Таг: Македонија

таг: Македонија

Заев: Израел нема дадено финансиски донации за Македонија!

„Израелските власти ни потврдија дека немаат давано финансиски донации, туку само донации во форма на знаење и во опрема“, изјави денеска во Тел Авив лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбите со израелските власти. - Дефинитивно се потврди дека донациите се присутни како опрема, во знаење, во пренос на подготвени професионалци и експерти кои доаѓаат на обуките за имплементација и...

Бесими: Македонија може да ја изгуби препораката ако не го спроведе Договорот од Пржино

Македонија може да не добие препорака за почеток на преговори со ЕУ доколку не се спроведе Договорот од Пржино, оцени вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Доколку не се испочитува политичкиот договор од 2 јуни и доколку нецелосно работиме на исполнување на итните реформски приоритети, може да се случи и да не ја добиеме...

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат со намален интензитет. Во текот на денот ќе дува умерен југоисточен ветер, додека долж Повардарието ветерот ќе биде засилен и ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Минималната температура ќе изнесува 10 Целзиусови степени, а максималната 21 степен. Во Скопје и во околината се очекува слично време...

Агрегатор на видеосодржини ќе им помага на наставниците и на учениците

Министерството за образование и наука денеска го промовираше агрегаторот на видеосодржини www.eduvideos.mon.gov.mk, преку кој се презентираат наставни содржини. На агрегаторот, како што истакна заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, наставниците и учениците од основните и од средните училишта, како и родителите, ќе може да споделуваат едукативни видеосодржини поврзани со темите од наставните програми. Закачените видеозаписи, пред да бидат одобрени за...

ЕК одобри 17 милиони евра помош за Македонија и за Србија за справување со бегалците

ЕК денеска одобри 17 милиони евра за Србија и за Македонија за справување со напливот бегалци, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. Помошта е дел од планот на ЕУ за справување со сириската криза и за помагање на земјите што се надвор од ЕУ, а се дел од транзитната рута на бегалците. - Сегашната бегалска криза претставува предизвик од глобални размери....

Коцијанчич: Денеска да се договори законот за избори

Европската комисија денеска ги повика потписниците на Договорот од Пржино веднаш да се договорат за изборните реформи. - Европската комисија жали што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии денеска да постигнат договор. Изборите се приближуваат. Затоа изборниот закон треба да биде усвоен што...

Коѕиас: Мерките за градење доверба и спорот за името, приоритет на грчкото МНР

Грција ќе продолжи со политиката за спроведување и за промовирање на мерките за градење доверба со Македонија. Грчкиот шеф на дипломатија, Никос Коѕиас ги посочи мерките и спорот за името како еден од приоритетите на новиот состав на Министерството за надворешни работи при претставувањето на програмата на владата за надворешната политика во грчкото собрание. Коѕиас и во оваа пригода истакна...

Претседателот Иванов во работна посета на Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска (7 октомври) до петок (9 октомври) ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија, соопштија од кабинетот на претседателот. Во рамките на конференцијата, Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена...

Ципрас се надева на придвижување на работите меѓу Атина и Скопје

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се надева дека мерките за градење доверба ќе помогнат да се забрза процесот на решавање на спорот за името. Говорејќи на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), грчкиот премиер посочи дека Грција работи на решавање на сите отворени прашања со земјите од Западен Балкан, посочувајќи го обидот да се надмине спорот со Македонија. Ципрас во својот говор...

Македонија ќе добие препорака за преговори, но и остри критики од Брисел

Македонија во извештајот за напредокот на земјата во интеграциите кон ЕУ, ќе добие препорака за преговори, дознава „Мета“. Препораката, според високите владини извори, не била спорна, особено зашто веќе е почната реализацијата на Договорот од Пржино, односно изборот на специјален јавен обвинител. Сепак, извештајот, во кој ќе бидат наведени и забелешките од Прибе, како што дознаваме, воопшто нема да биде...

Почна собирањето потписи за измени на Законот за аменестија

Почна собирањето потписи за граѓанската иницијатива за измена на Законот за аменестија, за што се потребни 10.000 потписи. Во согласност со предлогот, се предвидува намалување на затворските казни и ослободување на дел од затворениците, но со него не се опфатени лицата што извршиле геноцид или се во бегство. Иницијаторите реагираат дека  засега не се знае како осудениците ќе можат да се изјаснат...

Груевски и Ципрас разговарале за името во Њујорк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас имаше куса средба со својот македонски колега Никола Груевски во Њујорк околу спорот за името. Информацијата ја пренесува грчкиот весник „Реал“, посочувајќи дека двајцата премиери поразговарале за време на приемот организиран од американскиот претседател Барак Обама, во чест на светските лидери што учествуваат на Генералното собрание на Обединетите нации. Ципрас за време на средбата побарал од Груевски да...

„Економист“: Рангирањето на „Дуинг бизнис“ е нереално и нецелосно!

Угледниот меѓународен неделник „Економист“ со седиште во Лондон, со неделен тираж од 1,5 милиони примероци на седум континенти, дава сериозни забелешки во однос на рангирањето на земјите во извештајот „Дуинг бизнис“ (Doing Business) на Светската банка, изразувајќи загриженост поради одредени негови недостатоци. Имено, поголем број земји кои високо котираат или, пак, имаат брз подем на листата „Дуинг бизнис“, во суштина се...

Скопје го одбележува Светскиот ден на срцето

Со поддршка на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето - 29 септември. Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел, од 10 до 14 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи,...

Вчера низ Македонија поминале 1.636 бегалци

Во периодот од 8 часот на 26 септември до 8 часот на 27 септември годинава, издадени се потврди на вкупно 1.636 странски државјани, од кои 1.070 се од машки пол, 183 се од женски, 333 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 50 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се...

Србите ги блокираа македонските транспортери на хрватска стока

Македонските превозници на хрватско-српската и на унгарско-српската граница се блокирани, откако официјален Белград одлучи да ги блокира сите што превезуваат стока за или од Хрватска или некако се поврзани со соседната држава, со која има затегнати односи поради бегалската криза. Имено, камионџиите кои се враќаат од некои од европските земји и притоа ги користат алтернативните гранични премини за влез во Србија,...

ЕУ: 17 милиони евра за Западен Балкан за справувањето со бегалската криза

Европската комисија денеска соопшти дека подготвува пакет од дополнителни 17 милиони евра за земјите од Западен Балкан што се соочуваат со голем прилив на бегалци. „Србија и Македонија се соочени со неочекуван прилив на бегалци од надворешниот регион, што ја оптовари нивната инфраструктура. Приоритет е да се избегне ова да прерасне во нешто што е повеќе од краткорочна ситуација“, се наведува...

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за бегалската криза

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за да им помогне да се справат со зголемениот прилив на бегалци, рече норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бранде. Бранде рече дека една половина од парите ќе ѝ бидат дадени на Србија за надградба на системи за прифаќање бегалци во пресрет на зимата, додека останатиот дел од сумата ќе...

Хан: Изборот на специјалниот обвинител не е крај на приказната

Именувањето на специјалниот јавен обвинител е важен елемент за нормализацијата на политичката состојба во Македонија, но тоа не е крај на приказната, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на ден пред посетата на Скопје. Хан го поздрави назначувањето на специјалниот обвинител, но порача дека Европската комисија ќе продолжи да ја следи состојбата во...

Се намалува бројот на мигранти кои минуваат низ Македонија

Утрово кон Табановце, од железничката платформа на прифатниот камп во Гевгелија, замина еден воз со околу 600 мигранти. Tрет ден по ред се намалува бројот на мигрантите кои кај нас пристигнуваат преку Грција. Во текот на изминатото деноноќие, од Гевгелија за Табановце заминале три специјални возови со околу 2.200 мигранти и оти сè уште не е повикан воз за превоз на мигранти. Бројот...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...