fbpx
Таг: Платено политичко рекламирање

таг: Платено политичко рекламирање

ААВМУ ја усвои методологијата за мониторинг на медиумското претставување за претстојните избори

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница усвои три подзаконски акти коишто се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите. Усвоена е Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси, Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година и...

Кај власта има расположение да се укине предизборното рекламирање од државен буџет, но не за овие избори

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за порталот „Призма“ вели дека во владејачката партија СДСМ има расположение во целост да се укинат изборните реклами, за чија изработка политичките партии добиваат финансии од државниот буџет. Манчевски изјави дека сепак промената не може да се направи пред овие избори, затоа што не може да се смени Изборниот...

ЗНМ изработи Прирачник за етичко известување од избори во земјава

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изработи „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ во пресрет на одржувањето на претстојните парламентарни избори во земјава. Автори на прирачникот се Марина Тунева, Младен Чадиковски, Насер Бислими и Емилија Јаневска, додека уредувањето и препораките се на Драган Секуловски. Публикацијата пошироко ги елаборира етичките стандарди и улогата и значењето на медиумите за...

Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите

Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. Независноста на медиумите е...

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат предизборните реклами на партиите...

Двојно повеќе портали се пријавиле за платени изборни реклами од оние во регистерот на ЗНМ (инфографик)

Ќе се „опарат“ ли медиумски анонимуси од претстојните парламентарни избори од платеното политичко рекламирање? Ваквото прашање логично се поставува откако во речиси идентичен временски период беа промовирани два регистри на он-лајн медиуми во земјава со огромна разлика во нивниот број. Регистарот на професионални он-лајн медиуми „Промедиа“ беше промовиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во...

ААВМУ до ДИК: Сите имаат право на термини во медиумите за референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти оти ставот на Државната изборна комисија (ДИК) дека единствено Собранието, како овластен предлагач на референдумот, може да води јавна пропаганда не соодветствува со фактичката ситуација и дека и другите заинтересирани субјекти може да водат пропаганда во времето предвидено за политичко рекламирање. Со слична реакција вчера се огласија и Здружението на новинарите...

ААВМУ: Скандалозни решенија во измените на Изборниот законик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осудува усвоените измени во Изборниот Законик кои беа донесени вчера во Собранието, по скратена постапка. Смета дека некои од решенијата се скандалозни. Првата забелешка е на промената со која платеното политичко рекламирање, кое досега партиите и кандидатите го плаќаа од свој џеб, сега се префрла на товар на државниот буџет, а...

Од недела на полноќ ќе биде забрането платеното политичко рекламирање

Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали), соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Забраната произлегува од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи сè до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат...

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...