вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: гаранција | 13 резултати

За да излезе од притвор Митко Чавков дал гаранција во недвижен имот

април 23, 2018

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, по предлог на одбраната на Митко Чавков, донесе решение со кое го прифати предлогот за обезбедување присуство – гаранција во недвижен имот. По правосилноста на решението и запишување на гаранцијата, притворот треба да се укине, а да му се одземе […]

Судот нема повторно да одлучува за притвор на Кочан, туку само за гаранцијата од 900.000 евра

јуни 9, 2017

Кривичниот суд денеска појасни дека нема повторно да одлучува за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, туку само за гаранцијата од 900.000 евра што Апелацискиот суд Скопје ја укина и предметот го врати на повторно одлучување. „Појаснуваме дека неточни се наводите дека првостепениот суд повторно ќе одлучува во однос на […]

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО и ја укина гаранцијата од 900.000 евра на Кочан

јуни 8, 2017

Апелацискиот суд Скопје ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ја укинал одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, со која беше прифатена гаранцијата од околу 900.000 евра на бизнисменот Сеад Кочан за да може да се брани од слобода во случајот „Труст“, соопштија од судот. Одлуката за укинување на гаранцијата, […]

Нема притвор за Кочан, судот прифати гаранција од 900.000 евра и одземање на пасошот

мај 18, 2017

Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, нема да оди во притвор и ќе се брани од слобода. Судијата на претходна постапка, како што соопштија денеска од Кривичниот суд во Скопје, го прифатил предлогот на неговиот адвокат, Никола Додевски, и донел одлука на Кочан да му биде одредена парична гаранција од 875.298 евра, да му […]

Иванов повторно го повика Заев да даде гаранции за унитарноста на државата

мај 10, 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со коалициските партнери, да обезбеди гаранции за зајакнување на унитарноста на државата, а во однос на давањето на мандатот за составување нова влада „ќе постапи во согласност со Уставот и со досега воспоставената практика“. „Писмото од Собранието на Република Македонија е […]

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

декември 31, 2015

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на […]

Судот им го укина притворот на Верушевски и на Лазаревски

декември 29, 2015

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го укинал притворот на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Судот ја прифатил предложнета гаранција, како и предлогот на Специјалното обвинителство да им се забрани напуштање на живеалиштето, односно градот Скопје, и привремено да им се одземат патните […]

Хрватскиот Врховен суд му ја укина пресудата на Санадер за случајот „Фими медиа“

октомври 1, 2015

Врховниот суд на Хрватска ја укинал неправосилната пресуда против поранешниот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, за случајот „Фими медиа“, јавува хрватската државна телевизија ХРТ. По одлуката на Врховниот суд, Санадер може да излезе од притвор доколку плати кауција во износ од 12,4 милиони куни, односно 1,6 милиони евра. „Пресудата е […]

Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

ноември 13, 2014

Истражниот судија на загрепскиот жупаниски суд ја прифати гаранцијата што за бранење од слобода ја понудиле загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“, кои сè уште се наоѓаат во затворот „Реметинeц“, пренесуваат хрватските медиуми. Истражниот судија, Зденко Посавац, на осомничените им забранил контакт со сведоци, но и да ги извршуваат своите професионални работни обврски, […]

Страна 1 од 1