

„Студентски пленум“: Ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме

Сите наши писма до институциите беа отфрлени, освен тоа кај претседателот, кој ни рече дека ќе одлучи државнички. Знае ли тој како еден државник треба да го почитува Уставот, праша Ана Нешовска од „Студентски пленум“ денеска пред Собранието на Македонија. - Со овој закон се крши автономијата на Универзитетот. Ако тој се донесе, од утре ќе можеме да ги распуштиме факултетите....

„Професорски пленум“ одби средба со „контрапленумот“

На средбата меѓу студентскиот и професорскиот пленум, претседателот Ѓорге Иванов предложил утре, на 14 јануари, да се одржи средба меѓу „Професорски пленум“ и „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“. Од „Професорски пленум“ велат дека не се согласуваат со предлогот на претседателот за таква средба бидејќи, според нив, не постојат спротивставени мислења во однос на потребата од реформи...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...