fbpx
Таг: праски

таг: праски

Русија повторно одобри увоз на праски, сливи и друго овошје од Македонија

Од вчера, во Русија повторно може да се увезуваат различни земјоделски култури од Македонија и Србија, соопшти руското министерство за земјоделство. Одлуката е донесена откако соодветната агенција извршила посета на земјава и на Србија, по што е е дозволен извоз од овие две земји на култури, јави руската новинска агенција „РИА Новости“. Во август минатата година беше наметнато привремено ограничување за...

Николовски: Нема застој во откупот на лубениците и другите земјоделски производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што бил случајот со доматите. Тој потсети дека лани, МЗШВ воведе дополнителна субвенција од два денари за килограм за лубениците и шест денари за килограм праски, дополнителни мерки за пченицата, како...

Утре ќе се исплатат субвенции за овошје и за градинарски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари (227.000 евра) субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници. За овошје ќе се...

Министерот Љупчо Николовски договорил помош од Русија за Фитосанитарната инспекција

Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имал работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов, на кој се разговарало и за експертска помош од страна на Русија за македонската  фитосанитарна инспекција, согласно потпишаниот Меморандум за соработка, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Македонскиот министер на...

ВМРО-ДПМНЕ: Квазимерките на СДСМ не им помагаат на производителите на праски

Производителите на праски се оставени на цедило, а повеќе од 30 отсто од родот веќе е уништен поради недостигот од реакција од ресорното министерство, рече на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој обвини дека родот на производителите на праски од Росоман пропаднал поради неажурноста на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, односно затоа што откуп речиси нема. - Неговите квазимерки се...

Владата ќе им помогне на овоштарите и ќе ги стопира парите за невладините

Владата на вчерашната осма седница донела две одлуки, за помош на производителите на праски кои протестираа против ниските цени на откупот, како и за укинување на одлуката на претходниот состав на владата за доделување пари на невладините организации. „Владата на Република Македонија донесе одлука за дополнителна финансиска поддршка на земјоделците – прозводители на праски со слаб квалитет. Станува збор за финансиска поддршка...

Владата ќе држи седница за поддршка на овоштарите

Владата на Република Македонија денеска од 18 часот ќе ја одржи својата осма седница, на која се очекува да се донесе одлука за поддршка на овоштарите. Поточно, на дневен ред е уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2017 година, за одлуката за интервентен увоз на производ за...

Пемова: Да престане увозот на праски и да се зголемат субвенциите

Доделувањето 6 денари за еден килограм праски предадени кај откупувачите во суштина значи никаква поддршка зашто откуп воопшто нема, а кога нема откуп, тоа значи дека земјоделците не предаваат праски за да добијат дополнителна поддршка, порача на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пратеничката Весна Пемова. Таа реагираше на денешната најава на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој посочи дека се размислува за воведување...

Овоштарите го блокираа патот Градско – Прилеп и се заканија со радикални штрајкови

Овоштарите денеска го блокираа патот Градско - Прилеп еден час поради проблеми со откупот на праските. Во знак на револт, тие гo расфрлаа родот на патот и се заканија со радикализација на штрајкот. Поранешниот заменик-министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски, пред една недела информираше дека родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки...

СДСМ: Тренов да објасни зошто ја попречува исплатата на субвенции

Владата предводена од СДСМ веднаш пристапи кон решавање на проблемите што ВМРО-ДПМНЕ ги остави во земјоделството, порача владејачката партија денеска, реагирајќи на прес-конференцијата на Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ побара Тренов да докаже дека навистина мисли добро за земјоделците така што ќе им овозможи, како државен функционер, да си ги земат субвенциите. „Наместо да држи партиски прес-конференции, директорот на АД...

ВМРО-ДПМНЕ: Поради несериозноста на власта, страдаат земјоделците

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско соопштение денеска ѝ порача на власта дека мора да преземе итни мерки поради проблемот со откупот на праските, за кои откупувачите плаќаат 20 денари за еден килограм. Минатата година, како што велат од опозициската партија, откупната цена била 35 денари, а откупувачите плаќале и по 50 денари за еден килограм праски од прва класа. „СДС ја...

Костадиновски: Родот на праските пропаѓа, земјоделците имаат проблеми со откупот

„Земјоделците се соочуваат со проблем поврзан со откупот на земјоделските производи. Во моментов алармантна е ситуацијата со производителите на праски“, изјави на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека голем дел од родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. - Информациите што ги имаме велат дека се засегнати сите производители на праски кои имаат проблем и со откупот и со цената на...

Праските и кајсиите претрпеа големи штети од студеното време

Студеното време пролетва предизвика штети кај праските и кај кајсиите во Тиквешкиот Регион. На терен, штети се утврдени и кај младите ластари од лозовите насади. Според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, во некои села во овој регион причинети се големи штети, а за земјоделците ќе следи обесштетување. - Анализите на терен ќе ги дадат точните податоци за тоа колкави се навистина штетите. Но,...

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...