Таг: пуч

таг: пуч

Обама: Поддржете ја демократски избраната влада на Ердоган

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика сите страни во Турција да ја поддржат демократски избраната влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган и да избегнат какво било насилство и крвопролевање. Турција има клучна улога во коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава. Американски авиони ја користат воздухопловната база Инџирлик во Турција за мисиите против екстремистите во Сирија и...

МНР: Македонските граѓани во Турција да останат на безбедни локации

Министерството за надворешни работи соопшти дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и со Генералениот конзулат во Истанбул. Од МНР ги известуваат сите македонски граѓани што се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени...

Ердоган: Државниот удар е задушен, останувам со народот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето до јавноста по обидот за државен удар од страна на војската изјави дека одговорните жестоко ќе платат. - Државниот удар е чин на предавство, но и „дар од Бога“ затоа што го организираше малцинство внатре во војската, кое сега ќе се исчисти. Организаторите ќе платат за тоа што го направија без разлика од...

Најмалку 40 загинати и 754 уапсени во обидот за државен удар во Турција

По цела ноќ на експлозии, пукањe и тенкови низ улиците, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска рано наутро објави дека обидот за воен удар е готов и дека владата ја има контролата. Сепак, во Анкара и во Истанбул владее хаос и сè уште се слушаат звуци на пукање и експлозии по обидот на дел од припадниците на турската војската...

Спасовски: Владата создаде услови за пуч во МВР

Владата создаде услови за извршување пуч во МВР, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој истакна дека е оневозможен од страна на Владата да раководи со Министерството, „во овие исклучително тешки моменти за државата“ и да одговара за „последиците од ваквиот свесно креиран хаос во министерството“. - Владата, од неразјаснети за мене причини, не ја испочитува мојата...

Власта се закани со постапка за смена на Јанева, по оцените за нелегитимноста

Изјавата на Катица Јанева дека „од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека претседателот на државата, уставните судии и пратениците во Собранието се нелегитимни“, предизвика жестоки реакции, а денеска се спомнаа и термините „постапка за смена“, „уривање на суверенитетот на државата“ и дека Јанева сторила „едно од најтешките кривични дела“. По вчерашните соопштенија од Собранието...

СЈО се жали против решението да не ги добие доказите од Судот

Специјалното јавно обвинителство денеска преку соопштение информираше дека поднело жалба против решението на Основниот суд Скопје 1 со кое е одбиено барањето на СЈО да му бидат предадени копии на списи и електронски докази. „Во жалбата укажуваме дека со обжаленото решение првенствено е направена суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка (ЗКП), во смисла што решението надвор од главната...

„Пуч“ презакажан за 3 мај, Јанева го обвини судот за опструкција

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно е одложено бидејќи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, смета дека не се исполнети условите за одржување главна расправа од судот. Јанева наведе дека на рочиштата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот „Пуч“. Иако пред новинарите не го кажа сведокот со име и со презиме, јасно е дека станува збор за поранешниот премиер Никола...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле на соработка од страна на судот, кој не им ги доставил предметите, туку побарал обвинителите...

Заев: Не сакам да се отфрли предметот, туку да се открие вистината

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно се одложи бидејќи во судницата не се појави обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, кое пред десетина дена ја презеде надлежноста за овој предмет. Како што соопшти судијката Љубинка Башевска, денеска од Специјалното обвинителство пристигнало известување во кое бараат одложување на рочиштето бидејќи им било потребно повеќе време за разгледување и за проучување на доказите од списите...

Јанева се изјасни: Нејзиниот тим ќе истражува 34 предмети

Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим ќе работат на вкупно 34 предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување, соопштија попладнево од кабинетот на Јанева. Меѓу предметите за кои специјалното обвинителство оценило дека се во негова надлежност е и случајот „Пуч“, кој е во судска процедура и во кој еден од обвинтите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Од предметите...

Јанева денеска треба да соопшти што сè ќе истражува

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да каже кои предмети што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување ќе ги истражува. Денеска е последниот ден од рокот од осум дена во кои Катица Јанева и нејзиниот тим треба да одлучат за кои предмети се надлежни, а за кои не се. Претходно, Јанева и нејзините 12 помошници-обвинители заклучија дека под нивна надлежност се...

Судењето за случајот „Пуч“ презакажано за 21 декември

Судските рочишта во Основниот суд Скопје 1 што на 2 декември беа одложени поради Денот на дрвото, ќе се одржат в сабота, на 12 декември, освен рочиштето за случајот „Пуч“, кое е презакажано за 21 декември, соопштија попладнево од судот. Меѓу судењата што беа откажани поради денот на дрвото беше и рочиштето за случајот „Пуч“. Сепак, како што информираат од судот за „Мета“,...

Предметите за изборните нерегуларности, први на списокот на тимот на Јанева

Првите предмети за кои Специјалното јавно обвинителство утврди дека се под негова надлежност и за кои ќе биде почната предистражна постапка се тие за изборните нерегуларности, соопшти на прес-конференција портпаролката на Катица Јанева, обвинителката Ленче Ристовска. Како што соопшти Ристовска, изминатиот период покрај разгледувањето биле правени и анализи на статистичките податоци за предметите од Јавното обвинителство, како и анализи на...

Обвинителството ѝ ги предаде сите предмети од прислушувањето на Катица Јанева

Со две возила, Јавното обвинителство денеска попладне, околу 15 часот, во Министерството за правда ги донесе материјалите за предметите што ги побара специјалната обвинителка, Катица Јанева. Документите, доказните материјали, кои беа спакувани во дваесетина кутии, Јавното обвинителство ги предаде на последниот ден од истекот на законски предвидениот рок. Предметите се против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков,...

Седницата на Анкетната комисија за прислушување одложена за в понеделник

Седницата на Анкетната комисија за прислушувањето е одложена за в понеделник. Претседателот на комисијата Петре Шилегов, рече дека е постигнат значителен напредок околу ставовите и затоа ќе даде дополнително време членовите целосно да ги усогласат ставовите. - Бидејќи веќе постигнавме некаков напредок во усогласувањето на ставовите, идејата е седницата да се одложи за понеделник, на паузата од пленарната седница и до...

Јанева почна да работи: Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и „Пуч“ први на тапет

Предметите против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и случајот „Пуч“ се првите кои специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги побарала од Јавното обвинителство и за кои ќе почне истрага. Ова го соопштија денеска од кабинетот на...

Рочиштето „Пуч“ одложено за 13 ноември

Судското рочиште за „Пуч“ повторно е одложено, за 13 ноември во 10 часот. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не се појави на рочиштето, но неговиот адвокат Филип Медарски приложи доказ дека тој е на претходно договорен состанок со меѓунареден инвестициски фонд за развој. По завршувањето на рочиштето, адвокатот на Зоран Верушевски, Ангеле Илиевски, рече дека не се знае дали и наредното...

„Пуч“ повторно одложен: Заев ја признава само Катица Јанева

Рочиштето со кое официјално требаше да почне судскиот процес „Пуч“ денеска повторно се одложи, поради тоа што не беше присутен четвртообвинетиот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Адвоктот на одбраната, Филип Медарски, пред судот рече дека причина за денешното отсуство на Зоран Заев, и покрај примената покана, е тоа што според Законот за специјален обвинител, надлежноста за конкретниот предмет треба да...

На Заев му останува пасошот и не мора да се јавува секоја недела на суд

Кривичниот совет на скопскиот Основен суд го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“. Донесена е и одлука да се укине и мерката според која Заев имаше обврска да се јавува во струмичкиот суд секоја недела. Ново рочиште за случајот „Пуч“ е закажано за 5...

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...