fbpx
Таг: сонце

таг: сонце

Сончево и топло време со температура до 36 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло, а попладне само во крајните северни планински делови се очекува краткотрајна нестабилност, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движеше од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 29 и 36 степени. УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје времето, исто така, ќе биде сончево и...

Сончево и топло време со слаб северозападен ветер и висок УВ-индекс

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 34 Целзиусови степени. Во петок и за времен на...

Денеска сончево и топло, со локални поројни дождови попладне

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движеше од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје слично време,...

Сончево и топло со температура до 34 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне, претежно на запад и на планините, ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје и околината...

Времето преку денот прoменливо облачно, попладне дожд со умерен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи во интервалот од 7 до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во...

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне, главно во југозападните делови на Македонија, ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура се движеше од 11 до 20 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува меѓу 23 до 32 степени. УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена...

Времето претпладне со сонце, попладне со дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје слично време со температурата од...

Сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни. Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната од 25 до 32 Целзиусови...

Времето сончево со умерена облачност, попладне локален дожд

Во Македонија денеска ќе има претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот, а попладне во југоисточните предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура...

Претпладне сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од шест до 25 Целзиусови степени. Во Скопско слично време, температурата ќе биде од 14 до 24 Целзиусови степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок...

Сончево и топло време, од попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утринската температура се движи од 4 до 10 Целзиусови степени, а највисоката дневна температура ќе биде од 24 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје слично време, сончево со мала до...

Oблачно време со локален пороен дожд и температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, наместа пороен проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен...

Топло време денеска, со температури до 25 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и максимални температури од 19 до 25 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје ќе има сончево време со слаб југоисточен ветер и температури до 23 Целзиусови степени. В четврток ќе биде топло, а попладнето ќе има зголемување на облачноста со локален...

Сончево време со пролетна температура – до 22 степена

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен и југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 Целзиусови степена. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени. Утре во западните делови...

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во западните делови ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од осум  до 15 Целзиусови степени. Во Скопје слично време,  утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени. За време на...

Сончево време со слаб ветер и температура до осум степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.Температурата ќе се движи од минус еден до осум Целзиусови степени. Во Скопје слично време, температурата ќе достигне до пет Целзиусови степени. Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток...

Следува период на суво време

Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, а на планините снег. Дуваше умерен ветер од јужен правец, кој во Битола достигнуваше брзина до 60 километри на час. Врнежите од дожд се прошируваа од запад кон исток, а беа пообилни на југозападот на земјата. Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно....

Сончево време со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со утринска температура од минус 3 до 6 Целзиусови степени, а дневна од 12 до 20 степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен ветер, а во северните и во западните делови од земјава ќе има слаби локални врнежи од...

Сончево време со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Утрото ќе биде свежо со температура од нула до 8 Целзиусови степени, а дневната највисока температура ќе биде од 21 до 27 степени. Во Скопје се очекува слично време со температура до 25 Целзиусови степени. Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време...

Претпладне сончево, попладне промена на времето

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а во вечерните часови во западните и во северните делови од земјава ќе има локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој во вечерните часови...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...