fbpx

И во Валандово ќе има референдум за рудниците, одлуката донесена доцна синоќа

-

Со осум гласови „за“ од вкупно 15, Советот на Општина Валандово доцна синоќа ја поддржа иницијативата на подносителот на барањето за собирање потписи за организирање референдум за рудниците Казандол и Башибос. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ за три часа собра 256 потписи, многу повеќе од потребните 100 за иницијативата што синоќа ја прифати Советот на Општината.

Следниот чекор ќе биде да се соберат 2.000 потписи во канцеларијата на Државната изборна комисија, па таа иницијатива да се достави до Советот на Општината за да донесе одлука за референдум.

Вчера, сепак, Советот ја одложи за уште најмалку три дена одлуката за референдумско изјаснување на граѓаните по прашањето „дали се за или против работењето на рудниците во Казандол и Башибос“. Таа постапка е образложена со „потребата од консултации на претседателот на Советот со Закононодавно-правната комисија за правната издржаност на одлуката“.

Додека траеше расправата, иницијаторите за референдум, „Спас за Валандово“ се собраа пред просториите и со транспаренти бараа да се слушне гласот на граѓаните. Нивното барање да присуствуваат на седницата беше отфрлено.

Активистите сметаат дека постапка на Советот да се пролонгира одлуката за три дена е само купување време, бидејќи в понеделник, според Законот за локална самоуправа, ги губи надлежностите, па вака советниците сакаат да купат време и да не се изјаснат.

Вчера советниците на Општина Дојран донесоа одлука референдум да се одржи на 18 јуни, а во Богданци претходно беше одлучено референдум да се одржи на 11 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...