fbpx
Таг: ребаланс

таг: ребаланс

Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието на Република Македонија денеска работат две комисии. Комисијата за финансирање и буџет седми ден расправа за ребалансот на буџетот за 2017 година, а на дневниот ред на нејзината седница е и предлог-закон за дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка. Комисијата за труд и социјална политика, пак, расправа за...

Шесто продолжение на комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година, на шестото продолжение на седницата кое треба да почне во 11 часот. Досега не се поминати ниту десет од 840 предложени амандмани со колку што почна расправата за ребалансот. И пред почетокот на оваа седница, од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека со ребалансот власта предвидува...

Продолжува расправата во собраниската комисија за ребалансот на буџетот

Комисијата за финансирање и за буџет денеска во 11 часот ќе го одржи четвртото продолжение на седницата на која се води расправа за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Основата цел на ребалансот, како што образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките...

За СДСМ актуелниот буџет е нереален, за ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот ќе биде партиски

На денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека тие сметаат дека тој е направен по желбата на СДСМ за да се партизираат институциите, а од СДСМ, пак, посочија дека сметаат дека буџетот за 2017 година е предимензиониран и затоа е потребен ребаланс. Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со ребалансот, буџетот ќе биде неразвоен, бидејќи...

СДСМ: Владата ги намали долговите за 55 милиони евра

Владата предводена од СДСМ, за 55 милиони евра ги намали долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше за луксузирање и за криминално богатење, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот. Во реакцијата на владејачката партија се додава дека ВМРО-ДПМНЕ, 11 години тајно и нетранспарентно ги задолжувала граѓаните, а парите од задолжувањата ги трошела за лускузирање и...

Тевдовски: Целта на ребалансот на буџетот е да се намалат непотребните трошоци

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната расправа за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. - Ребалансот не е нов буџет, туку прилагодување на тековниот буџет. Поради тоа, за реализацијата на неговата основна цел,...

Расправата за ребалансот на буџетот ќе почне со 840 поднесени амандмани

Дури 840 амандмани стигнале до собраниската Комисија за финансирање и буџет, во која денеска ќе почне расправата за ребалансот на буџетот. Најмногу амандмани, 706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, а другите 134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок. Поради ребалансот на буџетот, беше прекината шестата собраниска седница во моментот додека се расправаше за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител...

ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски и СДСМ го блокираат античкиот театар во Скупи

Со ребалансот на буџетот се спречува изградбата на античкиот театар во Скупи, а овој проект важен за граѓаните го блокираат министерот за култура Роберт Алаѓозовски и СДСМ, обвини Владимир Атанасов на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека со ребалансот се укинати над 80 отсто од парите предвидени за овој проект. - За жал на граѓаните, а за волја...

Бочварски: Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошења

Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните и со него, ќе се обезбедат пари за трајно решавање на проблемот на стечајните работници, околу 70.000 граѓани веќе од септември ќе добијат повиска минимална плата од 12.000 денари, ќе се зголемат средствата за подигнување на ученичкиот стандард и повисоки стипендии и школарини, порача потпретседателот на СДСМ,...

Собранието заседаваше до 3.30 часот, продолжува денеска

Маратонската осма седница на Собранието на Република Македонија која траеше до 3.30 часот утрово, ќе продолжи денеска во 13 часот, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа прогласи постојано заседание на парламентот. Попладнето и вечерта минаа без пратениците од владејачкото мнозинство, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си реплицираа едни на други, што, според Џафери е „некоректно и ја забавува...

ЗНМ бара повеќе пари за финансирање на МРТ, ССНМ – подобри услови за новинарите

На јавната консултација со новинарските и со медиумските организации посветена на реформите во медиумите, која ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, ја критикуваше одлуката на Владата во ребалансот на буџетот да обезбеди само 3,2 милиони евра за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ во последните три месеци од 2017...

СДСМ: Со ребалансот парите наменети за луксуз се враќаат кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја манипулираше јавноста со лажни и нереални проекции за економскиот пораст на Македонија, а со ребалансот, Владата предводена од СДСМ покажа дека следните чекори ќе бидат базирани на реална основа, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Проекциите за капитални инвестиции досега се давале од ракав, за да изгледаат убаво и да звучат помпезно,...

Владата го усвои ребалансот на буџетот, се очекува Собранието да го изгласа до Илинден

Влaдата на денешната седница го усвоила ребалансот на државниот буџет за 2017 година, кој ќе биде доставен во Собранието на Република Македонија, кое треба да го изгласа, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Како што рече премиерот, ребалансот е резултат на сеопфатната и детална анализа на Министерството за финансии, а целта, истакна тој, е да се отстранат разликите меѓу она што е...

Ребалансот на буџетот ќе се најде пред пратениците пред летниот одмор

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, информираше дека се работи на подготовки на ребалансот на буџетот, кој пред пратениците ќе биде доставен пред тие да заминат на летен одмор. - Во моментов правиме проценка на обврските со буџетот. Ќе направиме сè што е во наша надлежност да добиеме буџет кој ќе биде прагматичен, имајќи ги предвид обврските што се наталожени со години,...

Миноски: За исплата на субвенциите, чекаме да се објави одлуката на Уставен суд

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска изјави дека буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд на официјалната веб-страница или во „Службен весник“. - Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка, ќе може да...

Манчевски: Град Скопје лани трошеше пари на непродуктивни проекти

Извештајот за извршувањето на буџетот на Град Скопје од минатата година како и сите години претходно, покажува дека главна преокупација на Коце Трајановски му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. - Се трошеше за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради и за други непродуктивни проекти. Коце Трајановски немаше пари за мерки...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за настраданите во поплавите

Пратениците попладнево го изгласаа ребалансот на буџетот за 2016 година. Суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и од другите настрадани села под Скопска Црна Гора. Приходите во буџетот со ребалансот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на...

Ковачевски: Поднесовме амандмани со кои предвидуваме власта да скрати од луксузот

Со амандманите кои ги поднесовме како опозиција, предвидуваме Владата да намали 10 милиони евра од градежни објекти за кои сметаме дека може да бидат изградени во нареден период затоа што сега е неопходно да се обезбедат овие средства за поплавените подрачја, изјави пратеникот Васко Ковачевски на вториот ден од расправата за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет. Според...

Николов: Да се откажевте од 1,2 отсто од расходите, ќе обезбедевте 36,4 милиони евра

Опозицијата има различно видување од власта за тоа од каде треба да се обезбедат 36,4 милиони евра, кои треба да послужат за обесштетување на граѓаните од поплавените подрачја, изјави претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ, на денешната расправа за ребалансот на буџетот. - За да се обезбедат овие 36 милиони евра без да се...

Расправата за ребалансот на буџетот почнува денеска во матичната комисија

Расправата по новиот ребаланс на буџетот за 2016 година почнува денеска во собраниската комисија за финансирање и буџет. Со ребаланост се бараат дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја. Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Приходите остануваат непроменети, на ниво на проекцијата од 174.291...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...