fbpx
Таг: Кривичен суд

таг: Кривичен суд

Груевски и Јанакиески денеска на две судења

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и пораншниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска поголем дел од денот ќе го поминат во Основен суд Скопје 1, поради неколку судења. Во 9.45 часот почнува рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Траекторија“, во кој освен двајцата обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски...

Судот го одобри обвинението за „Титаник 3“ на СЈО

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник 3“, потврдија од СЈО. Судијата што ќе го води предметот и датумот за почетокот на судењето дополнително ќе бидат одредени. Обвинети во овој случај се Ејуп Аљими, актуелен пратеник во Собранието и координатор на пратеничката група на ДУИ и Исмет...

Василевски останува во „Шутка“, а Димовски во домашен притвор – судот им ги одби жалбите

Пратениците во Собранието, Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор, односно во куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. Василевски и Димовски се дел од шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Постапувајќи по жалби изјавени против решенија...

АКМИС им бил само украс: Кривичниот и Врховниот суд рачно распределувале предмети

Работната група на Министерството за правда констатирала бројни неправилности во работата на Кривичниот суд Скопје и на Врховниот суд во врска со користењето на АКМИ-системот (Автоматизиран компјутерски систем за управување со судски предмети). Како што соопшти министерот за правда, Билен Саљији, во Апелацискиот суд комисијата утврдила дека АКМИС е имплементиран и редовно се користи освен во делот за судската управа. Според...

Во Кривичниот суд нови рочишта за насилството во Центар и за „Тотал“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за два предмети на Специјалното јавно обвинителство, за случајот со насилството пред Општина Центар во 2013 година, познат како „Шамари“, како и за предметот „Тотал“. Дванаесет лица се обвинети за поттикнување насилството во Општина Центар за време на протестите од јуни 2013 година. Меѓу обвинетите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер...

Одобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ. Според СЈО, осомничените преку фирмата „Финзи“, со која во еден период...

Собранието напладне ќе одлучува за имунитетот на шестeмина пратеници

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за дененска напладне ја закажа пленарната седницата на која ќе се одлучува за одземањето на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, во врска со барањето на Кривичниот суд за нивно притворање. Шестемина пратеници се дел од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април...

Ристевски за „Шамари“ – кој признава, добива шест месеци условна затворска казна

Поранешниот советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јордан Ристевски, обвинет за насилствата пред Општината од јуни 2013 година, случај во јавноста познат како „Шамари“, денеска од Кривичниот суд во Скопје беше осуден на шестмесечна условна затворска казна, доколку во наредните две години не стори ново кривично дело. Пресудата денеска ја соопшти судијката Татјана Михајлова, откако петтообвинетиот во „Шамари“, Ристевски,...

На Јанкулоска ќе ѝ се суди и за „Тенк“

Случајот „Тенк“ на СЈО, за „мерцедесот“ од 600.000 евра, официјално оди на судење. Од СЈО за „Мета“ потврдија дека добиле известување од Кривичниот суд дека советот за оценка на обвинителен акт го одобрил предметот и дал зелено светло тој да оди на судење. Одлуката била донесена пред два дена, на 27 ноември, а Судот дополнително треба да утврди датум и...

И Чавков доби 30-дневен притвор, спроведен е во затворот во Шуто Оризари

Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, по што е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Иста мерка е одредена и за полицискиот службеник Мунир Пепиќ и за оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на...

Судот му одреди 30-дневен притвор на Игор Дурловски

Кривичниот суд денеска му одреди 30 дневен притвор на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој денеска беше приведен поради насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава. Дурловски, кој е еден од организаторите на насилните протести на „За заедничка Македонија“, се товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Судот на пратеничката Жаклина Пешевска ѝ одреди куќен притвор, додека...

Судот побара од Собранието да им го одземе имунитетот на шест пратеници

Кривичниот суд доставил барање со Собранието за одземање на имунитет на шест пратеници кои Основното јавно обвинителство поради насилствата во Собранието од 27 април годинава ги товари за загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Барањата се пристигнати до Собраниетo. Претходно Џафери изјави дека ако добие барање за одземање на имунитет на пратеници, истото веднаш ќе го препрати до надлежната Комисијата за...

Мицкоски за протестите пред Кривичен суд: Имаме 3-4 сценарија како ќе продолжиме

Следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните приврзаници кои протестираат пред Кривичниот суд поради притворањето на пратеници и на учесници во настаните во Собранието од 27 април, ќе зависат од развојот на настаните, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Сè уште не знаеме, сè зависи од тоа како ќе се одвиваат работите. Според сознанија од пред два часа, околу...

Стотина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собраа на протест пред судот

Во овие моменти пред Кривичниот суд во Скопје се собрани околу стотина граѓани, симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се одзваа на повикот на партијата за протест против апсењето на нивни членови, функционери и пратеници, во рамките на истрагата за насилставата во Собранието од 27 април. Пред судот засега е мирно. Насобраните граѓани не носат транспаренти и нема никакви извици. Забележливо е...

Притворот на Југ продолжен за нови 30 дена, ОЈО го гони и за тероризам

Кривичниот суд во Скопје му го продолжи притворот за нови 30 дена на Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април оваа година, пренесуваат медиумите. Основното јавно обвинителство во меѓувреме ја проширило истрагата за Југ, кој сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, се товари и дека бил водач на толпата која упадна во законодавниот...

Судот досега нема побарано одземање на имунитетот на приведените пратеници

До овој момент во Собранието нема пристигнато барање од Кривичниот суд за одземање на пратеничкиот имунитет на пратениците што се приведени утрово за насилствата во законодавниот дом од 27 април оваа година, изјави за „Мета“, пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. - За да заседава и да одлучува Комисијата, треба да пристигне барање од...

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за Темелко за следната недела

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестот за притворот на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, што беше најавен за вечерва пред Владата и го презакажа за 3 декември, соопшти партијата. Протестот беше најавен како реакција на продолжувањето на притворот на Темелко, но Кривичниот суд викендов донел решение со кое ја укина ваквата мерка и ја замени со куќен притвор. Како што потврдија...

Темелко излегува од притвор, судот ја заменил мерката со куќен притвор

Градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, од истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари ќе биде префрлен во домашен притвор. Кривичниот суд во Скопје донел решение со кое мерката притвор се заменува со куќен притвор, потврдуваат од судот. Како што информираат од судот, одлуката била донесена по добиено позитивно мислење од Специјалното јавно...

Врховниот суд ги укина пресудите и го врати „Монструм“ на повторно судење

Врховниот суд ги укина пресудите за „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Судот донесе пресуда со која ги уважува жалбите на обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година. Со пресудата на највисокиот суд во земјава се укинати пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои шест лица беа...

Прифатено обвинението од СЈО за „Топлик“

Основен суд Скопје 1 го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Топлик“. Во случајот осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште пет други вработени во Министерството за транспорт. Се товарат за незаконски постапки во врски со изградбата на „Сончев град“. На 4 ноември Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на СЈО против решението на Кривичен суд од...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...