fbpx
Таг: мигранти

таг: мигранти

Ќе нема референдуми за мигрантите на денот на локалните избори

Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините против населување мигранти на денот кога се закажани и локалните избори - 15 октомври. Ова денеска на прес-конференција го соопшти државниот инспектор за локална самоуправа, Рахим Муслиу, кој додаде дека ќе поведе и постапка пред Уставниот суд за утвдување на законитоста на иницијативите...

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не подлегнува на притисоците на СДСМ

Државната изборна комисија (ДИК) не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДСМ и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдуми за мигрантите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во спротивно, додаваат од партијата, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и сите членови кои ќе гласаат против спроведувањето на референдумите ќе одговараат кривично. - СДС ги контролира сите државни апарати и се...

И во Карпош ќе има референдум за населувањето мигранти

Советот на Општина Карпош денеска на 73. седница едногласно ја прифати предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво, на кој жителите на општината ќе се изјаснат во врска со населувањето мигранти на територија на Општина Карпош. Во согласност со одлуката, локалниот референдум ќе го спроведе Општинската изборна комисија на Карпош и општинските избирачки одбори. Советниците, исто така, утврдиле дека...

Советот на Општина Битола референдумот за мигрантите го закажа за 15 октомври

Со 15 гласа „за“ и со 9 „против“, Советот на Општина Битола денеска ја изгласа одлуката за распишување референдум на кој битолчани ќе го искажат својот став околу нацрт-стратегијата за мигранти. Жестока дебата се отвори за датумот на одржување на референдумот. Опозицијата имаше предлог референдумот да се одржи на 1 октомври, меѓутоа владејачкото мнозинство во битолскиот совет не го прифати предлогот...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со становите за бегалци поради страв од пораз на изборите

Референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за одвлекување на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање при неговата посета во Велес. - Македонија не е толку добра земја за бегалците да останат овде. Дај боже да е добра...

Спасени 300 мигранти кај Либија

Либиската крајбрежна стража спасила повеќе од 300 мигранти во море, западно од Триполи, соопшти портпаролот на либиската морнарица. Крајбрежната стража утринава спасила 140 илегални мигранти западно од Триполи и уште една група од 164 мигранти во близината на Сабрата, меѓу кои имало седум жени и шест деца, рече портпаролот. Како што соопшти тој, мигрантите се од Подсахарска Африка, Египет, Мароко и...

Германија и Египет постигнаа договор за намалување на приливот на мигранти

Германија и Египет постигнаа договор за намалување на приливот на мигранти од таа северноафриканска земја. Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека Египет според новиот договор ќе добие дополнителни средства за програми кои имаат за цел на луѓето да им помогнат да пронајдат подобро вработување, како и за школување на Египќани во Германија. Германија исто така на Египет ќе му...

Мини самит во Париз за мигрантската криза

Лидерите на седум африкански и европски земји се состануваат денеска во Париз на мини самит за да разговараат за предизвиците кои ги носи мигрантската криза во Европската Унија. Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика колегите од Нигер и Чад како и премиерот на либиската влада, односно лидерите на државите кои се на главната транзитна рута за мигранти кои идат кон Европа. Германската...

„Тврдокорни“ на 2 септември ќе протестираат против двојазичност и кампови за мигранти

Иницијативата „Тврдокорни“ преку нивната „Фејсбук“ страница повика на марш кој ќе се одржи на 2 септември во сабота, со почеток во 17 часот под мотото „Марш за аболиција на патриотите – Марш за будење на Македонскиот народ“. Според најавите, протестот ќе почне од Соборниот храм по што ќе продолжи до Владата, а ќе заврши пред Собранието. „Ајде сите заедно да се...

Полицијата во Рим се судри со мигрантите

Италијанската полиција се судри со мигрантите кои „окупираа“ помал плоштад во Рим, протестирајќи против наредбата да ја напуштат зградата во која се населиле. Полицијата, со опрема за разбивање демонстранти, употребила водени топови против мигрантите. Две лица се уапсени, соопшти полицијата, истакнувајќи дека бегалците имале плински боци и дека некои од нив и ги отвориле. Се наведува дека мигрантите фрлале камења и шишиња...

Георгиевски: Нема да се градат станови за бегалци во Гази Баба

Граѓаните може да се уверат дека лажните вести за наводни кампови или станови за мигранти, што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, немаат врска со реалноста, изјави денеска Борче Георгиевски, претседател на општинската организација на СДСМ Гази Баба. -Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ не планира изградба на станбени единици за бегалци на територија на општината Гази Баба, затоа што Македонија е...

Спасени 339 мигранти во Средоземното Море

Шпанската спасувачка служба соопшти дека спасила 339 мигранти од седум бродови кои се обиделе да го преминат Средоземното Море од Мароко. Бродовите со мигранти рано утрината се пресретнати во одвоени акции, а три спасувачки брода ги пренеле мигрантите гратчето Тарифе на југот на Шпанија, кај Гибреталскиот проток. Спасувачката служба наведе дека еден брод превезувал 34 мигранти од земјите од Супсахарска Африка,...

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија: Стратегијата за бегалците е вовед во етнички и верски судири

Зачудува фактот што владата на СДСМ заслепувачки се покорува кон директивите и насоките на меѓународните тела за интеграција на бегалците, истовремено заборавајќи ги социјално ранливите категории на кои им ветуваше живот во изобилие на парламенарните избори 2016 година, порача на прес-конференција Андон Сарамандов, претседател на Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија Тој ги нападна Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалците...

Романија: Пресретнат брод со мигранти во Црното море

Романската крајбрежна стража во Црното море пресретнала брод со 69 мигранти со потекло од Ирак, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Крајбрежната стража го забележала бродот, кој пловел под турско знаме, на околу 16 километри од пристаништето Мангалија, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Романија, во близина на границата со Бугарија. Во бродот, кој бил испратен до...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја потврдува стратегијата за трајно населување на мигранти

Владата на СДС со секој свој чекор ги потврдува своите стратегија и план за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не изградила никаков објект за населување на мигранти. „Неосновани се обвинувањата на СДС и мафтање со дописи од 2012 година, кои првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени...

Ѓорчев: Со стратегијата за бегалци Македонија ќе стане земја за траен престој на мигранти

Со новата стратегија на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија не е веќе транзитна земја, туку станува земја за траен престој на голем број мигранти, бегалци и странци од голем број земји, рече на партиска прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека стратегијата не е привремена и дека во неа има одредби...

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако уште пред 18 дена, кога...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за Царовска поради стратегијата

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, поради стратегијата за мигрантите. Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а не биле консултирани ниту општините, туку се ставени пред свршен чин. - Станува збор за стратешки документи за иднината на...

Мора да се затворат сите рути за да се спречи миграцијата, смета Курц

Илегалната миграција кон Европа ќе постои сè додека не се затворат сите, оцени шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. - Наша задача е да ја затвориме медитеранската рута. Мораме да осигураме дека сите рути ќе бидат затворени. Сè додека медитеранската рута е отворена, додека има рута кон Европа, луѓето ќе се движат кон нашите земји – рече Курц. Тој, исто така, рече...

УНИЦЕФ Македонија спроведе проекти во вредност од повеќе од 13 милиони евра

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс. - Во соработка со државните институции, граѓанското општество, но и експерти, УНИЦЕФ направи многу за подобрување на животот на многу деца во земјата, особено за најранливите категории. За тоа сме благодарни како земја, но сакам да ви ја искажам и мојата искрена лична...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...