fbpx
Таг: Горан Грујовски

таг: Горан Грујовски

Спасовски: Ќе се истражува кој од Македонија им помагал на Грујовски и на Бошковски

Обвинителството ќе треба сериозно да поработи во врска со логистиката што поранешните началници на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујовски и Никола Бошковски, ја имале од луѓе во Македонија за нивното бегство од државата, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто за емисијата „360“ на „Алсат-М“. - Домашната логистика е клучната за целото нивно поминување надвор...

Спасовски: Акцијата за откривање на Грујовски и Бошковски беше регионална

Акцијата за лоцирање и апсење на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски била „работена регионално“ и во неа биле вклучени повеќе служби, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за емисијата „360“ на „Алсат-М“. - Ова е една акција која што ја работевме регионално, вклучени се повеќе служби и сознанијата кои што ги имавме од...

Владата очекува да бидат испочитувани роковите за екстрадиција

Владата очекува дека ќе бидат испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, за екстрадицијата на поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои завчера беа уапсени на аеродромот во Солун со фалсификувани пасоши. – Би сакал да Ве упатам прво...

Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на Грујовски и на Бошковски

Апелацискиот суд во Солун ќе одлучува за екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и на неговиот колега од УБК, Никола Бошковски, од Грција во Македонија, пишуваат грчките медиуми. Грујовски и Бошковски, според истите извори, денеска треба да бидат изведени пред суд во Солун, во врска со употребата на лажните (бугарски) пасоши со кои се обиделе да отпатуваат...

Обвинителството во Солун ќе одреди каде ќе бидат притворени Грујовски и Бошковски

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујoвски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, денеска ќе бидат изведени пред Обвинителството во Солун, каде ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени до комплетирањето на предметот за нивна екстрадиција, соопшти Министерството за правда. Инаку, оваа информација до министерството стигнала од Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија...

Јанева: Се надеваме на брза екстрадициска постапка

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се надева дека екстрадициската постапка за обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски ќе заврши побргу и дека судењето ќе почне наскоро. - Информирани сме од МВР дека двете обвинети лица се приведени во Солун. Други информации немаме, а и во понатамошниот дел од постапката ние немаме никаква надлежност. Се надеваме дека екстрадициската постапка ќе заврши...

Грујовски и Бошковски упасени во Солун

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, вечерва се уапсени во Солун. „Мета“ дознава дека грчката полицијата постапила по меѓународната потерница која е распишана од македонските власти и по лоцирањето, ги привела. Од МВР сè уште не ја потврдуваат официјално оваа информација и рекоа дека дополнително ќе известат. Министерството за внатрешни работи на 30 јули ги...

Обвинителството бара документи од институции за кривичната против Вангеловски

Основното јавно обвинителство Скопје побарало „податоци и документација“ од институции во врска со кривичната пријава што неодамна против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ја поднесе Советот за утврдување на факти, и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, тргнувајќи од наводите содржани во кривичната пријава на...

Затворено рочиште за „Тврдина 2“ денеска

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, по обвинението на СЈО, кое ги товари поранешниот началник на петтата управа на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски, и шест вработени во Управата за уништување опрема за следење комуникации непосредно откако опозицијата во 2015 година почна да ги објавува „бомбите“. Грујовски е во бегство од 18...

Кривична пријава на Вангеловски бидејќи не дава увид во списите за Грујовски и Бошковски

Советот за утврдување на факти му поднесе кривична пријава на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Кривичната пријава Советот ја поднел бидејќи пред две недели Вангеловски не им дозволи на членовите на комисијата која ги истражува околностите за бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, да влезат во Врховниот суд и да извршат увид во списите од предметите...

Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено, се чека известување од МВР за Грујовски

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаат известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на обвинетиот во случајот, Горан Грујовски, кој е во бегство и по кого е распишана потерница. Известувањето е неопходно за да може СЈО да побара на Грујовски да му биде судено во отсуство. Обвинителката на СЈО,...

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски,...

Врховен суд: Прво да образложат, па после ќе добијат увид во списите за Грујовски и за Бошковски

Прво Советот за утврдување на факти писмено да го образложи барањето за пристап до списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“, а потоа Врховниот суд ќе определи време и простор, соопштиле од судот за државната новинска агенција МИА. Реакцијата на судот следи откако Советот денеска обвини дека на членовите на комисијата која истражува дали судиите кои одлучувале по барањата за притвори...

Вангеловски не ѝ дозволил на комисијата за Грујовски и за Бошковски да влезе во Врховен

На Комисијата која истражува дали судиите од Кривичниот, Апелацискиот и од Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски и на Никола Бошковски да побегнат од државата, денеска не ѝ било дозволено да влезе во Врховниот суд и да изврши увид во списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“. Како што соопштија...

МВР проверила над 15 локации во обид да ги најде Грујовски и Бошковски

Над 15 локации досега проверила полицијата во обид да ги пронајде Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои се во бегство откако Врховниот суд ја потврди одлуката тие да заминат во притвор, објави телевизија „21“. Tелевизијата претходно објави дека Горан Грујовски веројатно при бегството се претставува и како Владимир Варелов, затоа што има двоен идентитет. Полицијата која веќе го бара во Македонија,...

Комисија ќе испитува дали судиите им помогнале на Грујовски и на Бошковски да избегаат

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, денеска одржал седница на која донел одлука да формира комисија која ќе испита дали судиите од Кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори против обвинетите во случаите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски...

МВР ги објави потерниците за Грујовски и за Бошковски

Министерството за внатрешни работи ги објави потерниците за Горан Грујовски и Никола Бошковски кои веќе четврти ден се во бегство и по кои полицијата сè уште трага. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во петокот изјави дека одговорноста за бегството на двајцата обвинети треба да се бара кај судот, кој четири часа го праќал решението за притвор до МВР. Грујовски и...

Спасовски: Трулото судство овозможи да избегаат Грујовски и Бошковски

Бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека одговорноста за бегањето на поранешниот директор на петтата управа и на неговиот соработник треба да се бара кај судииите. - За ова треба да се поднесе одговорност бидејќи беше оставено време овие...

Шилегов: Со бегството, Грујовски и Бошковски ја потврдија оправданоста на одредениот притвор

Смисленото бегство на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, обвинети за тешки кривични дела, е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомневања за нивната вмешаност во делата за кои се товарат, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено,...

Распишана меѓународна потерница за Грујовски и за Бошковски

Министерството за надворешни работи соопшти дека побарало од судот да се распише меѓународна потерница за Горан Грујовски и за Никола Бошковски откако попладнето Врховен суд ги потврди притворите од 30 дена за двајцата, но полицијата не успеа да ги пронајде. МВР денеска преку соопштение информираше дека по наредба од Апелацискиот суд, била распишана национална потерница и биле извршени проверки на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...