fbpx
Таг: парламент

таг: парламент

Ердоган повика на воведување смртна казна во Турција по референдумот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека очекува во Турција да биде воведена смртна казна по референдумот за уставните измени, закажан за 16 април, пренесува ХРТ. Ердоган нагласил дека „без двоумење“ ќе потпише нацрт-закон за воведување смртна казна, веднаш по неговото прифаќање од страна на парламентот. „Семејствата на мачениците, семејствата на нашите јунаци не треба да се грижат. Верувам,...

Партијата на Руте освои најмногу пратенички места на изборите во Холандија

Либералната партија на премиерот Марк Руте освоила најмногу места на парламентарните избори што денеска се одржаа во Холандија, јавуваат светските медиуми. Крајно десничарската партија на Герт Вилдерс е на второ место по број на освоени гласови, покажуваат анкетите по излегувањето на избирачите. Според анкетите, партијата на Руте освоила 31 од 150 места во парламентот, а партијата на Вилдерс би требало да...

Заев на средба зо Јазбец: Oчекувам да биде избран новиот претседател на Собранието

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец, при што разговарале за процесот за формирање нова влада во Македонија. Заев го информирал амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и на Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата. - Ја...

ДС предлага на референдум да се одлучува за прашања од национален интерес

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска влада од партиите што имаат парламентарно мнозинство, велат од партијата. Според ДС, четирите елементи што ја карактеризираат државата (народ, јазик, теториторија и суверено владеење со територијата), со ништо не се загрозени однатре, ниту, пак, постои надворешна закана по нив, а за промена на...

Хелбах: Иванов да биде мудар и да овозможи брзо формирање влада

Специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристијан Хелбах, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети. Хелбах рече дека ставот на Германија...

Могерини им порача на српските радикали: Чувајте си ги грлата за изборите

Сакаме мирна предизборна кампања, истакна шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, во обраќањето во српскиот парламент, додека пратениците на Српската радикална странка цело време извикуваа „Србија, Русија, не ни треба Унија“, а пратениците на Двери држеа пораки дека Србија не му верува на Брисел. Могерини на пратениците на СНС им порача дека нема да ја попречи нивното викање, дека ќе...

Турскиот парламент ги одобри уставните реформи за зголемување на власта на Ердоган

Турскиот парламент ги одобри измените на уставот на земјата што предвидуваат зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштил парламентот. Со ова, како што јавуваат светските агенции, е отворен патот за одржување на референдум во Турција на кој граѓаните на земјата ќе треба да се изјаснат за промените, кои на Ердоган, покрај поголеми овластувања, ќе му овозможат да остане претседател...

Тепачка во турскиот парламент

Во турскиот парламент, за време на расправата за новите овластувања на претседателот, изби тепачка. Пратеничката Фатма Каплан од владејачката Партија на правдата и развојот, сакала да го сними гласањето со својот мобилен телефон. На пратениците од опозициските партии тоа не им се допадна, па прво се туркаа, а потоа и се степаа со своите колеги. https://twitter.com/efekerem/status/819348058936897536 Новите уставни промени ги прошируваат овластувањата...

Турскиот парламент расправа за зголемување на извршната власт на Ердоган

Турскиот парламент денеска почна расправа за предложените уставни амандмани со кои би требало да се зголеми извршната власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Предложените уставни измени, исто така, треба да му овозможат да Ердоган уште двапати да се кандидира за претседател на државата. Според очекувањата, расправата во парламентот би требало да потрае две недели, а реформите мора да поминат два круга на...

Заев очекува до крајот на неделата да се конституира парламентот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски. На средбата било разговарано за текот на изборниот процес и за очекувањата за понатамошен демократски развој на Македонија. Заев го информирал амбасадорот дека очекува до крајот на неделата да се конституира парламентот и да се отворат демократските процеси што, според него, граѓаните ги побараа на неодамнешните избори.

Долниот дом на францускиот парламент изгласа продолжување на вонредната состојба

Долниот дом на францускиот парламент рано утринава изгласа да се продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули следната година. Францускиот премиер Бернар Казенев на 10 декември предложи продолжување на вонредната состојба. Горниот дом на францускиот парламент во текот на денот ќе ја разгледува оваа регулатива. Аналитичарите оценуваат дека политичките партии со ова сакаат да кажат дека безбедносната ситуација е под контрола,...

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера

Гласањето во шестата изборна единица се одвива во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места се навреме отворени. Излезноста, како што велат од избирачките одбори, во утринските часови е мала. - Излезноста засега е мала, најверојатно поради студеното време, но очекуваме во текот на денот одзивот на гласачите да се зголемува - велат од избирачките одбори од Општина Тетово. Граѓаните се...

Албанија не е обврзана да увезува отпад, порача Европската комисија

Европската комисија денеска соопшти дека Албанија нема обврска да дозволи увоз на отпад, без разлика што законот за увоз на отпад е во согласност со легислативата на Европската Унија. Како што јавува дописникот на „Мета“ од Тирана, Директоратот за животна средина при Европската комисија вели дека албанскиот закон за увоз на отпад за рециклирање е во согласност со европското право,...

Изјава на амбасадорите од ЕУ: Изборите се можност за нов почеток на Македонија

Изборите на 11 декември се можност земјата да направи нов почеток, да се обедини околу своите стратешки цели и да се врати на патот кон европската интеграција, се вели во заедничката изјава на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Скопје. „Ги охрабруваме политичките лидери, нивните партии и релевантните засегнати страни, преку изборниот процес да ја покажат својата посветеност...

Бугарскиот парламент ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов

Бугарскиот парламент, со 218 гласа „за“ и двајца воздржани пратеници, денеска ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов. На 14 ноември, Борисов до народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата влада, поради победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, Румен Радев, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП). Од утре ќе почнат консултациите за состав на новата влада која треба да ја...

Унгарскиот парламент не го усвои антимигрантскиот амандман

Унгарскиот парламент не го усвои уставниот амандман кој предвидуваше забрана за населување на странска популација во земјата, откако предлогот не го доби неопходното двотретинско мнозинство. Предложениот амандман на уставот, како што јавуваат медиумите, добил поддршка од 131 пратеник, од вкупно 199 народни избраници во унгарскиот парламент. Тоа претставува 65,8 отсто од вкупниот број пратеници, но е под неопходното двотретинско мнозинство....

Албанија изгласа пакет закони клучни за почеток на преговори со ЕУ

Албанскиот парламент го одобри пакетот закони со кои се отвори патот за спроведување судски реформи кои се клучни за почетокот на преговорите за влез на Албанија во Европската Унија. Законите беа усвоите без опозицијата, која го бојкотираше гласањето. Реформите во судството едногласно беа одобрени во јули и се во насока на искоренување на поткупот, а треба да обезбедат и политичка независност на...

Уставните промени за поголема власт на Ердоган одат во турскиот парламент

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека владејачката Партија на правдата и развојот завршила со работата на уставните предлог-промени со кои во државата треба да биде воведена извршна претседателска власт, јавуваат светските агенции. Јилдирим во говор на затворањето на дводневната партиска конференција во западната покраина Афјон рекол дека партијата е подготвена предлог-законите да ги поднесе во парламентот. Според критичарите, со новите...

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 11 декември

Со 110 гласа „за“ и ниту еден „против“, пратениците одлучија да се распушти Собранието на Република Македонија за на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Пред одлуката, пратениците и од власта и од опозицијата образложија зошто Собранието треба да се распушти. За Рената Десковска од СДСМ, дошло време да се стави крај на владеењето на криминалната власт. - Изминатите 10 години...

Падна владата на Кувајт, распуштен парламентот

Владата на Кувајт поднесе оставка, а парламентот е распуштен поради „недостиг од соработка“, со што се креираат услови за предвремени избори. Ова го пренесоа кувајтските медиуми, по итниот состанок на владата. Во Кувајт, кој е голем произведувач на нафта и е сојузник на САД, последните парламентари избори беа одржани во 2013 година, а одредени исламистички и опозициски групи ги бојкотираa. Кувајт пред изборите во...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...