fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

Популарноста на ТикТок расте и покрај ниските оцени

Просечната оцена на видео платформата ТикТок месецов падна од 4,6 на 1,2 на виртуелната продавница за апликации Play Store. Падот се должи на онлајн битката која започна во Индија пред неколку денови, откако ТикТок креаторот Амир Садики ги обвини јутјуберите дека копираат содржини од кинеската апликација, наводно поради сè поголемиот интерес на брендовите да се рекламираат таму. Познатиот индиски јутјубер...

„Фејсбук“ во САД ги блокира лицата што повикуваат на протести против мерката карантин

Фејсбук информираше дека ќе ги отстранува содржините што се залагаат за собири и протести што се противат на меркaта за карантин и владиното здравство. Компанијата работи и на отстранување содржини кои имаат за цел да го обесхрабрат третманот на справување со корона вирусот. Како што велат од компанијата, од платформата веќе се отстранети пораките на демонстрантите во Калифорнија, Њу Џерси...

94,2 отсто од младите во земјава користат WhatsApp, Viber, Skype или Messenger (инфографик)

96,3 отсто од младите во земјава на возраст од 15 до 24 години се секојдневно или речиси секој ден на Интернет, при што најголем дел од времето го користат за размена на инстант - пораки преку Messenger, WhatsApp, Viber и Skype, се наведува во извештајот „Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинства и кај поединците, 2019 година“ на...

Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили

Три бебиња загинаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“. Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, објави Институтот за јавно здравје,...

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите. Фондацијата “Метаморфозис” во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го одбележуваат...

Истражување: Mажите повеќе од жените се на социјалните мрежи

Интернет пенетрацијата е зголемена на 79,3 проценти опфат на домаќинствата во првото триемесечjе од 2018 година, наспроти 73,6 проценти во истиот период минатата година, вели претседателката Асоцијација за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска. Таа додава дека има подобрување и во начинот на пристап потребен за обавување на е-трговија. „Во Македонија 79,2 проценти од популацијата на возраст од 15 до 74 години употребило...

Довербата во медиумите во Македонија меѓу најниските во Европа

Според најновиот извештај на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), довербата во медиумите кај граѓаните на Македонија е меѓу најниските во Европа и дури и  опаѓала во изминативе пет години. Во анализата што се темели претежно на 88-от извештај на Еуробарометар, се вели и дека ниската доверба на македонските граѓани во медиумите е во тесна врска и со индексот за слобода на...

Владата платила само 250 евра за реклами на „Фејсбук“ и „Твитер“

Владата на Република Македонија на 22 август донесе одлука со која повеќе нема да нарачува реклами во електронските радиодифузери, во весниците и порталите, како и билборди, но го задржува правото да информира за своите активности преку социјалните медиуми. За таквото информирање од нејзиното назначување во јуни се потрошени 15.800 денари, одговори портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањата од...

„Твитер“ за пресудата за Талевска: Република Условна Македонија…

Откако Кривичниот суд денеска и одреди условна казна од две години затвор на новинарката Ивона Талевска, доколку во следните четири години не го повтори или стори друго кривично дело, на социјалните мрежи има многу коментари на негодување за казната која ја доби Талевска за затајување данок во случајот „Тифани“ на СЈО. Дел од корисниците гневни велат дека нема да плаќаат...

Имало 30 закани преку социјалните мрежи кон функционери, шест кон Заев

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека неговиот Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период документирал и процесуирал 30 случаи во кои преку социјалните мрежи на носители на државни функции им била загрозена сигурноста или биле злоупотребени нивните лични податоци. За сите случаи биле испратени известувања до Основното јавно обвинителство Скопје за да се прецизира дали станува...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ги погоди Сплит и околината

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ги погоди Сплит и околината, јавуваат хрватските медиуми. Сеизмолошката служба на Хрватска објавила дека, земјотресот се почувствувал во Сплит и во Макарска. За сега нема информации за повредени, ниту за настаната материјална штета. Граѓаните во паника споделуваа информации на социјалните мрежи, во кои се вели дека, земјотресот траел долго и бил проследен со...

Дигитална дипломатија: Повеќе сме отсутни, отколку присутни на социјалните медиуми

„Твитер“ препукувањата помеѓу амбасадите на Русија и на САД околу загадувањето на воздухот во Скопје ја истакна важноста на социјалните мрежи и комуникацијата која се врши преку нив. Политичарите од западните земји активно и постојано ги користат социјалните мрежи за споделување на информации и за комуникација со јавноста. Обединетата македонска дијаспора во истражувањето спроведено од октомври до декември годинава го споредува присуството на...

Анализа: Градоначаниците не ги користат социјалните мрежи за да ги слушнат граѓаните

Осумдесет од вкупно 81 градоначалник ја користат социјалната мрежа „Фејсбук“ во својата работа, покажа анализата направена од тим специјалисти за социјални медиуми, во периодот помеѓу 04 и 15 декември 2017 година. Втор на листата на „омилени“ социјални медиуми кои ги користат градоначалниците е „Инстаграм“. Анализата покажува дека 21 градоначалник го користат „Инстаграм“, а само пет од 81 градоначалник го користи...

Заев би го вратил Таравари на министерската функција ако не стане градоначалник

Премиерот Зоран Заев е подготвен да го врати Арбен Таравари за министер за здравство ако тој изгуби во градоначалничката трка, без оглед што самиот си поднесе оставка. Гостувајќи во емисијата „Топ-тема“, Заев рече дека не е проблем Таравари да се врати ако загуби на изборите, оти демократијата подразбира право за битка за гласовите на граѓаните. Тој нагласи дека, пред сè,...

Списоци за линч кружат по социјалните мрежи по вчерашните протести пред ДИК

Синоќа за време на протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ пред Државната изборна комисија, која одлучуваше по приговорите на партиите за изборите, на социјалните мрежи се појавија списоци со имиња и презимиња и со адреси на дел од активстите на „Шарена револуција“ и со повик до приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ да „се посетат“ посочените личности. На „Твитер“ се ширеше список со адресите...

Тетовци пријавиле уцени на социјалните мрежи

Дваесет и шестгодишен тетовец во тетовската полиција пријавил дека бил уценуван од непознато лице со кое комуницирал преку една од социјалните мрежи, при што разговарале на англиски јазик и користеле камери. Непознатото, наводно женско лице, откако целосно се соблекло пред камера, побарало и од него да се соблече пред неговата камера, а набргу потоа му рекло дека видеоснимката од него ќе...

Брзината на социјалните мрежи е предност и мана во известувањето, тврдат новинари од САД

Популистичките мерки објавени кратко и јасно на социјалните мрежи се ефективни, а тоа го користат политичарите, велат американските новинари Џон Кокран и Барбара Кокран, на јавната дискусија „Можат ли социјалните медиуми да влијаат врз изборите во САД?“, организирана од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Секој новинар во денешно време мора да биде активен на социјалните мрежи. Недостаток е тоа...

ССНМ: На новинарите не смее да им се забрани да кажуваат личен став на социјалните мрежи

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро протестира против компанијата што ги издава и печати „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, како и други дневни и неделни изданија, бидејќи ги уценува, понижува и дискриминира новинарите, со договори за работа во кој им забранува изнесување лични ставови во комуникација на социјални мрежи. „Ставот од договор во кој на новинарите, божем, им...

Апели на социјалните мрежи: Парите за Цеца, Северина и Чолиќ да се дадат на поплавените

Парите за Цеца, Северина и Здравко Чолиќ, кои треба да дојдат во Берово, Македонски Каменица и Штип, да се пренаменат за граѓаните од поплавените подрачја. Тоа ќе ја потврди општествената одговорност на општините, кои се организатори на манифестации, каде ќе настапат овие регионални ѕвезди. Ова се дел од ставовите и иницијативите, кои интензивно се вртат по социјалните мрежи. Општината Штип...

Интерактивна мапа на сите локации каде може да се донира или побара помош за поплавите

На специјализирана мапа на „Гугл“ означени се пункотвите на кои може да се донира помош за погодените подрачја од поплавите и од невремето. Мапата ги прикажува и прифатните центри и центрите за укажување помош на граѓаните на кои им е потребна. Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат и на социјалната...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...