fbpx

СЈО се жали против решението да не ги добие доказите од Судот

-

Специјалното јавно обвинителство денеска преку соопштение информираше дека поднело жалба против решението на Основниот суд Скопје 1 со кое е одбиено барањето на СЈО да му бидат предадени копии на списи и електронски докази.

„Во жалбата укажуваме дека со обжаленото решение првенствено е направена суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка (ЗКП), во смисла што решението надвор од главната расправа го донел Судскиот совет, наместо да го донесе совет од три судии, во согласност со членот 25, став 5 од ЗКП. Исто така, укажано е дека од наша страна барани се и докази кои воопшто не се класифицирани, како и докази кои се декласифицирани. И овие докази судот не ни ги доставил, туку во целост го одбил нашето барање, повикувајќи се на обврската за чување класифицирани информации, иако таква обврска за овие докази очигледно не постои. Во жалбата се повикувме и на законските и на подзаконските акти кои ја регулираат материјата за класифицираните информации и тоа Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, во кои, меѓу другото, е предвидена можноста за репродукција и за пренос на класифицираните информации за корисниците на класифицирани информации (јавните обвинители во ова јавно обвинителство кои поседуваат безбедносни сертификати со степен на доверливост државна тајна), кои прописи, доколку судот ги примени, во никој случај нема да ја повреди обврската за чување класифицирани информации“, пишува во соопштението на СЈО.

Жалбата на СЈО доаѓа по одбивањето на Основниот суд Скопје 1 да ги предаде сите докази за случајот „Пуч“ на увид на специјалните јавни обвинители.

Денеска соопштение испратија и од Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење организиран криминал и корупција, во кое се вели дека целокупната документација, со сите списи и докази за случајот „Пуч“ е предадена на СЈО.

Според ОЈО за гонење организиран криминал и корупција разликата што се јавува околу доказите е поради класифицираните материјали за кои нема втор примерок, а единствените се предадени во Основниот суд Скопје 1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...