fbpx
Таг: патарини

таг: патарини

Моторџиите од 10 февруари ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина

Јавното претпријатие за државни патишта од 10 февруари ќе започне со ефективна примена на новите цени за патарина за моторџиите. Мотоциклите со две тркала лани беа вклучени во посебна категорија на возила - категорија 1 А, со што тие ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите. Надоместокот за употреба на пат за мотоциклите ќе...

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира системот за воведување на...

Рекордни 44,3 милиони евра од патарини во 2019 година (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра, односно за околу 9,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Наплатните станици во последниот квартал од 2019 година оствариле приход од над 10,1 милиони евра, додека најмногу средства биле...

Рекордни 13,7 милиони евра прибрани од патарините во јули, август и септември

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе ја заврши со рекорден приход прибран од патарините. Во периодот јули - септември 2019 година од овој надоместок се инкасирани 13,7 милиони евра во буџетот на ова претпријатие, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година. За првите девет месеци од годинава, македонските патарини донеле вкупен приход...

Продадени над 11.600 картички и тагови за патарина, наскоро и пост – пејд плаќање

За период од четири месеци, возачите набавиле 11.615 М - карт и М - таг електронски уреди за плаќање патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека за еден месец треба да завршат консултациите со банките, по што ќе биде пуштено во функција и пост - пејд електронското плаќање на патарина. Во септември и октомври годинава биле...

Со 13,7 милиони евра ќе се воведува електронската наплата и на патарините на Коридорот 8

Со 13,7 милиони евра во следните 12 месеци ќе се градат три нови патарини на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, ќе се воведе и унифицира електронскиот систем за наплата на патарините на Коридорот 8 и ќе се инсталираат фотоволтаични соларни панели на сите наплатни станици во земјава.  Денеска се потпиша договорот за финансирање со ЕБОР, со кој...

Кешот уште царува на патарините – одвај 5,6 отсто од приходите се електронска наплата

Електронскиот систем за наплата на патарините засега ѝ носи скромни приходи на државата. Уделот на новиот начин на наплата во вкупните приходи од патарина во изминатово лето изнесувал околу 5,6 отсто. Од продажбата на електронските уреди за плаќање на патарина и од надополнувањето на овие уреди во јули и август биле инкасирани околу 528.000 евра. Наспроти ова, вкупните приходи...

Летово низ патарините минале 13,8 милиони возила – 740.000 повеќе од лани

На македонските патарини летово поминале над 13,8 милиони возила или за над 740.000 возила повеќе од лани, не вклучувајќи ги оние граѓани што го користеле електронскиот систем на наплата. Јавното претпријатие за државни патишта во текот на јуни, јули и август годинава од патарините остварило вкупни приходи од над 13,6 милиони евра, односно за над 660.000 евра повеќе во...

Од патарина во првото полугодие собрани над 18,2 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта остварило раст на наплатата на патарина во првите шест месеци од годинава. Од овој надоместок се инкасирани над 18,2 милиони евра, што претставува зголемување од 3,6 отсто во споредба со првото полугодие од 2018 година. Ова јавно претпријатие од патарини планира да собере над 44,6 милиони евра во текот на 2019 година, се наведува...

Автомобилите од денеска на патарината кај Гевгелија плаќаат по 100 денари

Јавното претпријатие за државни патишта од утрово ја стави во функција новата патарина на автопатот на Коридорот 10 кај Гевгелија. Возачите на автомобили во иднина ќе плаќаат по 100 денари во еден правец за патарина на оваа наплатна рампа, што претставува надоместок за користење на новиот автопат Демир Капија - Смоквица. Според ценовникот на ЈП за државни патишта, моторите на...

Одличен старт на електронските патарини – за јули и август продадени 6.830 уреди за наплата

За само еден месец остварен е промет од 14.126.731 денари, извршени се 7.675 надополнувања од возачите кои плаќаат патарина со картичка или таг, што претставува 5,8 отсто од вкупната наплата на патарина што е остварена во јули. Од Јавното претпријатие за државни патишта сметаат дека тоа е одличен старт на електронската наплата на македонските патарини и е задоволни од...

Милион евра оставиле Македонците за вињети за бугарските патишта

Македонските граѓани купиле 85.000 електронски вињети за користење на бугарските патишта во периодот од 1 јануари до 13 август годинава. Бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова вчера од Скопје ги пофали возачите со македонски регистарски таблички дека се едни од најревносните плаќачи на надоместокот за патишта, од кои бугарската држава овие месеци инкасирала над 1 милиони...

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10. - Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе од задоволни, со образложение дека...

Патарините во Србија од денеска поскапи за 12 отсто

Јавното претпријатие „Путеви Србије“ соопшти дека патарините во Србија од денеска ќе поскапат за 12 отсто. Како што се наведува во објавеното соопштение, возачите на автомобили во иднина ќе треба да одвојат 1.500 динари (775 денари) за патување во еден правец меѓу Прешево и Белград или 600 динари (310 денари) за релацијата Прешево - Ниш. Возачите кои од нашата земја...

За 2 недели продадени 3.600 смарт картички и тагови за плаќање патарина

Расте интересот на македонските возачи за новиот електронски систем за наплата на патарина. Во изминативе 2 недели се продадени речиси 3.600 бесконтактни смарт - картички и тагови, информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Тој очекува да продолжи зголемувањето на бројката на продадени уреди за плаќање. Уште поголем раст се очекува по воведувањето на...

Продадени 1.400 тагови и картички за електронската наплата на патарините

Македонските возачи купиле околу 1.400 тагови и картички за електронска наплата на патарините во првата недела по официјалниот старт на овој проект. Околу 40 отсто од продадените уреди се микробрановите транспондери (тагови) што чинат 1.200 денари, додека останатите 60 отсто се бесконтактните смарт - картички што можат да се набават за 100 денари. На патарините долж Коридорот 10 веќе...

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

video
И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО - ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот мора да се зголеми...

Од денеска почна електронската наплата на патарините на Коридорот 10

Контролниот центар за мониторирање и безбедност на патиштата беше отворен денеска кај наплатниот пункт „Петровец“, со што стартуваше и електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец. Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспондери, а покрај тие опции, одреден временски период останува и можноста за...

Од среда патарината и официјално ќе може да се плаќа и електронски

Од Јавното претпријатие за државни патишта, денеска објаснија дека електронската наплата на патарина официјално би требало да стартува в среда. Директорот Зоран Китанов, на 13 јуни изјави дека на автопатот долж Коридорот 10 веќе во јуни ќе може да се плаќа патарина со електронска картичка или таг. - Системот би требало официјално да проработи в среда - објаснија денеска од...

Новата наплатна рампа кај Гевгелија ги разгневи жителите на околните села

Локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараат да бидат ослободени од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која треба да се пушти во употреба наредниве денови. Жителите кои секојдневно патуваат по автопатот до Гевгелија и назад сметаат дека патарината во износ од 100 денари во еден правец ќе претставува голем финансиски товар за нив, а во...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...