fbpx
Таг: Сојуз на математичари

таг: Сојуз на математичари

Народната банка со серија активности за зголемување на финансиската писменост на младите

Народната банка во текот на учебната 2022/2023 година спроведе засилени активности во доменот на финансиската едукација на младите преку изведување обуки за учениците, спроведување едукативни презентации, едукативни материјали, натпревари, квизови и објави на едукативни содржини. И во текот на јуни продолжуваат активностите, а Народната банка ја заокружува годината со изведени над 150 едукативни предавања за јакнење на финансиската писменост...

Сребро и бронза за наши математичари на Олимпијадата за студенти од Југоисточна Европа

Студентот Лука Хаџи-Јорданов освои сребрен медал, а Марија Стојковска бронза на 17. по ред математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023), информира Сојузот на математичари на својот профил на Фејсбук. Настанот го организираше Сојузот, Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE). Олимпијадата се...

Математичарите освоија два сребрени и два бронзени медали во Осло

Сојузот на математичари на Македонија, синоќа соопшти дека на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација освоила два сребрени медали, два бронзени, како и две пофалници. „Нашите ученици постигнаа одличен резултат. На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки, нашите ученици Никола Спировски и Дамјан Давков освоија по 29 поени, односно сребрени медали, Блаже Суклевски освои 27 поени и...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...