Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори на Македонија со ЕУ

-

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје.

– На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни – рече Захариева во интервју за бугарската Нова ТВ.

Шефицата на бугарската дипломатија вели дека ентузијазмот за проширување кај некои членки не е голем, но нагласи оти Македонија заслужува и оти треба да и се даде јасна перспектива.

Захариева повтори дека национален интерес на Бугарија е стабилна Македонија и стабилни соседи кои чекорат кон НАТО и членство во ЕУ.

Шефицата на бугарската дипломатија смета дека договорот меѓу Македонија и Грција нема на никаков начин да го наруши спроведувањето на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...