fbpx
Таг: градоначалник

таг: градоначалник

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја дадат довербата и освојат...

Дудуш: Го осудувам насилството и порачувам да не се подгреваат тензии

Секое насилство, особено во изборен период е недозволиво, вели кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од СДСМ, Курто Дудуш, за физичката пресметка во која повреден беше актуелниот градоначалник на општината, Елвис Бајрам. - Јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, недозволувајќи...

Искршени врата и излог на штаб на СДСМ, во Опила расправии за плакати

Вчера, засега непознат сторител ги скршил стаклото од излогот и стаклото од влезната врата на изборен штаб на СДСМ во скопското село Инџиково. Според полицијата, се работи на откривање на сторителите. Во друг инцидент, за кој извести МВР, завчера во општина Ранковце имало проблеми при лепење плакати. Според полицискиот билтен, независниот кандидат за градоначалник на општина Ранковце, Ивица Тошевски, вчеравечер пријавил...

Само половина кампања, а цела серија инциденти, крв, насилства…

Предизборната кампања за локалните избори е веќе на половина, а е силно обележана со насилство, крв, солзи, палки, куршуми и со демолирање изборни штабови. Во најновиот случај, Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, вчера изеле ќотек во населбата Шуто Оризари. Според тоа што го кажаа, четири непознати лица физички го нападнале прво...

Физички нападнат градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам

Актуелниот градоначалник на скопската општина Шуто Орузари, кој е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, попладневно биле физички нападнати, објави „Нетпрес“. Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто Оризари, како...

Заев: Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје

Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје и во скопските општини, порача денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од форумот со граѓаните во Центар, организиран пред Универзална сала во Скопје. Тој кажа дека главната работа што мора ја прави власта е да ги слуша граѓаните. - Иднината на Скопје е град што поврзува, современа метропола на Република...

Заев во Прилеп најави општински дебати и пријателска кампања

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска во Прилеп најави новост во кампањата на неговата партија - општински дебати. Првата ја отвори денеска напладне, во градот под Марковите кули, и порача дека со тоа кампањата на СДСМ и на коалицијата добива „нов модерен стил и формат“. - Драго ми е што, еве, денеска почнуваме со еден нов модерен стил...

Шилегов: На панорамското тркало местото му е во парк, а не во коритото на Вардар

Центарот на Скопје не е забавен парк и местото на панорамското тркало му е во забавен парк, а не во коритото на реката Вардар, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека доколку стане градоначалник, за сите одлуки ќе биде консултирана стручната јавност. - На тој начин ќе го најдеме најдоброто стручно решение за да донесеме валидна одлука....

Фетаи сака да биде претседател на Македонија, Јанева градоначалник или пратеник

Ако сум жива и здрава, на 50 години сакам да бидам нормален шеф на нормална држава, вели обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, во емисијата „Трите“ на „А1 он“ за животот и за работата за трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи. - Со ова јас го достигнав врвот на мојата кариера. Сакам на 50 години, бидејќи...

Едмонд Темелко е во полициска станица во Скопје

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2013 година, е во полициска станица, велат од МВР, не појаснувајќи дали сам се пријавил или бил приведен од полицијата. По распитот во полициска станица, Темелко, според решението на судот, треба да биде спроведен во 30-дневен притвор во истражниот затвор во Шутка. Мерката притвор беше определена откако...

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Ново Село

Пријава за злоупотреба на службената положба против градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, поднесе СВР Струмица. Како што соопштија од полицијата, првиот човек на Општината се товари за одобрување службеници во општината да користат службени возила без патен налог за превезување пропаганден материјал за изборите. СВР Струмица соопшти дека пријавата се темели на член 353, став 1 од Кривичниот законик ...

Македонија живее нова ера ослободена од режимот на Груевски, порача Заев од Битола

Централниот карван на СДСМ во Битола ја почна кампањата за локалните избори под мотото „За живот во сите општини“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека ја бара поддршката за граѓаните да имаат достоинствен живот во земјата и додаде дека очекува победа во Битола со повеќе од 5.000 гласа разлика. - Ни треба вашиот влог за да работиме заедно, за живот...

Груевски од Охрид: На 15 октомври ќе има референдум за новата ера во Македонија

На 15 октомври ќе имаме локални избори, но истовремено и референдум за новата ера и за новото утро што доаѓа за Македонија, кое никој не може да го задржи, зад кое стои овој народ и луѓето кои веќе направија споредби, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг што се одржа во Охрид од каде Коалицијата за подобра Македонија ја...

ДУИ и Беса изборната кампања ја почнаа од Скопје и од Тетово

Албанските политички партии ДУИ и Беса денеска, на првиот ден на изборната кампања, во Скопје и во Тетово ги промовираа кандидатите за градоначалници на престојаните локални избори закажани за 15 октомври. ДУИ во Скопје одржа партиска конвенција, на која се обрати лидерот Али Ахмети. Тој ги повика кандидатите да водат достоинствена кампања, да имаат конкретни ветувања и да се залагаат...

Мицкоски: Бесмислена е кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со политичката хајка и со притисоците врз кандидатите за градоначалници, што е израз на нивниот страв и нервоза од претстојниот изборен пораз, изјави денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција во седиштето на партијата. - Тоа што Социјалдемократскиот сојуз го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија...

Шилегов и Богоев најавија нов градски парк на површина од 30 хектари во Карпош

Овие локални избори се поинакви бидејќи граѓаните избираат нови политики кои носат изградба на инфраструктура по план, нови можности, чиста животна средина, повеќе пари кај граѓаните и живот за сите во Скопје, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за медиуми. - За да ги оствариме тие цели, чекориме по неколку патеки. Градиме мостови за подобро...

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против градоначалникот на општината, Илчо Захариев, со која го товари за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што стои во соопштението, Захариев како градоначалник на општина Штип, ја искористил службената положба и овластување и склучил штетен договор со локална фирма, спротивно на законските прописи и...

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Гази Баба ќе ги кандидира Коце Трајановски и Тони Трајковски

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, за свои кандидати за првите места во главниот град и во општината за локалните избори, соопшти Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти тој, партијата и во општина Росоман најверојатно ќе настапи со сегашниот градоначалник, Стојанче Лазов, а за...

Ристовски: Кривичната пријава против Чадиев е монтиран случај во сталинистички стил

Фатени на дело дека прават изборни злоупотреби и соочени со својот страв од сериозен пораз кој им следува на локалните избори, денеска од полицијата на СДС беше поднесена кривична пријава против уште еден наш кандидат за градоначалник, против Славчо Чадиев од Велес, и тоа неаргументирано, без докази, без факти, единствено во функција да се оцрни нашиот кандидат за градоначалник...

Бочварски: Имаме обврска да го чуваме Штип за идните генерации

Благој Бочварски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, со неколку сопартијци денеска се вклучи во еколошка акција, чистејќи го локалитетот Мирјанина Црква. - Имаме одговорност пред самите нас и пред идините генерации, да направиме добри дела за овој град, да работиме во интерес на граѓаните, да ја заштитиме животната средина и здравјето на нашите граѓани - рече Бочварски и...

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...