fbpx
Таг: градоначалник

таг: градоначалник

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски

Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани и го товари за штетен договор за субвенционирање на градскиот превоз. Како што соопшти МВР, Димитровски од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз наподрачјето на општина Кочани,...

Шилегов: Не бил само „мерцедесот“, имало и ВИП-кабини на жичницата на Водно

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од луксузни кабини од жичницата на Водно, набавени од претходната локална власт, кои, како што вели, не биле за општа употреба. „Не бил само „мерцедесот“... ВИП-кабините на жичницата, кои не се за општа употреба“, напиша Шилегов на „Фејсбук“. Инаку, жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба...

Вработен во Општина Велес им се заканувал на Заев и на Бејли со бесење

Новоизбраниот градоначалник на општината, Аце Коцевски  денеска на прес-конференција  обвини дека пратеникот Илија Димовски има личен возач кој бил вработен во Општината и притоа го оштетил буџетот за голема сума пари. Според пресметките на Коцевски, вкупните долгови на Општина Велес изнесуваат 169.197.606 денари или 2.751.180 евра. Коцевски истакна дека постојат индиции дека двајца вработени во општинската администрација на 27 април учествувале во...

Шилегов ја запре изградбата на барокни фасади на 95 објекти во центарот на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја запре изградбата на барокните фасади на објекти во центарот на Скопје, чија изведба ја почна претходното раководство на Град Скопје. Стопирана е изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на „Скопје 2014“ во центарот на градот. Шилегов за „Сакам да кажам“ изјавил дека меѓу стопираните...

Таравари на три јазици вети дека во Гостивар нема да има поделби

Новиот градоначалник на општина Гостивар, поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска на новите членови на Советот на Општината им го честиташе назначувањето на албански, македонски и на турски јазик и повика на соработка. И тој и советниците денеска ги добија уверенијата од општинската изборна комисија и ги почнаа своите мандати. - Кампањата и изборите завршија, од денеска нема да...

Приведен е Сокол Митревски, поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров

Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, е приведен утрово, потврдија за „Мета“ извори од истрагата. Митревски, според неофицијални информации, е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање земјиште под концесија. Заедно со Митревски уапсени се уште пет лица вработени во Општината. Митревски се очекува да биде...

Села не ги признава резултатите од изборите, го обвини Заев за поразот во Струга

Лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села, изјави дека не ги признава резултатите од денешното гласање за локалните избори бидејќи, според него, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата. Тој од лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев побара одговор за резултатите во Струга, кои се во...

Таравари стана градоначалник на Гостивар, Бејта му ја честиташе победата

Кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, според првичните резултати од ДИК, го победи неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, и стана нов градоначалник на општина Гостивар. Тој ги критикуваше премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се мешале во изборите и изјави дека очекува во Владата на неговото место во Mинистерството за здравство да седне...

Заев во Чаир: Гласајте за Висар Ганиу, ќе работи за сите граѓани

„Чаир е пример на мултиетничност, а Висар Ганиу е лицето на едно општество за сите. Овој концепт го градиме мудро и посветено, го препозна цела Македонија, мора да го препознае и знам дека го препознава и општина Чаир. Да не дозволиме повеќе национализми, победата ќе блеска како што му личи на Чаир“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево...

Шилегов: Одлуките ќе ги носиме со граѓаните и во консултација со стручната јавност

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека ќе работи одговорно, транспарентно, домаќински и, пред сè, во интерес на сите граѓани на Скопје. По преземањето на функцијата од досегашниот градоначалник Коце Трајановски, тој рече дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, а во консултација со граѓанските здруженија и со стручната јавност. - Посветено и одговорно ќе ги спроведуваме...

Со 40.000 гласови повеќе од Трајановски, Шилегов е новиот градоначалник на Скопје

Петре Шилегов од СДСМ официјално е новиот градоначалник на Град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места кои Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.125 гласови, односно 50,32 проценти, и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник, Коце Трајановски, освоил...

Шилегов: Имаме победа во првиот круг, резултатот претставува чест, но и обврска

„Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција. Тој им честиташе на граѓаните на Скопје за одважноста, храброста и за одлучноста и за тоа што гласале за заокружување на промените и за живот за сите во...

Овие избори со помал одзив и со поголем број неважечки ливчиња отколку во 2013 година

Впечатливо помал одзив на гласачите и поголем број неважечки ливчиња отколку на локалните избори во 2013 година е регистриран вчера, според неофицијалните податоци од ДИК, изведени од 99,57 отсто досега обработени резулати. Тоа, во светлината на бројките од вчерашните избори, зборува за одреден сомнеж на граѓаните во кандидатите и во нивните партии, а во поглед на резултатите за Град Скопје...

Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

Според неофицијалните информации на веб-страницата на ДИК, од преброените гласачки ливчиња од 657 избирачки места од вкупно 685 во Скопје, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, оствари победа во првиот круг, со речиси 135.000 гласови, наспроти малку повеќе од 96.000 на неговиот противкандидат, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изминатите два мандати беше на чело на главниот град. Според членот...

Шилегов: Очекувам до крајот на денот Град Скопје да добие нов градоначалник

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, откако гласаше во општина Карпош, изјави дека се надева дека излезноста на денешните локални избори  ќе биде масовна. - Масовноста дава можност уште вечерва да го добиеме победникот за градоначалник на Град Скопје. Во секој случај, каков и да биде резултатот, вечерва Скопје ќе има нов градски совет предводен од СДСМ, што...

Ахмети: Дехари работел и ќе работи во интерес на сите кичевци

На градскиот плоштад во Кичево, денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара сите граѓани на општината од сите националности да гласаат за кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник од партијата, Фатмир Дехари, велејќи дека тој покажал дека умее да се грижи за сите. И самиот Дехари нагласи дека ќе биде добар градоначалник за сите. - Ви ветувам дека и во...

Во Крива Паланка истепан возач кој најавувал митинг на партија

Кривични пријави за насилство добија тројца жители на Крива Паланка, од кои еден е малолетник, поради тоа што истепале возач на автомобил облепен со плакати на политичка партија, со кој преку разглас се најавувал митинг на партијата. Полициската станица од Крива Паланка поднела кривична пријава против В.С. (39) и Т.А. (45), двајцата од Крива Паланка, а против 17-годишен малолетник од...

Закана за убиство на градоначалничкиот кандидат на Беса за Сарај

Закана за убиство вчера пред 17 часот добил кандидатот на Беса за градоначалник на општина Сарај, Башким Бакиу, објави „Порталб“. Случајот во полиција го пријавил Бакиу. Според СВР Скопје, вчера, околу 19 часот, во Полициската станица Центар дошол Башким Бакиу, жител на селото Љубин, и кажал дека во текот на денот добил СМС со заканувачка содржина на неговиот мобилен телефон....

Кривична пријава против градоначалникот на Берово оти патувал без налози

Кривична пријава против Драги Наџински, градоначалникот на Берово, поднела надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) од Берово во соработка со одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, соопшти МВР. Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство Берово стои дека Д.Н. (59) од Берово сторил злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата, Наџински како градоначалник на општина...

Груевски ја обвини власта дека демонстрира сила и работи незаконски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Ресен рече дека власта работи незаконски, но и демонстрира сила. - Кандидатот за градоначалник во Шуто Оризари беше претепан до бессознание, друг наш кандидат беше погоден со куршум, на кандидатот за градоначалник на Кавадарци му вперија оружје и го третираа како терорист за потоа само да му се извинат - рече Груевски. Тој додаде дека...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...