Азербејџан: Ерменија го прекрши прекинот на огнот 119 пати

Ерменските сили го прекршиле договорот за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно-Карабах вкупно 119 пати во последните 24 часа, соопшти денеска министерството за одбрана на Азербејџан.

Позициите на азербејџанските сили долж границата и во Нагорно-Карабах биле ракетирани, наведува министерството.

Судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах повторно избија на 2 април, но министерствата за одбрана на двете земји пред два дена објавија прекин на огнот во спорниот регион.