fbpx

Иванов бара од Европскиот совет да се ангажира и да ја осуди платформата

-

Тиранската платформа е документ кој е ултимативен и уценувачки го суспендира и Договорот од Пржино во кој Европската Унија го вложи сиот свој надворешно-политички кредибилитет, се вели во писмото испратено од претседателот Ѓорге Иванов, до членовите на Европскиот совет, до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до претседателот на САД, Доналд Трамп, и до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

– Тиранската платформа стана услов за формирање влада на Република Македонија. Платформата е постизборен документ, усвоен во туѓа држава, во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Со оваа платформа се загрозуваат сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Реализацијата на платформата подразбира промени во Уставот на Република Македонија, со кои би се загрозил унитарниот карактер на државата. Оваа платформа од Тирана дополнително ја дестабилизира внатрешно-политичката состојба и ги зголемува меѓуетничките тензии во Република Македонија – вели Иванов.

Во писмото испратено во пресрет на состанокот на Европскиот совет, Иванов објаснува дека тој во согласност со Уставот донел одлука да не дава мандат за составување влада на секој оној што преговара за платформи на други држави, со кои се загрозуваат унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста.

Според Иванов, единствениот начин за излез од кризата е осуда и отфрлање на платформата.

– Барам со внимание да ја разгледате вистинската реалност со која сме соочени и да се заложите оваа штетна платформа да биде јавно отфрлена и осудена од Европската Унија и од НАТО, како и од нивните земји членки. Понатаму, очекувам да го осудите флагрантното мешање во внатрешните работи на Република Македонија од страна на два нејзини соседа – аспиранти за полноправно членство во Унијата – вели Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...