fbpx
Таг: Христијан Мицкоски

таг: Христијан Мицкоски

Демонстрантите од Собранието се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, бараат средба со Мицкоски

Граѓани незадоволни од Договорот за името со Грција, попладнево повторно се собраа на протест пред Собранието, додека внатре пратениците одлучија Договор да се гласа по скратена постапка. Откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата на Собранието граѓаните, од законодавниот дом се упатија кон седиштето на најголемата опозициска партија од каде што побараа од лидерот на партијата Христијан Мицкоски, да ја извади ВМРО-ДПМНЕ...

Ќе заседава ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средба и со пратеничката група

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе има состаноци со пратеничката група, а попладневно ќе заседава и Извршниот Комитет на партијата. Се очекува разгледување на договорот кој го постигнаа премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас како решение на долгогодишниот спор за името. Според Мицкоски, таквиот договор е договор за капитулација и пораз за државата. Вчера Мицкоски изјави дека ќе...

Мицкоски најави внатрепартиски и пошироки консултации за договорот со Грција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев повтори дека договорот помеѓу Македонија и Грција за него претставува договор за капитулација и најави дека во наредниот период ќе го разгледаат договорот внатрепартиски и ќе се консултираат со партиските органи и комисии за што ќе биде известена и јавноста. -Немаше нови моменти кои можевме со премиерот еден на...

Мицкоски: Македонија е на дното во Европа по економскиот пораст

Денеска Државниот завод за статистика повторно ја потврди лошата економска политика на СДСМ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање. Тој додава дека со пораст на домашниот бруто-производ од 0,1 отсто „убедливо сме на дното“. „Притоа, од приходна страна, пад од цели 37 отсто забележува градежниот сектор, што всушност и ја отсликува не-работата на Владата. Немањето на сопствени проекти и...

Анкета: Заев води со 24,1 отсто, Мицкоски со само 2,9 отсто, Груевски со огромен пад

Ако утре се одржат избори СДСМ би добил најмногу гласови односно за таа партија би гласале 25,5 проценти од граѓаните, а за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,6 проценти, покажува анкетата на телевизија „Телма“ и невладината МЦМС. Во албанскиот политички блок води ДУИ со 7,4 процент, за Алијанса на Албанците се определиле 2,9 проценти, а за БЕСА – без разграничување кое од...

СДСМ: Неодговорно е Мицкоски да оживува лажни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски целосно е навлезен во промашената матрица на неговиот претходник Никола Груевски, кој слично како и Мицкоски, со години неосновано и напразно го обвинуваше Зоран Заев за неговата работа во Општина Струмица, се вели во реакцијата на СДСМ во видео-обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола...

Мицкоски на Могерини и се пожалил за економската стагнација и политичкиот терор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, информираат од партијата. Од таму додаваат дека на средбата се разговарало за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци. „Мицкоски изрази загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои...

ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието и ќе поднесе интерпелација за владата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот Централен комитет на партијата донесе одлука да се врати во Собранието, соопшти лидерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека веднаш по враќањето во Собранието ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за работата на владата на премиерот Зоран Заев. - Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од...

Мицкоски: Не се договарам со Џафери и Заев, власта прави атак врз демократијата

Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил. Тој појасни дека во Собранието немал средба со претседателот Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев туку дека бил во на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи во...

Собранието во 13 часот ќе расправа за законот за јазиците, Мицкоски повикува „на разум“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за денеска во 13 часот ја закажа седницата на која како точка на дневен ред е третото читање за законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 36.000 амандмани. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека законот за јазици, за кој вели дека е неуставен, се става на дневен ред во Собранието за...

Мицкоски: Од денеска почнувам со посети на терен, да го чујам гласот на народот

Македонија тоне, а македонскиот граѓанин едвај врзува крај со крај. Тоа мораме да го промениме. Од денеска ќе бидам на терен, во непосредна комуникација и разговори со граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Во периодот кој следува, почнувајќи од денес, огромен дел од моето време ќе го посветам на теренските посети, во непосредна комуникација и разговори со граѓаните....

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го користи Законот за јазиците за блокада на реформите

Христијан Мицкоски продолжува по стапките на Никола Груевски, дејствува против интересите на граѓаните, против концептот едно општество и европските вредности со што нанесува штета на државните интереси, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава дека „видливо е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оваа партија го прифати Законот за употреба на јазиците во...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ гарантира стабилно мнозинство ако се отфрли законот за јазици

Жалам што за вакво крупно прашање како Законот за јазиците не се земаат предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање до јавноста. Според него, не е возможно законот да се донесе по демократски пат,...

Мицкоски на средба со Борисов и Дол: Владата не го исполнува планот 3-6-9

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија се сретнал и со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, информираат од партијата. На средбата се разговарало за европската агенда на регионот и за зајакнување на соработката во рамките на Европската народна партија, чиј составен дел е и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски нагласил дека стратешки приоритет преставува членството...

Мицкоски: Не се пазариме со власта за Законот за употреба на јазиците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите во јавноста дека со власта се „пазареле“ да го одблокираат носењето на Законот за употреба на јазиците, а за возврат, притворените за настаните во Собранието на 27 април да бидат ослободени. - Такво нешто апсолутно нема. Ние како опозиција мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата. Но, како што велат дел...

Азески – Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи законите кои се за подобрување на економијата

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, денеска се сретнаа со претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески. Целта, како што рече Мицкоски, е како опозициска партија да изготват поконкурентна и посоодветна економска програма, за да ги освојат симпатиите на бизнис-заедницата. - Како ново раководство, ги презентиравме нашите заложби и планови како економски ќе делуваме во иднина и...

Мицкоски: Заев ги распродава државните и националните интереси

Она што Зоран Заев го нарекува „одлична надворешна политика”, за граѓаните и за нашата држава преставува распродажба на националните и државни интереси, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот „Фејсбук“ профил. Тој вели дека не е поентата да се биде актуелен во регионот по тоа што се попуштило, или отстапило, туку суштината е да се биде актуелен во сопствената...

Мицкоски во посета на Вашингтон, ќе присуствува и на појадокот кај Трамп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе бидат во неколкудневна работна посета на Вашингтон САД, информира партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за време на посетата Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департментот и членови на Претставничкиот дом и Сенатот. Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека партијата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на името. „Што се однесува до промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на Република Македонија, таа позиција на партијата останува непроменета“, рече Мицкоски во гостувањето на телевизија „Сител“. Во однос на Законот за употреба на јазиците, тој го повтори ставот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Стандардот на граѓаните е загрозен, економскиот развој стагнира

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот, Владо Мисајловски и генералниот секретар, Игор Јанушев денеска се сретнале со претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. На состанокот, како што информираат од партијата, била разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување. Мицкоски посочил дека „стандардот на граѓаните е загрозен и...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...