fbpx
Таг: Северна Македонија

таг: Северна Македонија

Пахон: Русија настојува да ја спречи Северна Македонија да го избере својот пат

Портпаролот на Пентагон Ерик Пахон вели дека НАТО се залага за слобода, демократија и колективна безбедност и дека земјите, како што се Северна Македонија и Црна Гора, кои ги споделуваат овие вредности, „се знак на успехот, а не на тензии". Запрашан дали и во која мерка зачленувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ги зголеми тензиите меѓу Запад и Русија,...

Петерле: На патот во ЕУ црни точки ви се судството, медиумските слободи и корупцијата

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“ ја фали храброста на владата да го надмине и деценискиот спор со Грција за името, но потсетува дека патот до ЕУ за Северна Македонија подразбира многу реформи. Како црни точки тој ги означува бавните реформи на правосудството, како и состојбата со медиумските слободи и бробата против корупцијата. Прашан дали...

Могерини и Хан го потврдија приемот на известувањето за новото име на Македонија

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија дека го примиле известувањето од Република Северна Македонија за новото име и упатија честитки и до Скопје и Атина за постигнатиот напредок. „Денеска Европската Унија беше формално известена од Република Северна Македонија за нејзиното ново име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор. Срдечно го поздравуваме...

Кацин: Компромисот на Македонија и Грција во регионот треба внимателно да се проучува

Без разрешување на сите билатерални спорови нема да има понатамошно проширување во Западниот Балкан, во изјава за „Јуропиан Вестерн Балканс“ порачува Јелко Кацин, постојан претставник на Словенија во НАТО и поранешен известувач во Европскиот парламент за Србија и Црна Гора. Одлуката Република Северна Македонија да го смени името е резултат на историски политички договор, нагласува тој. - Тоа е политички компромис...

Сите рокови за Република Северна Македонија: Што и до кога треба да се промени (инфографик)

Промената на таблата на граничниот премин со Република Грција е првиот чекор што го направи државата кон целосна промена на уставното име во Република Северна Македонија. Според меѓуресорската група задолжена за извршување на обврските од Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, роковите за целосна промена на името се движат од 3 дена па до се до пет години од...

Уставните измени стапија на сила, од вчера сме Република Северна Македонија

Преспанскиот договор од вчера и официјално е на сила и почнува остварувањето на неговите одредби, со што и Македонија го смени своето име во Северна Македонија. Владата исто така го промени нејзиното име во Влада на Република Северна Македонија. Како што објасни Владата, вчера во „Службен весник“ е објавен Преспанскиот договор, а на сила се и уставните амандмани, од 33....

Владината зграда утрово без натписот „Влада на Република Македонија“

Владината зграда осамна без натписот „Влада на Република Македонија“. Тој е отстранет од објектот на владата, најверојатно вчера. На местото на главната зграда каде што беа буквите „Влада на Република Македонија“ сега е само фасадата премачкана со бела боја таму каде што претходно беа буквите, но јасно се чита дека досега таму стоел натпис. Пред главната зграда сега течат подготовки за...

Ќе се поставува првиот натпис со „Северна Македонија“, отстранети буквите на Владата

Натписот „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда, и се очекува наскоро на неговото место да се постави натпис „Влада на Република Северна Македонија“. Се очекува денеска да почне промената на натписите и таблите на државните органи, и Собранието. Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе...

„Северна Македонија“, во употреба, најверојатно, од 15 февруари

Новото име на државата, „Република Северна Македонија“, во официјална употреба најверојатно ќе влезе на 15 февруари. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за „Мета“ потврди дека одлуките кои произлегуваат од Преспанскиот договор ќе стапат во сила 7 дена откако Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, а Грција, пак, најверојатно ќе го ратификува протоколот на 8...

Јункер, Могерини и Хан го поздравија ратификувањето на Преспанскиот договор

Со заедничка изјава, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент. „Со радост го поздравуваме најновиот клучен чекор во ратификацијата на Преспанскиот договор, со денешното гласање во грчкиот парламент. Од самиот почеток Европската Унија силно го поддржуваше историскиот договор...

Во Солун се делат „некролози“ за Македонија

Малубројни противници на Договорот од Преспа денеска во Солун, пред Министерството за Македонија и Тракија, на минувачите им делеа „некролози“ со името „Македонија“, изразувајќи го на тој начин својот протест против, како што велат „предавството кон грчка Македонија“. „Денеска ја погребуваме Македонија“ стои во текстот, а како потписници се „Мајка Грција, децата Македонки и Македонци“. Во 14.30 часот денеска грчкиот парламент...

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта и официјално е преименувана,...

Со 81 глас „за“, изгласани уставните измени

Со 81 глас „за“ вечерва пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени, односно амандманите 33 до 36, кои се обврска за Македонија според Преспанскиот договор што беше потпишан на 17 јуни минатата година. Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани. Според Уставниот закон кој беше исто така усвоен, овие амандмани влегуваат во сила дури откако...

Ципрас: Првиот договор со новото име на соседот да биде за брза пруга со Грција и Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, каде е на официјална посета и средба со српскиот државен врв, твитна дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале за тространа соработка со Македонија во полињата на транспортот, енергетиката, трговијата, како и за полициска соработка. Меѓу другото, тој најави и изградба на брза железница меѓу Атина и Будимпешта. Με τον Πρόεδρο Βούτσιτς συνομιλήσαμε για...

Ципрас лобира кај Пахор: Отсега нашиот сосед да го викате „Северна Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во претседателската палата во Атина со словенечкиот претседател Борут Пахор изразил задоволство што кај „северниот грчки сосед“  бргу напредува на планот на уставните измени. Истовремено, Ципрас лобирал кај словенечкиот државник дека „земјата која сега ја нарекува според уставното име, односно како Македонија, во иднина ќе треба да ја викаат „Северна Македонија“. Ципрас се пофалил...

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија. Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“, руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот Кент, Велика Британија, за најновите...

Загубени 25 години, резултатот е ист

Последниве месеци се дебатира за терминот Северна Македонија како компромисно решение за името по потпишувањето на договорт со Грција. Тој предлог, сепак, не e ниту нов. Ниту првпат предложен. Факсимил од насловната страница на весникот „Нова Македонија“, од 7 март 1993 година, го покажува насловот „Северна Македонија“ прифатливо за Грција?“ . Од тогаш минаа 25, според некои, неповратно загубени години, а...

Коѕијас: Договорот ќе биде ратификуван, Грција го доби името назад

Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, порача министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во интервјуто за грчкото радио „Риал фм“. Тој тврди дека Грција добила многу повеќе отколку нашата земја, која ќе мора да направи крупни промени, но и потоа сè ќе зависи од Грција. - Иако...

Ахмети: Албанците се на нивното место и во нивната држава

Во Република Македонија, живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи… Ние сме дел од Уставот на РМ и нема никаква дилема дека Албанците се во нивното место и во нивната држава, рече вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, одговарајќи на новинарско прашање, дали името Република Северна Македонија го одразува и идентитетот на сите Албанци. Тој...

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори на Македонија со ЕУ

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје. – На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...