петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: правни лица | 20 резултати

Најголем дел од банките за 6 месеци ќе ја одложат отплатата на кредитните обврски

март 31, 2020

Големо мнозинство од македонските банки, вклучително сите големи банки, постигнале усогласеност преку своите понуди да овозможат одлагање на отплатата на кредитните обврски до 6 месеци за кредитокорисниците – физички лица, најдоцна до 30 септември 2020 година. „Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја информира јавноста дека во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката за методологијата за […]

Град Скопје нема да презема мерки за неплатен данок на имот и фирмарина

март 26, 2020

Град Скопје ги демантира дезинформациите во одредени медиуми и ги информира граѓаните дека решенијата за данок на имот и фирмарина кои што сега поштенски пристигнуваат на нивните адреси, биле испратени пред да се случи епидемијата со корона вирусот, но поради новонастанатата состојба, нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници. „Градот Скопје, согласно со одредбите […]

За непочитување на полицискиот час парични казни или затвор до една година

март 22, 2020

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на полицискиот час којшто почнува вечерва ќе значи извршување на кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од членот 206 од Кривичниот законик. „Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува […]

УЈП ја објави новата листа на должници, последна за годинава

декември 11, 2018

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31 август и неплатени до 30 ноемрви по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата објавени се 2.140 должници – правни лица што е помалку за 13 од претходната […]

УЈП ја објави новата листа на должници

јули 12, 2018

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници брoj седум, за долгови доспеани до 31 март и неплатени до 30 јуни по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата на должници објавени се 2.069 правни лица и 1.812 […]

Европска Унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

септември 14, 2017

Европска Унија повторно ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци, до 15 март 2018 година, поради судирите во Украина. Санкциите се однесуваат на руски и на украински поединци и на правни лица. И покрај фактот што неколку членки на ЕУ се противеа за санкциите кон Русија и повикаа на нивно укинување, Брисел и понатаму […]

МЗШВ презема мерки за заштита на шумите од пожари

август 11, 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите, реагираат од Министерството на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека министерот Љупчо Николовски презел низа мерки, меѓу кои и тоа што дал согласност за делумна, а потоа и за целосна забрана за движење во шумите или во одделни […]

УЈП објави нова листа на должници

август 11, 2017

Управата за јавни приходи (УЈП) објави нова листа на должници за долгови доспеани до 31 април и неплатени до 31 јули, на основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојни […]

Царината минатиот месец поднела 10 кривични пријави против 14 лица и пет фирми

април 5, 2017

Царинската управа на Република Македонија, постапувајќи по констатирани неправилности, во март годинава до надлежните јавни обвинителства поднела 10 кривични пријави против 14 физички и пет правни лица. Како што соопштуваат од Царината, пријавите се поднесени за неовластено производство и пуштање во промет на накротични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, за криумчарење, фалсификување пари, фалсификување исправа, царинска […]

УЈП ја објави новата листа на должници

декември 14, 2016

Управата за јавни приходи ја објави најновата 12. листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 4.570 компании и граѓани. Станува збор за субјекти кои должат за данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, продонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На списокот се оние кои имаат долгови доспеани за […]

Во Црна Гора живеат 47 милионери

ноември 2, 2016

Во Црна Гора живеат 47 милионери, додека 206 компании  имаат депозити, односно заштеда поголема од еден милион евра, покажуваат податоците на централната банка на таа земја. На крајот од третиот квартал годинава, вкупната заштеда на физичките лица во Црна Гора изнесува 1,5 милијарди евра, односно 52 проценти, додека депозитите на правните лица изнесуваат 1,4 милијарди евра, […]

Повеќе од 4.000 компании и граѓани на новата листа на должници на УЈП

септември 12, 2016

Повеќе од 4.000 компании, меѓу кои државни и приватни претпријатија, како и граѓани, се најдоа на новата листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) објавена на нејзината веб-страница. Новата листа на должници бр. 08/2016 е за долгови доспеани до 31 мај и непелатени до 31 август врз основа на данок на додадена вредност, данок на […]

Се зголемува бројот на блокирани сметки

април 4, 2016

Бројот на блокирани сметки кај физичките лица во февруари годинава изнесува 77.569, додека кај правните субјекти блокирани се е 44.933 сметки. Во споредба со претходниот месец, бројот на блокирани сметки кај правните лица се зголемил за 329. Бројот на блокирани сметки кај физичките лица во февруари годинава во однос на истиот месец лани, кога изнесувал […]

Се зголемува бројот на блокирани сметки на физички и на правни лица

февруари 10, 2016

Бројот на блокирани сметки на физички и на правни лица во декември 2015 година изнесува 3.817.856. Во однос на претходниот месец, има зголемување за 7.031. Во однос на декември 2014 година, бројот на блокирани сметки е поголем за 95.692.

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани и на правни лица

јануари 11, 2016

Бројот на блокирани сметки во ноември изнесувал 247.562, од кои 69.271 се на правни лица, а 178.231 се на граѓани. Од почетокот на 2015 година до ноември истата година бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за околу 27.000, додека кај правните лица за 3.637 сметки, покажуваат податоците на НБРМ.

Имотен лист ќе може да се вади преку интернет

декември 29, 2015

Катастарот воведе нов дистрибутивен систем, со помош на кој граѓаните и правните лица ќе можат да извадат имотен лист од дома. Имотен лист во електронска форма ќе чини 150 денари, а доколку се порача преку дистрибутивниот систем во хартиена форма, ќе изнесува 183 денари и уште 70 денари за поштенски трошоци. – Дистрибутивниот систем ќе […]

Страна 1 од 1