fbpx
Таг: случај Монструм

таг: случај Монструм

Бурна политичка недела: Хан во Влада, Заев и Груевски на суд, СЈО со истечен рок

Следната недела, од почеток до крај, ќе биде со набиена агенда од настани, кои се од интерес на јавноста, а нивниот исход ќе покаже како процесите важни за земјава ќе се одвиваат во иднина. Последната недела од јуни, пред официјалниот почеток на летните одмори, ќе биде судбинска за понатамошните „реформски“ активности на Владата и пресудна за понатамошното функционирање на Специјалното...

Врховниот суд закажа јавна седница за „Монструм“ за 29 јуни

Врховниот суд за следниот четврток, 29 јуни, ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Судот претходно двапати...

Вангеловски ја одложи седницата за „Монструм“, ОЈО бара нови докази од СЈО

Петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски, ја одложи јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени во случајот „Монструм“, поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од осудените. Вангеловски седницата ја презакажа за 9 јуни, во 11 часот, а таа, како што беше предвидено и за денеска,...

Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

Врховниот суд на Република Македонија денеска на јавна седница треба да одлучува по жалбата на шестемина осудени во случајот „Монструм“, кои добија доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро пред пет години. Седницата е закажан во 11 часот, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Инаку, највисокиот суд во земјава овој предмет го стави на...

Зошто камерите го снимија Спасов, но не и „Монструм“, Младенов и Нешковски?

Истрагата за случувањата од вечерта минатиот петок освен што го ставија на тапет дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја расветлија енигмата дали функционираат камерите на скопските сообраќајници од проектот наречен „Безбеден град“. Денешната прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а и „ексклузивните снимки“ што ги објави „Сител“, покажуваат дека камерите на скопските сообраќајници се...

Јанева: Снимките ги доведуваат во прашање сите избори од 2011 година досега

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, одговарајќи на прашања на пратениците од Комисијата за политички систем и за односи меѓу заедниците, се заблагодари за поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но рече дека дозвола за нови јавни обвинители, СЈО добива од Советот на јавни обвинители, а не од пратениците на Собранието. Таа рече и дека толку малку материјали досега се преслушани,...

Косовскиот суд одлучил да нема екстрадиција на првообвинетите во „Монструм“

Основниот суд во Приштина на 29 октомври минатата година донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд на Косово на 22 јануари годинава, ја одбил жалбата на Основното јавно обвинителство на Косово како неоснована и ја потврдил...

Косовскиот суд ги ослободил двајцата првообвинети за убиствата од „Монструм“

Кривичниот суд во Приштина ги ослободил од затвор двајцата првообвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, пренесува весникот на албански јазик „Коха“. Одлуката за ослободување била донесена по заседавањето на судот во Приштина, на кое било заклучено дека аргументите на обвинителството за сериозните кривични дела за кои се товарат Исмаиловиќ и Демири во Македонија, се неиздржани. Според адвокатот на...

ЛДП: Јанева итно да го разгледа и да го преземе случајот „Монструм“

Либерално-демократската партија апелира до Специјалното јавно обвинителство итно да го разгледа случајот „Монструм“ и да го преземе во своја надлежност, се вели во соопштението на партијата. Оттаму наведуваат дека станува збор за крајно специфичен и чувствителен предмет, кој е трагичен по својот исход и за жртвите и за осудените. „Поради целосно нарушената легитимност на судскиот систем, на кој сведочиме сите како граѓани,...

Апелацискиот суд ги потврди доживотните казни на осудените во „Монструм“

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ од 30 јуни 2014 година, со која шесттемина обвинети за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро беа осудени на доживотен затвор, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. „Апелациониот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9 октомври 2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...