недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ратификација | 88 резултати

Германија даде зелено светло за влез на државата во НАТО

јуни 7, 2019

Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО. Германија стана 16. држава од 29 земји-членки кои го официјализираа пристапувањето во најголемиот воено-политички сојуз во светот. Владата на Германија изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор. На ратификацијата на членството […]

Во Вашингтон земјава доби ново уверување за поддршка за НАТО

април 4, 2019

За среќа, нашата бројка расте! НАТО обединува 29 нации. Оваа година се подготвуваме за добредојде за триесеттата – Северна Македонија!, порача државниот секретар на САД, Мајк Помпео, поздравувајќи го фактот што минатата седмица до американскиот Сенат е поднесен документот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Македонскиот министер за надворешни […]

Литванија го ратификуваше Протоколот за прием на државата во НАТО

март 14, 2019

Сејмот на Литванија денеска со 108 гласови „за“ и ниту еден против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и со тоа, оваа држава стана осмата членка на НАТО која го ратификуваше протоколот. На пленарната седницата присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери претходно имаше средба со шефот на дипломатијата […]

Џафери во работна посета на Романија и Литванија

март 12, 2019

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Тој ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи утре, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе […]

Џафери во Романија и Литванија на ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО

март 11, 2019

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 12 до 14 март ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, каде ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи на 13 март, а во Литванија на 14 март. Џафери, […]

Во црногорскиот Парламент имаше обид за физички напад, но не кон спикерот Џафери

март 2, 2019

Во веста на косовскиот „Индексонлајн“ за гласањето во црногорскиот Парламент за ратификација на протоколот за примање на Северна Македонија во НАТО, каде присуствуваше и спикерот Талат Џафери, во насловот на текстот се вели дека Србите не може да го поднесат Џафери, и дека пробале да го нападнат физички. Но, во содржината на текстот, освен што […]

Одиме во НАТО по брзата патека (видео)

февруари 12, 2019

Денеска на платото пред владата, на свечена церемонија се крева знамето на НАТО. Иако Македонија, со потпишувањето на пристапниот протокол доби место во Алијансата, постојат повеќе чекори до полноправното членство. Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци. Толку чекале Хрватска и Албанија, чии […]

Словенија денеска ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

февруари 12, 2019

Словенечкиот парламент на вонредна седница ќе го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, информираат од македонското Собрание. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО. „Државниот збор на Република Словенија, денеска ќе има вонредна пленарна седница на која во 10:55 ќе […]

Пред Владата утре свечено подигање на знамето на НАТО

февруари 11, 2019

Со свечена церемонија, утре на платото пред Владата ќе биде подигнато знамето на НАТО. Владината зграда, пак, каде што утрово беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија“, наскоро ќе добие натпис со новото уставно име. „Во вторник  со почеток во 11 часот пред платото на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод подигнување на […]

Грчкиот парламент треба да го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО

февруари 8, 2019

Во грчкиот парламент денеска треба да се одржи гласањето за ратификација на Протоколот за пристап на Македонија во НАТО, откако вчера доби „дозвола“ на Комитетот за надворешна политика и одбрана со мнозински број на гласови. Протоколот беше потпишан во средата во Брисел од постојаните претставници на сите 29-земји членки на НАТО, а со Грција денеска […]

Македонија денеска ја отвора НАТО-страницата од својата историја

февруари 6, 2019

Со потпишувањето на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, земјава денеска ја отвора НАТО-страницата на својата историја. Церемонијата ќе се одвива во седиштето на Северноатлантската алијанса во Брисел, и по неа земјата ќе може да учествува во работата на сите тела на НАТО, но без право на глас. Статусот на полноправна членка земјава под […]

Уште пет формални чекори до столчето во НАТО

јануари 25, 2019

Откако грчкиот парламент со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, сега, од седум останаа пет, помалку или повеќе, формални чекори кои ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Процесот, според најавите, би требало да заврши до крајот на годинава или почетокот на следната. Првиот и вториот чекор, односно […]

Јункер, Могерини и Хан го поздравија ратификувањето на Преспанскиот договор

јануари 25, 2019

Со заедничка изјава, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент. „Со радост го поздравуваме најновиот клучен чекор во ратификацијата на Преспанскиот договор, со денешното гласање во грчкиот парламент. Од самиот почеток Европската […]

Заев: Честитки пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

јануари 25, 2019

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил, по повод ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент. „Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, пишува Заев во честитката. Грчкиот парламент попладнево со 153 […]

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

јануари 25, 2019

Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении. Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа. Од нив 146 биле […]

Во Солун се делат „некролози“ за Македонија

јануари 25, 2019

Малубројни противници на Договорот од Преспа денеска во Солун, пред Министерството за Македонија и Тракија, на минувачите им делеа „некролози“ со името „Македонија“, изразувајќи го на тој начин својот протест против, како што велат „предавството кон грчка Македонија“. „Денеска ја погребуваме Македонија“ стои во текстот, а како потписници се „Мајка Грција, децата Македонки и Македонци“. […]

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

јануари 25, 2019

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност […]

Во грчкиот парламент почнува процесот на ратификација на Договорот од Преспа

јануари 21, 2019

Нацрт-законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа денеска ќе го разгледа Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент. Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да […]

Ќе се гласа за доверба на владата на Ципрас

јануари 16, 2019

Во парламентот на Грција денеска треба да продолжи  седницата на која ќе се гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас. Гласањето би требало да се одржи попладнево. На вчерашното прво продолжение на седницата, имаше тензична атмосфера и жестока дискусија. Гласањето за доверба е на иницијатива на грчкиот премиер, кој се обидува да обезбеди доволно […]

Влада: Иванов ја злоупотреби функцијата за да ја блокира демократијата

јануари 15, 2019

Владата порача дека ја поддржува одлуката Законот за јазиците и Законот за ратификацијата на Преспанскиот договор да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, имајќи го, како што се вели, „предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорге Иванов“. „Донесувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот […]

Страна 2 од 5