Таг: мерки

таг: мерки

Бектеши од косовскиот колега ќе бара укинување на царината за сите производи

Mинистерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Бајрам Хасани, в петок на 27 јули. Производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада за повлекување на мерките се доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик...

Димитров: Со контрамерки кон Косово кризата ќе ескалира, мора да најдеме решение

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров при денешната посета на Косово рече дека ако Македонија воведе контрамерки работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да се седне за да се најде решение, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот. Тој е убеден дека двете држави ќе ја следат новата европска...

Трговската војна помеѓу САД и Кина се повеќе се заострува, Трамп воведува нови царини

Соединетите Американски Држави направија нов список на увозни кинески производи во вредност од 200 милијарди долари годишно на кој од септември би можела да биде воведена царина, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер. Владата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот во трговската војна против Пекинг минатата недела и воведе данок на 34 милијарди долари увоз од Кина, во...

МВР: Продолжуваат мерките за спречување на диви трки на моторциклисти

Во периодот од 20 часот (04.07.) до 01.30 часот (05.07.) од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување, повторно беа превземани посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на моторциклисти, информираат од МВР. „Притоа од...

Реципрочните мерки на ЕУ кон САД за царинење на производи почнуваат од денеска

Европската унија од денеска почнува со воведување царини на увоз на американска стока, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увоз на челик и на алуминиум од Европа. ЕУ нагласува дека ќе воведе царина за американски стоки меѓу кои се челик, земјоделски производи, бурбон путер од кикирики и сок од портокал. Тарифите се во вредност...

ЕУ со реципрочни мерки кон САД, воведува царина за американски производи

Европската унија соопшти дека од јули почнува со воведување царини на увоз на американска стока, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увоз на челик и на алуминиум од Европа. – Листата на американски производи за кои ќе се воведе царина ќе биде готова овој месец и ќе се применува од почетокот на јули,...

Годишната програма за вработување ги опфаќа младите и социјално ранливите лица

Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и УНДП денеска потпишаа договор за Годишната програма за вработување 2018, за која се предвидени 8,3 милиони долари. Премиерот Зоран Заев рече дека се таргетирани 16.259 лица, но најголем бенефит ќе имаат младите бидејќи имат можност да конкурираат за работни места со плата во износ поголем од 18.000 денари. Постојаната амбасадорка на...

Кочовски: Индустријата ќе претрпи огромни штети од мерките на ЕУ за увоз на челик

Македонските производители на челик и челични производи се под сериозна закана од мерките на Европската Унија за ограничување на увозот на челични производи на европскиот пазар, информираше денеска претседателот на Здружението на металурзи при Стопанската комора, Митко Кочовски. Тој додаде дека заштитните мерки кои ги најавува Европската Унија се резултат на ограничувањата кои претходно САД ги воведе за увоз на челични производи. -...

Србија ќе воведе контрамерки за увоз на брашно од Македонија

Србија утре ќе воведе контрамерки за увоз на брашното од Македонија, како одговор на Правилникот за увоз на брашно од македонска страна, кој стапи на сила на 8 февруари. „Не можеме повеќе да чекаме, освен купување на време од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот“, изјавил министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ, кој најверојатно, утре ќе...

Анѓушев и Бектеши на разговор со бизнисмените за економските мерки

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе се сретнат со компаниите членки на Стопанска комора на Македонија, во 12 часот. На средбата, како што информираат од Комората, ќе се дискутира за предложените мерки кои треба да условат подобрување на конкурентноста и зголемување на инвестициите, со цел поттикнување на економскиот раст на македонската економија.

Промовирана програмата за поддршка на малите и средни претпријатија

Микро, малите и средните претпријатија ќе бидат најсилно поддржани преку мерките од Планот за економски раст, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски. Анѓушев потенцираше дека микро, малите и средни претпријатија се во привилегирана положба, затоа што ќе можат да ги користат мерките...

Анѓушев: Странските компани кај нас купуваат само еден отсто од репро-материјалите

Странските компании во Македонија набавуваат само еден процент од потребните репро-материјали од македонски компании, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој додаде дека потребно е таа соработка да се зголеми, за бенефитите да ги почувствува македонската економија. - Според структурата на странските директни инвестиции, не е секогаш возможно странските компании да набавуваат производи од македонските. На пример, ако...

Делегации на македонското и на грчкото МНР ќе одржат состанок утре во Скопје

Седмата рунда на консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција, како дел од мерките за градење на доверба помеѓу двете земји, ќе се одржи утре во зградата на министерството за надворешни работи во Скопје, со почеток во 09.55 часот, информираа од таму. „Се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции“, се...

Филипче презентираше мерки за намалување на смртноста на доенчињата и родилките

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска презентираше мерки за намалување на смртноста на доенчињата и родилките. Мерките, како што кажа, се подготвени во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) и имаат за цел, да се подобри целокупната грижа за мајките и нивните бебиња додека се во болница. Тој потенцираше дека според Светската здравствена организација, смртноста на родилките е...

Во 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз воведен поради загадувањето

По добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар и нема зголемено загадување во текот на два последователни дена, Град Скопје информира дека се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што...

Јавниот превоз од денеска повторно е бесплатен, поради загадениот воздух

Градот Скопје од денеска воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, а мерката ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето. Мерките се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ-10 честичките во воздухот е надминат во текот на два дена последователно, односно над 200...

ЕУ ќе реагира соодветно ако САД го ограничи увозот при трговијата

Европската Унија е подготвена да реагира брзо ако Соединетите Американски Држави го ограничат увозот од Европа, објави денеска Европска комисија. Оваа реакција следува откако американскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека „соодветно ќе одговори на неправедната трговска политика на Европска Унија“. „Нашите производи не можат да влезат на пазарот на Европска Унија, а тие ни испраќаат нивни производи за кои не...

Утре престануваат да важат мерките против аерозагадувањето во Скопје

Владата од утре ќе ги укине вонредните мерки кои што беа преземени за да се намали загадувањето на воздухот во Скопје, затоа што податоците на мониторинг системот за квалитетот на воздухот вчера покажале дека среднодневните концентрации на ПМ10-честичките се под прагот на алармирање. За активирање на мерките потребно е среднодневните концентрации да бидат над 200 микрограми на еден кубен метар...

ДОМ бара нова опрема за уништување на отпадот во Дрисла

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) смета дека поради загадениот воздух, потребни се интервентни набавки на опрема за уништување медицински и друг биолошки отпад во Дрисла, пречистувачи на воздух, апсорбери на чад од оџаци на домаќинствата, филтри на индустриски оџаци и слична опрема. Од таму потсетуваат дека финската студија за загадувањето на воздухот во скопскиот регион од 2016 година покажа дека извори...

ССМ: На отворено да се работи до 17 часот и да се зголемат контролите на градилиштата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се почитуваат мерките на Владата за заштита од загадениот воздух што почнаа вчера. Лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата и да се ограничи до 50 отсто употребата на службените возила. Според ССМ, секоја институција треба да дејствува во својот домен. - Министерствата за животна средина и за...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...