fbpx

За 2 недели продадени 3.600 смарт картички и тагови за плаќање патарина

-

Расте интересот на македонските возачи за новиот електронски систем за наплата на патарина. Во изминативе 2 недели се продадени речиси 3.600 бесконтактни смарт – картички и тагови, информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Тој очекува да продолжи зголемувањето на бројката на продадени уреди за плаќање. Уште поголем раст се очекува по воведувањето на пост – пејд начинот на плаќање патарина, кој треба да се воведе во наредниот период и за кој најголем интерес има кај поголемите транспортни компании.

Со електронската наплата на патарина граѓаните добиваат неколку поволности. ЈП за државни патишта веќе ослободи посебна лента на сите патарини долж Коридорот 10, на која побрзо и поедноставно минуваат возачите што имаат електронски картички или микробранови трансподери. За секое надополнување на електронските уреди се добива попуст за патарина од 2 до 7 отсто. Притоа, граѓаните преку веб – апликација можат самите да си ја надополнат својата сметка преку телефон, без притоа да одат на патарина.

Новина со електронската наплата е и можноста за издавање на билет за ненаплатена патарина за оние возачи што не сакаат или не се во можност да платат патарина. Ваквиот билет се издава на наплатните рампи долж Коридорот 10, а треба да се плати во рок од 24 часа на патарините каде се врши продажба и надополнување на електронските уреди или на веб – страницата https://etc.roads.org.mk.

Картичките за електронско плаќање патарина чинат 100 денари, додека таговите можат да се набават по цена од 1.200 денари. Тие можат да се купат на наплатните станици долж Коридорот 10 или во Контролниот центар на ЈП за државни патишта во Петровец. Електронската наплата на патарините на Коридорот 10 стартуваше на 3 јули годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...