fbpx
Таг: Реџеп Таип Ердоган

таг: Реџеп Таип Ердоган

Трамп му честиташе на Ердоган за резултатот на референдумот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа му ја честиташе на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, победата на референдумот за уставните измени во земјата, со кои во голема мера се зголемуваат овластувањата на турскиот претседател, пренесува „Би-би-си“. Трамп, како што пренесуваат агенциите, телефонски му го честитал успехот на Ердоган на референдумот, на кој 51,4 отсто од граѓаните ги поддржаa уставните...

Курц: Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава, демократијата и од ЕУ

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по повод исходот од референдумот во Турција рече дека таа земја јасно се одлучила против Европската Унија. „Иако е гласано тесно во корист на измените на Уставот, тоа значи дека Турција сè повеќе се оддалечува од правната држава и од демократија. Исходот од гласањето е јасен сигнал против ЕУ“, порача Курц. Тој изјави...

Турција ги поддржа бараните измени на Ердоган, покажуваат првичните резултати

Првите неофицијални резултати од референдумот во Турција покажуваат дека граѓаните се изјасниле за воведување претседателски систем, односно измени со кои целата власт ќе биде во рацете на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. Досега се преброени 90 отсто од гласовите и 54,2 отсто од гласовите се „да“ за уставни промени, а 45,7 се „против“. На референдумот излегле дури 83,89 отсто избирачи. Атмосферата е во...

Турските граѓани на референдум одлучуваат дали Ердоган ќе добие апсолутна власт

Граѓаните на Турција денеска гласаат на референдум за уставни промени со кои ќе се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Изборните единици беа отворени во 7 часот наутро во источниот дел на Турција, додека во остатокот од земјата гласањето почна во 8 часот. Избирачките места ќе бидат затворени во 17 часот по локално време. Турски државјани во странство веќе гласаа,...

Ердоган: Ќе продолжам да ги нарекувам нацистички остатоци и фашисти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе продолжи да ги нарекува европските земји „нацистички остатоци и фашисти“ доколку го задржат „сегашниот став“ кон Турција. - Тие не дозволуваат моите министри да држат говори во Европа. Кога референдумот на 16 април ќе заврши, ќе одлучиме. Сè има цена – рече Ердоган на собирот по повод реферндумот во турскиот град Зонгулдак. Ердоган...

Ердоган повика на воведување смртна казна во Турција по референдумот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека очекува во Турција да биде воведена смртна казна по референдумот за уставните измени, закажан за 16 април, пренесува ХРТ. Ердоган нагласил дека „без двоумење“ ќе потпише нацрт-закон за воведување смртна казна, веднаш по неговото прифаќање од страна на парламентот. „Семејствата на мачениците, семејствата на нашите јунаци не треба да се грижат. Верувам,...

Габриел: Ердоган бара непријател за да ја прикаже Турција понижена, а Западот – арогантен

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, денеска им порача на турските функционери дека Германија ќе им забрани да учествуваат на собири за поддршка на турскиот референдум на нејзина територија. „Тој што ја преминува границата во однесувањето не смее да мисли дека може да ги шири своите ставови и кај нас“, вели Габриел за германскиот неделеник „Шпигел“. Тој вели дека нема само Турција...

Турција упати протестна нота до Холандија

Официјална Анкара денеска на холандскиот дипломатски претставник во Турција му врачи нота со која протестира поради акцијата на полицијата во Ротердам, против „турските демонстранти во текот на изминатиот викенд“. Во протестната нота, како што соопшти турското МНР, се наведува дека полициската интервенција била несразмерна и се бараат правни мерки поради непримерното однесување на полицајците. Холандската полиција вчера со употреба на водени...

Холандија ја забрани посетата на Чавушоглу

Холандската влада денеска ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, требаше да пристигне на митинг во Ротердам, јави телевизијата „Си-ен-ен Турк“. Причината за ваквата одлука, како што стои во образложението од холандската влада, е стравот дека престојот на Чавушоглу во Ротердам би можел да ги загрози јавниот ред...

Чавушоглу е непожелен во Холандија

Холандската влада смета дека планираната посета на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, е „непожелна“, изјави шефот на холандска дипломатија, Берт Кундерс. Тој наведе дека холандската влада нема да пружи никаква помош доколку Чавушоглу в сабота, сепак, дојде во Холандија за да учествува на митинг за поддршка на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Кундерс рече дека „владата е...

Иванов бара од Европскиот совет да се ангажира и да ја осуди платформата

Тиранската платформа е документ кој е ултимативен и уценувачки го суспендира и Договорот од Пржино во кој Европската Унија го вложи сиот свој надворешно-политички кредибилитет, се вели во писмото испратено од претседателот Ѓорге Иванов, до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до претседателот на САД, Доналд Трамп,...

Меркел: Ердоган претера, нема место за споредување со нацизам

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема оправдување за тоа што турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја споредил забраната за некои политички собири во Германија со нацистичка практика. Таа рече дека коментарите на Ердоган само ги „ревитализираат неспоредливите страдања на жртвите од нацистичките злосторства против човештвото“. Меркел призна дека постојат длабоки несогласувања помеѓу Берлин и Анкара по прашање на слободата на...

Турција ја обвини Германија за двојни стандарди

Турските власти ја обвинија Германија за двојни стандарди откако властите на германскиот град Гагенау го спречиле турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, да се обрати на приврзаниците на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Од Турција порачуваат дека Берлин мора да научи „како да се однесува“ доколку сака да одржи односи со таа земја. Боздаг требало да се обрати пред приврзаниците на...

Мас: Помина времето на љубезен тон на Германија со Турција

Германскиот министер за правда, Хајко Мас, во интервју за весникот „Велт“ изјави дека истече времето на љубезен тон во односот на Берлин со Анкара, откако турскиот суд одлучи да го затвори новинарот на германскиот весник „Велт“, Дениз Јуџел. Мас оцени дека односот кон Јуџел е неприфатлив и оти тоа не е единствен случај во Турција, каде се уапсени голем број...

Потврдена е дводневната посета на Ердоган на Москва

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 9 и 10 март, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Потврдувам. Планирани се преговори – рече Песков. Односите на двете земји се нарушени откако турски борбени авиони соборија руски бомбардер за време на мисија во Сирија во ноември 2015 година. Пилотите се катапултирале,...

Референдумот за уставните промени во Турција закажан за 16 април

Референдумот за предложените измени на уставот на Турција ќе се одржи на 16 април, оваа година, соопштил денеска Високиот изборен одбор на земјата, јавуваат светските агенции. Измените на уставот предвидуваат замена на парламентарниот со извршен претседателски систем, каков што бараше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Со нив претседателот ќе добие речиси неограничени овластувања, односно ќе може да донесува...

Ердоган ги одобри уставните реформи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска одобри одржување национален референдум за уставните реформи кои му овозможуваат на претседателот зголемени овластувања. Ердоган ја потпиша реформата за Уставот, со што е отворен пат за референдум за воведување на претседателскиот систем што ги проширува неговите овластувања. Референдумот по тоа прашање најверојатно ќе биде одржан на средината од април. Турскиот парламент минатиот месец одобри уставни реформи со минимално потребниот...

Трговската и воената соработка во фокусот на разговорите помеѓу Меј и Ердоган

На средбата помеѓу британската премиерка Тереза Меј и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, се разговарало за унапредување на соработката во областа на воената индустрија и на трговијата. Тие, исто така, се договориле да формираат работна група за зајакнување на билатералната трговија по излезот на Велика Британија од Европската Унија. По состанокот, Ердоган изјавил дека се надева дека обемот на трговската размена...

Германија го укинува, Македонија сè уште суди според законот за заштита на монарсите

Министерот за правда на Германија, Хајко Мас, вчера соопшти дека германската влада ќе го укине законот кој им забранува на граѓаните на земјата да ги навредуваат странските лидери. Мас изјавил дека станува збор за „застарен и непотребен закон“. Укинување на законот се случува една година откако канцеларката Ангела Меркел одобри да се поведе постапка против комичарот Јан Бемерман, кој напиша сатирична...

Турција го укина договорот за признавање на македонските дипломи

Турција го поништила договорот со Македонија за меѓусебно признавање на македонските дипломи на сите образовни нивоа, јавува „Алсат М“. Одлуката веќе била објавена во службен весник во Турција, а се однесува на договорот потпишан меѓу двете земји на 6 јули 1998 година, со кој Турција и Македонија воспоставија признавање на дипломите на сите нивоа на средно и на високо...

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...