петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Крсто Мукоски | 24 резултати

Укинати притворите на Чавков, Мукоски и Василески, Тарчуловски и Димовски

март 27, 2018

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески излегуваат од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, откако вчера попладне Врховниот суд донесе одлука да им го замени притворот со куќен притвор. Врховен суд вчера решавашe по жалбите кои Чавков, Мукоски и Василески ги поднесоа на одлуките на Кривичниот […]

Врховен суд треба ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

март 26, 2018

Врховниот суд на Република Македонија денеска, три дена откако истече рокот за тоа,  треба да ја донесе одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година. Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот. […]

Врховен суд решава за притворите на Мукоски и Василевски

март 20, 2018

На јавна седница во Врховниот суд денеска ќе се одлучува за притворите на обвинетите за насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. Судот треба да се изјасни дали ќе биде потребно продолжување на притворот на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Тие се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на […]

Владо Јовановски заминува во куќен притвор, Мукоски останува во „Шутка“

февруари 22, 2018

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на актерот Владо Јовановски и му ја ја замени мерката притвор во истражен затвор, со мерка куќен притвор. Пратеникот Крсто Мукоски, чии жалби денеска ги разгледуваше Апелација, останува во притвор. Второстепениот суд го одби негово барање притворот да му биде заменет со куќен притвор. Тој пред […]

И Мукоски останува во притвор, одлучи Апелација

јануари 17, 2018

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата за продолжувањето на притворот и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, осомничен за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април. Второстепениот суд за жалбата на Мукоски одлучувал на затворена за јавност седница. Со одлуката на Апелација Мукоски останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, […]

Продолжен притворот на пратениците и на Чавков, Илиевски, Дамовски, Дурловски…

декември 27, 2017

Кривичниот суд во Скопје денеска им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица […]

Судот им одреди притвор на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски

декември 5, 2017

Кривичниот суд по денешниот распит, попладнево им одреди притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Нивните колеги, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија куќен притвор. Мукоски, Арнаудов и Василевски попладнево, со полициска придружба, беа изнесени од задниот влез на Кривичниот суд и […]

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2018 година закажана за утре

декември 4, 2017

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, треба да се одржи утре. Оваа седница почна на 27 ноември и иако беа закажани неколку продолженија, не се одржа ниту едно. Еден од членовите на Комисијата за финансирање и буџет е и […]

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани поднесоа колективна оставка

декември 2, 2017

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа колективна оставка од своите функции во Советот на Општина Вевчани, во знак на протест против, како што велат, „политиката и начинот на владеењето на СДСМ, како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието, Крсто Мукоски.“ – Во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена […]

Собранието утре напладне ќе одлучува за имунитетот на шестемина пратеници

ноември 30, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре напладне ја закажа пленарната седницата на која ќе се одлучува за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, во врска со барањето за нивно притворање што до законодавниот дом го испрати Кривичниот суд во Скопје. Шестемина пратеници […]

Собраниската комисија едногласно одобри да им се одземе имунитетот на пратениците

ноември 30, 2017

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања едногласно, со пет гласа „за“ и без воздржани или против, го одобри барањето на судот и донесе заклучок да му предложи на Собранието да им се одземе имунитетот на пратениците Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска. На комисиската расправа не присуствуваа членовите […]

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

ноември 29, 2017

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието. […]

Џафери ги доставил барањата за притвор до надлежната комисија

ноември 29, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања вечерва ги доставил барањата за одобрување притвор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, известија собраниските служби. Барањата се поднесени вчера од Основен суд Скопје 1, односно од Одделението за организиран криминал и корупција. Џафери […]

Одложена седницата на Комисијата за финансирање и буџет

ноември 28, 2017

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието, која беше закажана за денеска во 11 часот, се одложи на неодредено, информираат од собраниските служби. На седницата треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година. Еден од членовите на Комисијата за финансирање и буџет е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој утринава беше […]

Утрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

ноември 28, 2017

По налог на јавен обвинител, рано утрово приведен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, дознава „Мета“ од извори на истрагата. Приведувањето е во рамките на истрагата за насилствата од 27 април годинава во Собранието. Во тој момент, Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот […]

Тевдовски: Обвинувањата за големи задолжувања се манипулација

август 4, 2017

На третиот ден на расправата за ребалансот на буџетот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека со овој буџет ќе има ново задолжување, нема да се заврши ниту еден проект и дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, ребалансот на буџетот ги признава успешните политики на претходната влада и здраво […]

Во ребалансот на буџетот има пари само за обуки за новите 500 вработувања во МВР

август 4, 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, денеска на расправата за ребалансот на буџетот, на пленарната седница во Собранието го праша министерот за финансии, Драган Тевдовски, од каде ќе се најдат пари од буџетот за новите 500 вработувања на полицајци во МВР. – Од која ставка ќе издвоите средства за новите вработувања во МВР и дали се […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага лидерска средба, компромис, па нови избори?

април 24, 2017

На 17. продолжение на конститутивната седница на Собранието денеска, првпат, имаше и повик од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ да се организира лидерска средба за да се решат сите прашања и да се постигне компромис, а потоа да се организираат нови избори. Повторувајќи ги обвинувањата што многупати досега беа чуени, пратеникот Крсто Мукоски, во реплика на својата колешка […]

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

октомври 17, 2016

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата – Буџетот за 2017 година, кој тежи 3,35 милијарди евра, по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници. По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто […]

Јанева: Три дена намерно ме држите овде за да не можам да работам

септември 23, 2016

Почна комисиската расправа на која се разгледува извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваат прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. – Три дена намерно ме држите тука и не ме оставите да работам. Три дена седам тука и одговарам на истите прашања. Вие намерно ме држите тука за […]

Страна 1 од 1