„Фејсбук“ во САД ги блокира лицата што повикуваат на протести против мерката карантин

Фото: Kon Karampelas, Unsplash

Фејсбук информираше дека ќе ги отстранува содржините што се залагаат за собири и протести што се противат на меркaта за карантин и владиното здравство. Компанијата работи и на отстранување содржини кои имаат за цел да го обесхрабрат третманот на справување со корона вирусот.

Како што велат од компанијата, од платформата веќе се отстранети пораките на демонстрантите во Калифорнија, Њу Џерси и Небраска, кои повеќе денови протестираат против рестриктивните мерки.

Овој потег на „Фејсбук“ наиде на силни критики на конзервативците во САД, а меѓу нив е и најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на својот Твитер профил праша зошто Фејсбук сака да ја уништи слободата на говорот?

„Без оглед на тоа што мислите за карантинот или протестите што се против него, ова е застрашувачко исклучување на народните права од првиот амандман. Многу опасно!“ – стои во неговата објава.

Во меѓувреме компанија Фејсбук која е сопственик и на социјалните мрежи Instagram и WhatsАpp, работи на отстранување на лажните информации за „Ковид-19“ од своите платформи.