среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ратификација | 88 резултати

Иванов: Законот за јазиците и ратификацијата се објавени противуставно

јануари 15, 2019

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов во писмено обраќање. Тој вели дека постапката да се објават двата закона е основа за кривично гонење. „Со доставувањето […]

Со 81 глас „за“, изгласани уставните измени

јануари 11, 2019

Со 81 глас „за“ вечерва пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени, односно амандманите 33 до 36, кои се обврска за Македонија според Преспанскиот договор што беше потпишан на 17 јуни минатата година. Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани. Според Уставниот закон кој беше исто така усвоен, овие […]

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

јануари 9, 2019

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија […]

Македонија на седум чекори до столчето во НАТО

јануари 8, 2019

Формално седум чекори, од кои два суштински, ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Процесот, според најавите, би требало да заврши до крајот на годинава. Првиот чекор е усвојување на уставните измени, односно формално спроведување на Преспанскиот договор. Целосното спроведување на договорот „меѓу Скопје и Атина“ е и формален услов во поканата што НАТО […]

Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот Договор

јануари 3, 2019

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа. Тоа, според грчкиот весник „Катимерини“ е наведено во писмо од Столтенберг, порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес. „Според некои назнаки, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испратил писмо во кое Скопје и Атина се повикуваат […]

Хан: На Мицкоски му кажав дека Договорот од Преспа мора да се реализира

ноември 8, 2018

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера на конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Хелсинки се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а по средбата на „Твитер“ напиша дека му нагласил на Мицкоски дека Договорот од Преспа мора да се реализира. Тој рече и дека Мицкоски ветил дека нема да ја попречува постапката во Собранието. „Корисен […]

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

октомври 22, 2018

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на […]

Сценарија околу ратификацијата на Договорот за името во грчкиот парламент

септември 27, 2018

Додека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја завршува посетата на САД, се развиваат различни сценарија дали и колкав број пратеници во ќе гласаат кога Договорот од Преспа ќе дојде на ратификација во грчкиот парламент, јавува допосничката на „Мета“ од Атина. Потпретседателот на партијата Независни Грци, коалицискиот партнер на владата, Панајотис Сигуридис денеска изјави дека пратениците треба […]

Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван

септември 25, 2018

Панос Каменос, лидерот Независни Грци, помалиот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, сè уште стои на ставот дека неговтата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа кога тој ќе дојде во грчкиот парламент. – Договорот нема да биде ратификуван. Ние, владините партнери ќе сториме се што е во наша моќ тој […]

Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа

септември 13, 2018

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. – Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да […]

Коѕијас: Договорот ќе биде ратификуван, Грција го доби името назад

септември 7, 2018

Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, порача министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во интервјуто за грчкото радио „Риал фм“. Тој тврди дека Грција добила многу повеќе отколку нашата земја, која ќе мора да направи крупни промени, но и потоа сè […]

Пендаровски: Полноправно членство во НАТО на почетокот на 2020

август 29, 2018

Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО Алијансата во првиот квартал од 2020 година, рече на прес-конференција националниот координатор Стево Пендаровски. Тој посочи дека пристапните разговори би требало да завршат до крајот на годинава, а потоа ќе се чека ратификација во грчкиот парламент. – Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа […]

За грчката влада крајот на летото ќе биде жежок и со набиена агенда

август 20, 2018

Неочекуваната разврска на кризата со двајцата грчки војници што по пет месеци заробеништво во Турција беа ослободени, нема премногу да ја успокои владата на Грција, која на крајот на летото и на почетокот на есента ја очекуваат многу клучни прашања од надворешната политика. Најважното е секако референдумот во Македонија за Договорот од Преспа, но и […]

СДСМ: Иванов да не се става над Уставот и да не се противставува на волјата на граѓаните

јули 6, 2018

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Македонија, велат од СДСМ како реакција на соопштението од кабинетот на Иванов во кое се вели дека тој нема да го поддржи Договорот со Грција. „Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот […]

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да потпише

јули 5, 2018

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието, откако пратениците вторпат го ратификуваа Договорот со Грција, порача дека станува збор за патриотски чин и договор што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина. Тој рече дека претседателот Ѓорге Иванов е […]

Заев апелира до Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција

јули 5, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелираше денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на […]

Собранието по втор пат го ратификуваше Договорот со Грција, Мухиќ гласаше воздржано

јули 5, 2018

Собранието со 69 гласа „за“, еден „воздржан“ и без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат го изгласа законот за ратификација на Договорот со Грција кој го постигнаа македонската и грчката влада, а на 17 јуни во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕиас. Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, […]

Камбовски: Претседателот е должен да потпишува закони, а не да изнесува ставови

јули 2, 2018

Уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања, порача академик Владо Камбовски, пензиониран професор на Правниот факултет во Скопје, одговарајќи на прашања на новинарите во Охрид, каде учествува во работата на Летната школа по природно право. […]

Седница за пратенички прашања денеска

јули 2, 2018

Собранието денеска ќе одржи седница за пратенички прашања, на која ќе пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите. По правило седницата се одржува секој последен четврток во месецот, но редовниот термин минатата седмица беше поместен за денеска, поради патувањето на премиерот Зоран Заев во Брисел. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска треба […]

Столтенберг: Поканата за влез во НАТО во јули, прием по референдумот

јуни 25, 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправно членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но вели […]

Страна 3 од 5