fbpx

Обвинителството во Солун ќе одреди каде ќе бидат притворени Грујовски и Бошковски

-

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујoвски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, денеска ќе бидат изведени пред Обвинителството во Солун, каде ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени до комплетирањето на предметот за нивна екстрадиција, соопшти Министерството за правда.

Инаку, оваа информација до министерството стигнала од Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун, која денеска официјално информирала дека Грујовски и Бошковски биле уапсени вчера во 15 часот.

„При пасошка контрола биле евидентирани со фалсификувани бугарски пасоши и притоа е утврдено дека за нив е распишана меѓународна потерница од Интерпол по барање на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“, стои во соопштението од Министерството за правда.

Денеска попладне и Министерството за внатрешни работи потврди дека добило известување од Интерпол – Атина за апсењето на Грујовски и Бошковски.

„Известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција“, стои во соопштението на МВР.

Грујовски и Бошковски веќе три месеци се во бегство за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, заради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...