fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Македонија на 10 место во светот во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019

Светска банка, во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019 година, ја рангира Македонија на високото 10 место во светот, односно на петто место во Европа според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји, информираат од Министерството за финансии. Во однос на претходната година, позицијата на Македонија е подобрена за едно место. Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека за...

И со зголемен буџет, на АРМ ќе и треба најмалку една деценија да се доопреми

На АРМ ќе и требаат најмалку четири години за со најавените буџети, кои ќе се зголемуваат, да го купи само минималниот неопходен број на оклопни транспортери, а најмалку една деценија за да ја купи сета потребна опрема, покажуваат пресметките направени врз основа на постоечката формација на АРМ и проекциите на Министерството за финансии во Фискалната стратегија за 2019-2021 година. Владата...

Димитров и Палмер разговарале за новите политички случувања

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во македонското МНР се сретна заменик- помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Македонија. На средбата се разговарало за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Македонија и во регионот. Се зборувало за преговорите со НАТО, како и за...

Преговорите со НАТО за Македонија се речиси рутински – се подготвуваме веќе 19 години

Пристапните разговори за членство во НАТО, кои вчера почнаа во Брисел, за Македонија се речиси рутински, едногласни се и домашните и претставниците на Алијансата, особено затоа што земјата веќе 19 гoдини и формално се подготвува за членство. Македонија во 1999 година го почна Акцискиот план за членство (Membership Action Plan), процес кој преку годишни програми на реформи треба да ја...

Со ребалансот се намалуваат буџетските средства за интеграција во НАТО

Владата со ребалансот на буџетот за 2018 година планира намалување на паричните расходи во Министерството за одбрана планирани за интеграција во НАТО. Со буџетот за 2018 година во расходниот дел кај Министерството за одбрана за ставката унапредување на безбедноста и одбраната односно интеграција во НАТО беа предвидени 935.000.000 денари, а со ребалансот оваа ставка се намалува на 855.000.000 денари. Забележително...

Пендаровски: Преговорите со НАТО ќе бидат рутински, подготвени сме за овој момент

По повод стартот на завршната фаза од преговарачкиот процес со НАТО за членство во Алијансата, кој започна денеска во Брисел, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски рече дека процесот ќе биде рутински, бидејќи во министерствата имаме способни луѓе кои си ја знаат својата работа. „Имавме две сесии претпладне и две попладне, и така и во текот на утрешниот ден. Поминавме...

Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НАТО

Собранието ја има историската можност и историската одговорност да ја отвори вратата на Македонија за членство во НАТО, вели во интервју за МИА вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која го предводи македонскиот тим кој денеска и утре во Бисел официјално ги почнува пристапните преговори за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса. – Доколку се обезбеди двотретинското мнозинство Македонија...

Мисовски: ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат несогласувањата и да ги гласаат уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат внатрешните несогласувања и да не го спречуваат ЕУ-интегративниот процес, порача потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Тој ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени. -Не сакам да поверувам дека пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција,...

Бошњаковски: Владата очекува да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција поврзана со одлуките од синоќешната 93. владина седница ги повтори очекувањата на Владата за постигнување двотретинско мнозинство за уставните измени, за што денеска, собраниската Комисија за уставни прашања, треба да ја отпочне расправата по предлогот за потребата од уставни измени поднесен од Владата. Тој најави дека воведно обраќање на Комисијата ќе има...

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“. „Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да...

Герберих: Владата и опозицијата да ја спроведат волјата на населението за излез од чекалната на ЕУ и НАТО

Со преку 91 отсто од гласовите „за“, гласачите во Македонија јасно гласаа за европскиот пат и за понатамошната ЕУ и НАТО перспектива на својата земја. Иако, за жал, само 37 проценти од официјалната бројка на гласачи учествуваа на референдумот и со тоа не се постигна официјалниот кворум, рече германскиот амбасадор Томас Герберих по повод Денот на националното единство. - Но,...

Заев апелираше до пратениците за историска можност да го обезбедат патот кон ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев апелираше до пратениците дека имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. - Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор - напиша Заев на неговиот фејсбук-профил...

Столтенберг во Белград: НАТО ќе ја прими Македонија штом го примени договорот со Грција

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повтори дека примената на договорот со името со Грција е единствениот пат до членство на Македонија во НАТО и дека не постои друг начин, ниту план Б за прием на земјата во воената алијанса. - НАТО е подготвена да ја прифати Македонија како 30 членка многу брзо по спроведувањето на договорот за името,...

ДУИ: Не е време за предвремени избори

Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот, заклучи синоќа централното претседателство на ДУИ, информираа од партијата. - Инцијалната порака од ДУИ до сите политички партии и сите граѓани во Македонија е дека се наоѓаме во историски момент кога е потребно единство и меѓуетничко, но и уште...

Захарова: Западните земји по секоја цена сакаат да ја внесат Македонија во НАТО

Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва. Како што пренесува ТАСС, Захарова изјавила дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“. Позицијата на Русија,...

ЦДУ/ЦСУ: Опозицијата да не блокира зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

Со над 91 процент од гласовите „за“, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во ЕУ и НАТО, порача заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул. Владејачката германска ЦДУ/ЦСУ смета дека опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ. Предупредуваат дека...

Борисов: Давањето совети не е дипломатски, ги поддржуваме соседите на патот кон ЕУ

Секоја нација ја одредува сопствената судбина и можеме само да кажеме дека ги поддржуваме нашите соседи на патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи сме во ова семејство, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за референдумот во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. „Оттаму, според мене, давањето совети или разбирање не е правилно, дипломатски, ниту чесно. Ние треба да ги оставиме...

Македонија може да стане членка во 2019 само со одобрување на Договорот, вели Столтенберг

Преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари и на почетокот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во Поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори –...

Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа, Македонија остана непоразена

На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. – Пораката од народот е испратена...

Шекеринска-Османи: Институциите имаат легитимитет за имплементација на Договорот од Преспа

Со мнозински изразената волја за европска Македонија пратениците во Македонија немаат друга опција освен да ги следат гласовите на мнозинството со цел државата да го забрза членството во НАТО и ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. - Ова е време кога на Македонија и потребно заедништво. Од една страна е...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...