fbpx
Таг: прекин на огнот

таг: прекин на огнот

Жестоки судири меѓу бунтовниците и владините сили во Алепо

Жестоки судири избувнале денеска во сирискиот град Алепо по голема офанзива на бунтовничките групи, јавуваат светските агенции. Офанзивата била поведена од коалицијата на опозициските групи, кои под името Фатах халаб се борат против силите лојални на сирискиот претседател Бараш ал-Асад. Сириската опсерваторија за човекови права, како што пренесуваат агенциите, соопштила дека денешните судири се најжестоки во изминатата година. Засега нема официјални...

Азербејџан: Ерменија го прекрши прекинот на огнот 119 пати

Ерменските сили го прекршиле договорот за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно-Карабах вкупно 119 пати во последните 24 часа, соопшти денеска министерството за одбрана на Азербејџан. Позициите на азербејџанските сили долж границата и во Нагорно-Карабах биле ракетирани, наведува министерството. Судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах повторно избија на 2 април, но министерствата за одбрана на двете земји пред...

Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Азербејџан денеска прогласи едностран прекин на огнот во борбите со силите на Ерменија во регионот на Нагорно-Карабах, кои избувнаа ноќта меѓу петокот и саботата. Како што јавува „Би-би-си“, министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопштило дека нивната одлука е одговор на меѓународните повици за прекин на насилствата. „Азербејџан, покажувајќи знак на добра волја, донесе одлука за едностран прекин...

Обама: Следните денови се клучни за Сирија

Американскиот претседател Барак Обама нагласи дека деновите што доаѓаат се клучни за Сирија, предупредувајќи ги режимот на Башар ал Асад и неговите руски сојузници дека светот будно ќе го следи нивното спроведување на примирјето. - Деновите што доаѓаат ќе бидат клучни, светот ќе гледа – рече Обама на состанокот на неговиот Совет за национална безбедност во Вашингтон, инсистирајќи на одговорност на Дамаск...

Лавров очекува САД да го почитуваат прекинот на огнот во Сирија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изрази надеж дека Вашингтон ќе го одржи својот дел од договореното од прекинот на огнот во Сирија, кој треба да стапи на сила на полноќ. Лавров рече дека не постои алтернативен план од договорот. – Веќе рековме за планот Б – никогаш такво нешто не постоело, ниту ќе постои - изјави Лавров. Во меѓувреме, Русија и САД до...

Кери и Лавров постигнале прелиминарен договор за прекин на огнот во Сирија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска изјави дека со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, успеале да постигнат прелиминарен договор за прекин на огнот во Сирија. Кери, како што пренесуваат агенциите, навел дека со Лавров зборувал утрово и изразил надеж дека претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, ќе остварат разговор во текот на наредните денови...

Светските сили договорија прекин на огнот во Сирија

Водечките светски сили постигнаа договор за прекин на судирите во Сирија и за достава на хуманитарна помош на жителите, јавуваат светските медиуми. Државниот секретар на САД, Џон Кери, на новинарите им соопшти дека состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија резултирал со договорот за прекин на судирите во рок од една недела и за достава на хуманитарна помош. Кери, по маратонските...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...