fbpx

Јанева почна да работи: Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески и „Пуч“ први на тапет

-

Предметите против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и случајот „Пуч“ се првите кои специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги побарала од Јавното обвинителство и за кои ќе почне истрага. Ова го соопштија денеска од кабинетот на Јанева, на нивната официјална фејсбук-страница, во текст полн со стручно-правни формулации, но од кои јасно, според иницијалите, се препознаваат осомничените лица.

Оттаму информираат дека при одлучувањето кои предмети први се побарани од обвинителствата, кои досега постапуваа по нив, предвид била земена итноста на предметите, фазата во која се наоѓаат и нивната обемност.

„Во насока на реализација на планот, до надлежните обвинителства упатени се барања за доставување на предметите. До Oсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.90/15, а оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицето С.М. за кривично дело – примање поткуп од член 357, став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против С.К. за кривично дело – примање поткуп од член 357, став 5 во врска со член 24 од Кривичниот законик и кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 во врска со став 1 во врска со член 24 од Кривичниот законик и Х.Х. за кривично дело – давање поткуп од член 358, став 1 од Кривичниот законик, како и предметот заведен под КО бр.25/15 (познат како „Пуч“).
До Основното јавно обвинителство Скопје поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.770/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН (непознати н.з.) лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – фалсификување исправа од член 378, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и кривично дело – повреда на избирачкото право од член 159, став 2 од Кривичниот законик.
До Основното јавно обвинителство Битола поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр.636/15, против В.Т. и С.Б. за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.
До Основното јавно обвинителство Куманово поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр353/15, оформен по поднесена кривична пријава од физичко лице, против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – неовластено прислушување и тонско снимање чл.151, ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на Специјалното обвинителство.

Како што информираат од обвинителството што ќе ги истражува наводите што произлегуваат од содржината на „бомбите“ што ги објави опозицијата, по добивање на предметите од обвинителствата, првите одлуки специјалното обвинителство очекува да бидат донесени во законски предвидените рокови, „кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите“.

Откако ќе бидат побарани, значи од денеска, обвинителствата имаат рок од осум дена да ѝ ги испратат на Јанева. Специјалното обвинителство потоа, исто така, во рок од осум дена треба да донесе одлука за надлежноста.

„Во планот е утврдена временската рамка во која ќе бидат упатувани барања за доставување на предметите во ова обвинителство, која не надминува 15 дена помеѓу две упатени барања. Планот, воедно, опфаќа и листа на предмети што ќе бидат побарани“, велат од Специјалното обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...