fbpx
Таг: ФЕИТ

таг: ФЕИТ

ФЕИТ во процес на меѓународна акредитација на своите студиски програми

Тим од експерти и професори од германската агенција за акредитација по инженерство, компјутерски науки, природни науки и математика ASIIN вршат акредитација на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). При дводневната посета, експертите ќе ги акредитираат трите програмите од областа електро-енергетика и четирите студиски програми од областа компјутерско инженерство. При посетата, тимот експерти ќе направи средби со...

Студенти на ФЕИТ преку МЕМО практично ќе учат како функционира пазарот на струја

Факултетот за елетротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и МЕМО– Националниот оператор на пазарот на електрична енергија, потпишаа Меморандум за соработка, кој ќе им овозможи на студентите од овој факултет да стекнат практично образование и да работат на заеднички развојно истражувачки проекти поврзани со пазарот на електрична енергија. Според деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, соработката претставува можност студентите да стекнат практично...

Словачка донираше полнач за електрични возила на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Словачка донираше полнач за електрични возила на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Донацијата ја предаде амбасадорот на Република Словачка во Северна Македонија, Хенрик Маркуш. „Овој полнач за електрични возила е добиен во рамки на проектот „Greener Mobility“ и има моќност од 2x22 кw. Полначот е наменет за истражувања на Факултетот и...

Студенти од ФЕИТ креираа алатка „Говорко“ за полесна комуникација на децата со попречен говор

Неколку студенти од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во соработка со експертите од Здружението „Отворете ги прозорците“ и Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца „Креатива Исток“ ја креираа алатката „Говорко“ кој ќе им помогне на децата со пречки во комуникацијата полесно да ги изразат своите мисли, потреби и чувства. Алатката функционира на принцип со...

Анализа: Во ИТ секторот јазот меѓу мажите и жените скоро и да не постои

За разлика од другите сектори во македонската економија, ИТ секторот се истакнува со тоа што јазот меѓу мажите и жените е скоро непостоечки. Во некои струки од индустријата, како на пример, дигитален маркетинг, односот е 55,56 отсто жени наспроти 44,44 отсто мажи. Низ текот на годините расте и бројот на дипломирани жени во формалното образование. Ако во 2013 година на...

60-тина студенти ќе учествуваат на меѓународниот натпревар по роботика – RoboMac 2020

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денес почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020. Оваа година, студенти од Македонија, Србија и Грција, во наредните пет дена, ќе ги измерат своите сили во знаењата за роботиката и вештачката интелигенција. За продеканката на ФЕИТ, професор д-р Соња Геговска Зајкова во наредните неколку дена ФЕИТ ќе биде место...

Студенти на УКИМ изработија седум иновативни апликации и проекти во програмата INNO SAE

Седум интердисциплинарни тимови на студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) изработија мобилни апликации и иновативни проекти во рамките на програмата „Innovation in Smart Anything Everywhere INNO SAE“. Во присуство на претседателот Стево Пендаровски и на деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Димитар Ташковски, студентите денес ги презентираа изработените трудови. Апликацијата Place to GO овозможува брз...

Студенти на ФЕИТ освоија прво место на меѓународниот натпревар по „LabVIEW“  

Македонската екипа од Факултетот за електротехника и информациски технологии, повторно, освои прво екипно место на меѓународниот натпревар по „Лабвју“ (LabVIEW). Македонската екипа ја сочинуваа студентите Петар Видоевски, Андреј Грунески и менторите Живко Коколански и Бодан Велковски. Студентот Петар Видоевски, исто така, го освои и второ поединечно место на овој натпревар. Деветтиот балкански натпревар по виртуелна инструментација во „LabVIEW“ се одржа на...

Голем интерес кај средношколците за ФЕИТ

Постои голем интерес за запишување нови студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во првиот уписен рок во академската 2015/2016 година. Оваа година, за ФЕИТ се предвидени 600 слободни места за упис на нови студенти, од кои 460 редовни студенти во државна квота и 140 редовни студенти со кофинансирање. - Имаме договори за соработка со стотина компании во Македонија,...

На ФЕИТ беа промовирани нови 275 инженери и 113 магистри

Нови 275 инженери и 113 магистри, вчеравечер промовираше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На промоцијата, која се одржа во Македонскиот народен театар, деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, им порача на дипломираните и на магистрите дека ова е дипломирањето, односно магистратурата ги става на нова почетна линија. Од дипломираните годинава, 21 беа промовирани како најдобри студенти во генерацијата со просек...

„Фјучр ком 2015“ – работилница по повод Светскиот ден на телекомуникациите

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја организира работилница „Фјучр ком 2015“ (FutureCom2015) по повод Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество - 17 мај. На работилницата предавања ќе одржат професорот Јан Акјилдиз од американскиот универзитет „Џорџиа тек“ од Атланта, како и најдобриот млад научник за 2014 во Македонија, м-р Даниел Денковски. Целта на втората работилница е да се разменат...

„Цветна патека на мирот“ ќе конкурира за Гинисов рекорд

Членовите на Лајонс-клубот „Вардар“, денеска, во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, посадија 61 бела роза по повод христијанскиот празник Цветници. Истовремено, уметникот Живко Поповски-Цветин го почна својот проект „Цветна патека на мирот“, со кој ќе конкурира за Гинисов рекорд. - Од денеска, овие рози ќе го разубавуваат дворот на Факултетот и ќе го расчистуваат воздухот. Цвеќето го...
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...