fbpx
Таг: Реџеп Таип Ердоган

таг: Реџеп Таип Ердоган

Ердоган на средбата со Џафери го потврдил ставот за употребата на уставното име

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во рамките на официјалната посета на Турција, се сретнал со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Анкара. Ердоган ја нагласил поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, како и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија. „Тој подвлече дека Турција беше една од првите држави што ја призна нашата земја...

Воена база во Македонија побарал Ердоган од Заев, тврди Теодоракис

Лидерот на центристичката, социјално-либерална грчка партија Река, Ставрос Теодоракис, во емисијата „Сега“ на грчки „Скај“ изјави дека „Таип Ердоган му побарал на Зоран Заев да Турција отвори воена база“ како контра услуга за поддршката и помошта што земјата би ѝ ја давала на Македонија, пренесува десничарскиот грчки „Елефтерос типос“. И Грција и Турција се членки на НАТО, но постојано се во судир околу...

Иванов во официјална посета на Турција, ќе се сретне и со Ердоган

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, од денеска престојуваат во официјална посета на Република Турција. Претседателот Иванов, во Анкара, ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со претставници на турскиот државен врв. Во рамките на посетата, Иванов ќе положи венец во Мавзолејот на Кемал Ататурк во Анкара. Иванов ќе одржи...

Ердоган ги предупреди Грција и Кипар за барањето на гас во Средоземно Море

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги предупреди Грција, Кипар и меѓународните организации кои се во потрага по природен гас во Средоземното Море да не „ја преминат линијата“ и да не ги загрозат правата на Турција. Неговото предупредување е во период кога турски воени бродови продолжуваат со блокирање на достава на опрема за дупчење на Кипар кое го изведува италијанска...

Ердоган – Заев: Поддршка за добрососедските политики и за решавање на спорот со Грција

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на денешната средба во Анкара констатирале дека двете земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции како и преку нови иницијативи од страна на Македонија. Ердоган ја поддржал иницијативата на Заев за зголемување на квотите за извоз на телешко и јагнешко месо во Турција и...

Заев: Парите од концесионерот „ТАВ“ ќе бидат вложени во значајни проекти

Премиерот Зоран Заев, во рамките на неговата дводневна посета на Турција, утрово се сретна со претставници на групацијата „ТАВ“, при шти биле утврдени приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје. Парите, соопштуваат од Владата, ќе бидат вложени во значајни проекти за граѓаните. - Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални...

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни...

Заев на 12 февруари во официјална посета на Турција, средби со Ердоган и Јилдерим

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 12 февруари ќе престојува во официјална посета на Република Турција, информира владината прес-служба. За време на посетата премиерот Заев ќе има средби со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со турскиот премиер Бинали Јилдерим, како и со претседателот на турското Собранието, Исмаил Кахраман. По средбата со премиерот Јилдерим, двајцата премиери ќе имаат...

Ердоган: Нема прекин на акцијата против Курдите во Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да ја прекине операцијата против Курдите во Африн на северот на Сирија, што предизвика загриженост помеѓу сојузниците на Анкара. Toj рече дека, операцијата позната како „маслиново гранче“ ќе биде завршена кога ќе биде постигната посакуваната цел. Турција ја обвинува курдската полиција за поврзаност со Курдистанската работничка партија која се смета за терористичка група,...

Ердоган ќе бара поништување на одлуката на Трамп за Ерусалим во ОН

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во ОН да се поништи одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим како израелска престолнина. Ердоган рече дека Турција најпрво ќе побара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тој обид не успее прашањето ќе го покрене пред Генералното собрание на ОН. Лидерите на муслиманските...

Светот да го признае Ерусалим за престолнина на Палестина, порача Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска на вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул ги повика сите земји во светот да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина. - Ерусалим е нашата црвена линија. Израел е окупаторска и терористичка држава - изјави Ердоган на почетокот на самитот посветен на прашањето за Ерусалим. Ердоган, покажувајќи фотографија од палестинско момче...

Ердоган тврди дека е на иста бранова должина со Трамп

Првпат по долго време, лидерите на Турција и на САД беа на иста бранова должина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, коментирајќи го неодамнешниот телефонски разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп. Говорејќи пред пратениците на својата Партија за правда и развој, Ердоган рече дека во следните денови ќе продолжат разговорите со Трамп за прашања како што се курдските борци од Сирија,...

Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да си поднесе оставка доколу опозициската Народно републиканска партија докаже дека тој има сметки во странство, јавуваат турските медиуми. - Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција. Ако не можете да докажете, тогаш...

Ердоган не го прифаќа извинувањето од НАТО

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го отфрли извинувањето од НАТО откако неговото име се појави на листата на непријатели за време на воена вежба во Норвешка. - Вчера видовте однесување полно со непочитување, за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави – изјави...

НАТО му се извини на Ердоган што го постави на листата на непријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му се извини на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, затоа што неговото име се најде на листата на непријатели за време на воена вежба. Ердоган повлече 40 војници од вежбата затоа што неговото име, но и името на Кемал Ататурк, се најдоа помеѓу непријателите и рече дека тоа „не е единство и не...

Ердоган ги повлече турските војници од воена вежба, НАТО се извини

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се извини на Турција откако актуелниот претседател на земјата, Реџеп Таип Ердоган, и првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, беа претставени како „непријатели“ на воена вежба на НАТО во Норвешка. Ердоган, лут поради тоа, ги повлекол 40-те турски војници, по што следуваше извинувањето од Столтенберг. - Се извинувам за навредата што е нанесена. Инцидентите беа...

Заев и Кара разговарале за организирање на посета на Ердоган на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција, Еркал Кара, на која, меѓу другото, било разговарано и за „интензивирање на постапката за организирање на официјална посета на делегација на Владата на Македонија на Турција, како и за посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на нашата земја“. Заев и Кара, според соопштението од владината прес-служба, „посебно внимание посветиле на...

Ердоган тужи член на опозицијата бидејќи го нарекол „фашистички диктатор“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднел тужба против Булент Тезџан, член на опозицијата, бидејќи го нарекол турскиот лидер „фашистички диктатор“, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Тезџан, кој е портпарол на главната турска опозициска Републиканска народна партија, изјавил дека намерата му била да ја прекине атмосферата на страв во Турција. Адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин, изјавил дека е поднесена тужба...

Ердоган нема да го прими американскиот амбасадор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да го прими американскиот амбасадор во заминување во Анкара на проштална средба и ги обвини САД дека направиле проблем поврзан со обостраното суспендирање на издавањето визи. - Турција има долга традиција и сигурно нема да дозволиме нешто такво да се случи. Амбасадорот ја завршува својата мисија и сигурно ниту јас, ниту министерството...

Ердоган вели дека соработката меѓу Анкара и Белград е клучна за Балканот

Турција и Србија се двете клучи земји за Балканот и нивната соработка е од суштинско значење за одржување на мирот, стабилноста и на просперитетот на полуостровот и во Европа, наведува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во авторскиот текст за весникот „Политика“ објавен по повод неговата денешна посета на Белград. „Врските меѓу Турција и Србија се силни и со длабоки корени....

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...