fbpx
Таг: ребаланс

таг: ребаланс

Тевдовски: Наплатата на приходите е одлична, засега нема ребаланс на буџетот

Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека во моментов има одлична наплата на приходите и кога министерството ќе реши да направи ребеланс, јавноста ќе биде запознаена. - Немало година, да не се направи ребаланс, но најголем дел од нив се правени поради слаба наплата на приходите. Ние во моментов имаме одлична наплата на приходи, но секако дека размислуваме како подбро...

Тевдовски: Министерството за финансии не подготвува ребаланс на буџетот

Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека министерството не работи на ребаланс на буџетот, откако портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски соопшти дека платите на шумските полицајци ќе се зголемат за 30 отсто по првиот ребаланс на буџетот. - Кога ќе ги видите приходите кои ги објавивме за почетокот на годината тие се солидни и обезбедуваат адекватен раст, така што во овој...

Министерство за финансии објави граѓански буџет за да биде разбирлив за граѓаните

Министерство за финанасии на нивната веб-страница објави граѓански буџет со цел на неекспертската јавност, на разбирлив начин да и се претстават клучните информации од буџетот на државата, информираат од таму. Тој не претставува замена за деталниот буџет и е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. „Граѓанскиот буџет се базира на податоците од ребалансот на...

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. До сега, откако ВМРО-ДПМНЕ се опозиција, најголем дел од утинските партиски соопштенија се однесуваат на обвинувања за задолжувањето на оваа влада. Иако министерот за финансии, Драган Тевдовски неколку пати кажа дека владата до...

СДСМ: Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните

Со поднесената интерпелација против министерот за финансии, Драган Тевдовски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните и потврдува дека е против транспарентно и отчетно раководење со јавните финансии и буџет во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните и на зајакнување на економијата, се вели во реакцијата на СДСМ. Од владејачката партија велат дека со интерпелацијата, ВМРО-ДПМНЕ е против...

Интерпелација и за Тевдовски оти бил „министер за кратење и за задолжување“

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе поднесат интерпелација за работата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави пратеничката Лилјана Кузмановска. Како главни причина за интерпелацијата се наведуваат „целосно неразвојниот ребаланс на буџетот за значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници...

Утре е последен ден за пленарна седница и за изгласување на ребалансот на буџетот

Пратениците ја завршија денешната расправа за ребалансот на буџетот, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжението на седницата го закажа за утре, со почеток во 11 часот. Утре е последен ден за пленарна расправа и се очекува пратениците да го изгласаат ребалансот на буџетот за 2017 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема...

Горгиева: Новата Влада ќе гради, нема да краде и ќе враќа стари долгови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, на расправата за ребалансот на буџетот во Собранието кажа дека целта е да се задоволат две основни популистички ветувања од страна на СДСМ, а тоа се укинување на радиодифузната такса и обезбедување на средства за минимална плата. За задолжителната минимална плата од 12.000 денари тој рече дека ќе направи дискриминација помеѓу стопанските субјекти и вработените. Цуклев,...

Пратениците и денеска ќе расправаат за ребалансот на буџетот

Пратениците денеска на пленарна седница во Собранието, која ќе почне во 11 часот, четврти ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот. На досегашните расправи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека со овој буџет ќе има ново задолжување, нема да се заврши ниту еден проект и дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Тие исто така сметаат дека со ребалансот нема да...

Расправата за ребалансот на буџетот продолжува утре

По низа реплики и контрареплики на пратеници од власта и од опозицијата, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина 11. седница и го закажа следното продолжение за утре во 11 часот. Дискусијата на денешното продолжение на седницата се сведе на тоа што направила и не направила претходната власт, а што сегашната ветила и треба да оствари. Во репликите предничеше Панчо Минов,...

Тевдовски: Обвинувањата за големи задолжувања се манипулација

На третиот ден на расправата за ребалансот на буџетот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека со овој буџет ќе има ново задолжување, нема да се заврши ниту еден проект и дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, ребалансот на буџетот ги признава успешните политики на претходната влада и здраво поставените економски фундаменти. - На глас...

Трет ден ќе се расправа за ребалансот на буџетот, седницата закажана во 11 часот

Денеска пратениците во Собранието трет ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот, а пленарната седница ќе почне во 11 часот. Опозицијата ја обвинува власта дека со ребалансот на буџетот прави најголеми кратења во образованието и во здравството, дека се кратат капитални инвестиции и дека до крајот на годината не е предвидена реализација на ниту еден проект. Министерот за финансии, Драган Тевдовски,...

Тунтев: Нема да одиме на одмор додека Зврлевски не биде разрешен

Пратеникот и координатор на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска во прес-центарот во Собранието на Република Македонија рече дека пратениците од парламентарното мнозинство се договориле да не одат на годишен одмор сè додека не заврши расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Тунтев најави дека Собранието ќе заседава и претстојниот викенд, за да се изгласа ребалансот и да се премине на...

Пленарната расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи во 11 часот

Собраниската седница за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првата пленарна седница, во вторникот, рече дека основната цел на ребалансот на буџетот е да се зголеми животниот стандард на граѓаните и да се поддржат домашните претпријатија. Тој додаде дека при правењето на ребалансот имале одредени ограничувања, како што се склучување договори за...

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемуваат ставки за договорни услуги, се крати за граѓаните

Владата на СДС спроведе ребаланс на буџет од кој јавноста виде дека ќе се зголемуваат ставки за договорни услуги, ќе се отвора простор за партиски вработувања, но затоа ќе се кратат средства за градинки, пензионерски домови и за дневни центри за згрижување на деца со посебни потреби, изјави на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма...

За Димовски буџетот е неразвоен, за Тунтев – се кратело од тоа што не може да се реализира

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на пленарната расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, истакна дека со измените кои се направени ќе се забави развојот и економијата ќе стагнира. Тој додаде дека има кратење на капиталните инвестиции за 58 милиони евра, а зголемување на проекцијата за задолжување за 148 милиони евра. - Со ребалансот на буџетот предвидени се 23 милиони денари...

Ребалансот на буџетот прв ден на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница ќе расправаат за ребалансот на буџетот за 2017 година. Седницата ќе почне во 10 часот, а освен буџетот, на дневен ред има уште шест точки. Пратениците имаат можност пет дена да расправаат за буџетот, кој се очекува да биде изгласан в недела, на 6 август. Пред почетокот на седницата, на која расправата за...

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот, ВМРО-ДПМНЕ повторно го критикува

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска деветти ден расправа за ребалансот на буџетот, т.е, за предлогот за изменување и за дополнување на буџетот за 2017 година, како и за предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на буџетот за 2017 година, по скратена постапка. Овој текст е во второ читање, односно следниот чекор би бил гласање за него...

Осмо продолжение на комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година, на осмото продолжение на седницата кое треба да почне во 11 часот. Од ВМРО-ДПМНЕ и пред почетокот на оваа седница остануваат на ставот дека со ребалансот на буџетот се крати на капитални инвестиции. „СДС со подготвениот ребаланс на буџетот крати на капитални инвестиции,...

Здружението на јавни обвинители бара да не се кратат пари со ребалансот на буџетот

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители со писмо до претседателот на Собранието на Република Македонија, до генералниот секретар на Собранието и до Владата побара со ребалансот што го предложи Владата да не се кратат првично предвидените пари за Јавното обвинителство на Република Македонија и за примената на Законот за кривична постапка. „Евидентно е проектираното намалување на средствата на Јавното...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...