fbpx

Одличен старт на електронските патарини – за јули и август продадени 6.830 уреди за наплата

За само еден месец остварен е промет од 14.126.731 денари, извршени се 7.675 надополнувања од возачите кои плаќаат патарина со картичка или таг, што претставува 5,8 отсто од вкупната наплата на патарина што е остварена во јули

-

За само еден месец остварен е промет од 14.126.731 денари, извршени се 7.675 надополнувања од возачите кои плаќаат патарина со картичка или таг, што претставува 5,8 отсто од вкупната наплата на патарина што е остварена во јули. Од Јавното претпријатие за државни патишта сметаат дека тоа е одличен старт на електронската наплата на македонските патарини и е задоволни од одзивот на возачите во изминатиов период, особено поради фактот што плаќањето со картичка и таг е воведено само на патарините долж Коридорот 10.

Само во јули се продадени 5.194 уреди за електронска наплата на патарина, а од нивната продажба се инкасирани 2.526.900 денари. Трендот на зголемување на бројката на продадени МСмарт картички и МТагови продолжил и во август, при што од воведувањето на електронската наплата на 3 јули до 15 август се продадени вкупно 6.830 електронски уреди.


Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ велат дека надополнувањето на електронските уреди може да се направи на Интернет преку нивниот веб портал, но и на самите наплатни рампи.

– Самиот процес на надополнување не одзема време, и доколку се прави на наплатна станица не трае повеќе од обично плаќање на билет за патарина со платежна безготовинска картичка – посочуваат од ЈП за државни патишта.

Штом се заврши процесот на надополнување на електронскиот уред, сумата која е надополнета при успешна трансакција, веднаш се појавува на салдото на електронскиот уред, што значи дека возачите можат веднаш да платат патарина со него.

За подобрување на услугата во наредниот период, од ЈП за државни патишта планираат да изготват графичка обработка на прегледите на транзит листата овозможена преку нивниот веб портал, да се воведе прикажување на регистарски таблички на уреди за кои корисниците побарале да се направи поврзување со соодветен електронски уред, како и изготвување на потврда за извршена уплата за надополнување на средства преку веб порталот со безготовински платежни картички и пост пејд.

Картичките за електронско плаќање патарина чинат 100 денари, додека таговите можат да се набават по цена од 1.200 денари. Тие можат да се купат на наплатните станици долж Коридорот 10 или во Контролниот центар на ЈП за државни патишта во Петровец.

Електронската наплата на патарините на Коридорот 10 стартуваше на 3 јули годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...