четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: рудници | 53 резултати

Излезноста во Босилово до 13 часот била 7,78 отсто

септември 3, 2017

Излезноста на референдумот во Општина Босилово во врска со рудникот Иловица и други рудници на територијата на општината до 13 часот изнесувала 7,78 отсто. Општинската изборна комисија соопшти дека референдумот се одвива без проблеми. Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во општина Босилово, каде што граѓаните на референдумот […]

Бектеши: Отворањето на рудници зависи од позитивното мислење на општините

август 25, 2017

Доделувањето на концесија за отворање на рудник, освен од надлежните институции, најдиректно зависи од позитивното мислење дадено од општината каде се наоѓа, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на доделувањето на признанијата на најуспешни рудари во Македонија. Тој посочи дека во земјава има активни повеќе од 120 рудници и дека рударството претставува база за […]

Во Валандово утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

август 19, 2017

Во Валандово утре ќе се одржи референдум на кој жителите од оваа општина треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини. За референдумот да биде успешен, утре треба да излезат најмалку […]

Во Дојран утре ќе се одржи референдум за рудниците Казандол и Башибоз

јули 22, 2017

Дојранчани утре ќе излезат на референдум на кој ќе гласаат дали се „за“ или „против“ отворање рудници на територијата на нивната општина. Тие стравуваат дека рудникот Казандол, но и потенцијалното отворање на Башибоз на планината Беласица, се еколошка закана по земјоделството, туризмот и за Дојранско Езеро. Досега, референдуми се одржаа во Гевгелија и во Богданци, каде […]

Градоначалникот на Дојран не ја потпишал одлуката за одржување референдум

јуни 12, 2017

Градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, не ја потпишал одлуката што едногласно ја донеле советниците на општината за одржување референдум за рудникот Казандол, кој требаше да се одржи на 18 јуни. „Откако на 15 мај заврши мандатот на локалната власт, јас немав право да потпишам никаква одлука за референдум затоа што роковите за одржување на […]

Референдумот во Богданци е успешен, гласале 61 отсто од запишаните гласачи

јуни 11, 2017

Излезноста на референдумот во Општина Богданци е 61 процент, велат од Општинската изборна комисија. Неофицијално, најголемиот број од гласачите гласале против отворање на рудници на територијата на општината и за стопирање на изградбата на рудникот за бакар Казандол. Право на глас имаа околу 7.000 жители, кои гласаа на 12 избирачки места. На референдум за рудникот Казандол ќе […]

Активистите собраа 2.213 потписи за референдум во Валандово, се закануваат со блокади

јуни 9, 2017

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ извести дека ги собрала потребните потписи за распишување на референдум на локално ниво во општина Валандово и денеска, во име на сите 2.213 потпишани граѓани на Општина Валандово, до Советот на општина Валандово ќе поднесе предлог за распишување референдум. На ова изјаснување, граѓаните ќе треба да кажат дали се за […]

И во Валандово ќе има референдум за рудниците, одлуката донесена доцна синоќа

мај 13, 2017

Со осум гласови „за“ од вкупно 15, Советот на Општина Валандово доцна синоќа ја поддржа иницијативата на подносителот на барањето за собирање потписи за организирање референдум за рудниците Казандол и Башибос. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ за три часа собра 256 потписи, многу повеќе од потребните 100 за иницијативата што синоќа ја прифати Советот на […]

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија се предвесници на демократските и еколошки реформи

април 24, 2017

„Граѓаните на општината Гевгелија покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа предвесници на овие реформи во земјава. Тие се спротивставија на ниско развиената еколошка свест, на недоволната информираност во врска со екологијата и со еколошките постапки што треба да се преземат и цврсто застанаа против неодговорноста на сите што сакаа да ја загрозат животна […]

Гевгелија едногласно рече „не“ за отворање рудници на Кожуф

април 24, 2017

Во мирен референдум, вчера 99,1 отсто од жителите со право на глас на општина Гевгелија кои гласале ја отфрлија можноста да се отворат нови рудници на злато на планината Кожуф. Во гласачкиот список се наоѓаа 19.459 граѓани со право на глас, а до 19 часот 99,1 отсто од граѓаните гласале. Од нив 13.097 се изјасниле „против“ […]

Референдумот во Гевгелија успешен, излезноста околу 58 отсто

април 23, 2017

Повеќе од 58 проценти од запишаните 19.458 гласачи во Гевгелија излегле на гласање на денешниот референдум, соопштуваат избирачките одбори од вкупно 37 гласачки места. Тоа значи дека е надминат прагот од 50 проценти излезност за да биде референдумот легитимен. – Според излезноста на граѓаните, заклучно со 17 часот, уште сега може да кажеме дека успеа референдумот […]

„Цивил“: Во Гевгелија гласањето до 17 часот без поголеми проблеми

април 23, 2017

Недоволна информираност на граѓаните за референдумското прашање и за процедурите за спроведување на референдумот, помали пропусти во работата на избирачките одбори,  како и проблеми со избирачкиот список, се клучните забелешки на набљудувачите на „Цивил“ – Центар за слобода за текот на референдумот во Гевгелија до 17 часот. Референдумот во Гевгелија, што треба да донесе решение […]

Гевгеличани денеска решаваат дали да се отвораат нови рудници

април 23, 2017

Жителите на Гевгелија денеска на референдум треба да одговорат на прашањето дали се „за“ или „против“ отворање нови рудници на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас […]

Гевгеличани утре на референдум ќе одлучуваат за рудниците на Кожуф

април 22, 2017

Жителите на Гевгелија, утре на референдум ќе одлучуваат дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ […]

Двајца загинати и повеќе исчезнати рудари по земјотрес во Полска

ноември 30, 2016

Двајца рудари загинаа, а најмалку шест се водат како исчезнати по земјотресот што го погоди југозападниот дел на Полска. Земјотресот е регистриран вчера вечерта, на длабочина од 10 километри. Девет рудари од рудникот Рудна се евакуирани, а еден од нив починал. Уште еден рудар починал во окното на рудникот, а три рудари се тешко повредени. – […]

Продаден имотот на рудниците Злетово и Тораница

јули 6, 2016

Наместо за проценетите седум милиони евра, имотот на рудниците Злетово од Пробиштип и Тораница од Крива Паланка беше продаден за половина од вредноста. Советот на доверители ја прифати понудата од 3,5 милиони евра од концесионерот на рудниците, бугарски „Минстрој“. Бугарските сопственици купуваат само 67 отсто од имотот. Одлуката предизвика револт кај доверителите, кои веќе две […]

Апелацискиот суд ја поништи хипотеката на рудниците Злетово и Тораница

јуни 8, 2016

Со денешната одлука на Апелацискиот суд во Штип, за поништување на хипотеката на објектите на рудниците Злетово од Пробиштип и Тораница во Крива Паланка, отстранета е правната пречка за почеток на работата на новиот концесионер, компанијата „Минстрој“ од Бугарија. За синдикатот во Злетово судската одлука за поништување на хипотеката е значајно поместување. – Тоа значи […]

Кривична пријава за шест директори на бившиот концесионер на „Злетово“ и „Тораница“

мај 26, 2016

Пробиштипската полиција поднела кривична пријава против шестмина директори на индиската компанија „Индоминелари и метали“, која до неодамна беше концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и предизвикување на стечај со несовесно работење, оштетување или повластување на доверители, информира денеска МВР. Првосомничен е индискиот државјанин П.А.М. (70), […]

Имотот на „Злетово“ и „Тораница“ под хипотека, „Минстрој“ не може да работи

март 28, 2016

Новиот концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, бугарската компанија „Минстрој“, нема да може да го користи погонот за флотација, без кој не е можен производствениот процес.  Тој нема да може да го користи и останатиот имот на досегашниот концесионер „Индоминерали и метали“, затоа што е ставен под хипотека. Основниот суд во Штип треба да одлучи што со […]

Владата ја одобри концесијата за рудниците Злетово и Тораница

март 23, 2016

Бугарската компанија „Минстрој“ ќе ги преземе рудниците Злетово и Тораница за годишна концесија од два милиони евра, одлучила Владата на вчерашната седница. Концесионерот доби рок од два месеци за рестартирање на рудниците, од чија работа живеат повеќе од 1.000 семејства од Пробиштип и од Крива Паланка. Ова го потврди претседателот на одборот на доверители, Тони Тоневски. Одлуката […]

Страна 2 од 3