Амбасадорот Пломп учествуваше во еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар
14 октомври 2016
Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп и вработените и раководството на „Пивара Скопје“ и на компанијата „Пакомак“, исчистија повеќе од три километри од кејот на реката Вардар во Скопје. – Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап на државните институции, бизнис-секторот […]