fbpx

Патарините во Србија од денеска поскапи за 12 отсто

Возачите на автомобили во иднина ќе треба да одвојат 1.500 динари (775 денари) за патување во еден правец измеѓу Прешево и Белград или 600 динари (310 денари) за релацијата Прешево - Ниш

-

Јавното претпријатие „Путеви Србије“ соопшти дека патарините во Србија од денеска ќе поскапат за 12 отсто. Како што се наведува во објавеното соопштение, возачите на автомобили во иднина ќе треба да одвојат 1.500 динари (775 денари) за патување во еден правец меѓу Прешево и Белград или 600 динари (310 денари) за релацијата Прешево – Ниш.

Возачите кои од нашата земја ќе патуваат низ Србија, во правец кон Унгарија, за еден правец ќе треба да издвојат 2.130 динари (1.100 денари) за патарина. Овој надоместок за граѓаните што планираат со својот автомобил да патуваат кон Хрватска ќе чини 1.910 динари (987 денари), и тоа за сите наплатни рампи на автопатот од Прешево до Шид.

Српската влада уште на почетокот на јуни ја донесе одлуката за поскапување на патарините во оваа земја. Најновото зголемување на овој надоместок за 12 отсто е второ поскапување на патарините во Србија во изминативе две години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...