fbpx
Таг: фалсификат

таг: фалсификат

Милошоски: СДСМ сакаше да продуцира афера со фалсификуваните лични карти

Фалсификуваните лични карти, кои во форма на афера ги спакува неделникот „Фокус“, близок до СДСМ, а ги промовираше Оливер Спасовски како технички министер за внатрешни работи, воопшто не биле употребувани од никого за гласање, истакна на денешната прес-конфереција Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. - Всушност, не биле употребувани овие т.н фалсификувани лични карти за ништо друго. Ниту за влез или...

Обвинителство: Во тек е предистражна постапка за случајот со фалсификувани лични карти

Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и води предистражна постапка за случајот со фалсификувани лични карти, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека досега била прибавена писмена документација и податоци и додаваат дека во моментот не можат да соопштат повеќе детали бидејќи според Законот за кривична постапка, сите дејства во предистражната постапка се сметаат за тајна. „Основното јавно обвинителство Скопје, во согласност...

ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски да ја расветли аферата со фалсификуваните лични карти

Оливер Спасовски и СДСМ не можат со молчење да ја покријат аферата за фалсификувани лични карти што пред 15 дена ја објави неделникот „Фокус“, близок токму до СДСМ, обвини владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека излегоа три броја од „Фокус“, а Спасовски се сокрил од јавноста и не кажал ниту збор во врска со наводните околу 30.000 фалсификувани лични карти, кои, според...

Пасошот на бомбашот од Париз ја стави на мака и македонската полиција

Идентификацијата на еден од париските бомбаши станува сè покомплицирана за полициските истражители откако во саботата српската полиција, во прифатниот центар за бегалци во Прешево, уапсила мигрант со идентичен пасош, на име Ахмед Алмухамед, како оној пронајден крај еден од терористите кај стадионот „Стад де Франс“. Според српските власти, името и другите генералии во пасошот биле исти, освен фотографијата. Дека голем дел...

Албански државјанин приведен на скопскиот аеродром, приложил лажен документ

Дваесет и четиригодишен државјанин на Република Албанија вчера попладне, околу 17 часот, бил приведен на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, поради фалсификувани документи. Според полициските информации, албанскиот државјанин К.Н. (24), на излез од земјава, на пасошката контрола дал на увид фалсификувана грчка лична карта. По приведувањето, тој е задржан за понатамошна постапка.

Градежно-трговска фирма од Охрид направила криминал од 3 милиони денари

Градежно-трговска фирма од Охрид е осомничена од Финансиската полиција за финансиски криминал од 3.159.000 денари или приближно 50.000 евра. Управителот на фирмата и сопственикот употребиле фалсификувана фактура со вклучен ДДВ за наводно извршена набавка на опрема. Од извесно физичко лице од Струга, на црно набавиле машина за производство на сокови за која немало соодветна документација. За да заработат од повратот на ДДВ,...

Приведено лице, под сомневање дека поседува фалсификуван пасош

Вчера на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, на влез во државата, приведен е М.А.Д. (55), поради постоење основи на сомневање за поседување фалсификувана бугарска патна исправа и лична карта. Истиот е предаден во полициската станица во Гази Баба за понатамошна постапка.

Приведен странски државјанин поради фалсификувани пасош и возачка дозвола

Албански државјанин, пред три дена, бил приведен на граничниот премин Свети Наум, поради сомневање дека пасошот и возачката дозвола му се фалсификувани. Како што информираат од полицијата, против М.Д. (31) била поднесена кривична пријава за фалсификување исправа. Судија на претходна постапка, на странскиот државјанин му одредил мерка притвор од осум дена.

Италија: Уапсени лица за фалсификувани монети на евра

Дванаесет лица се уапсени во Италија за фалсификување монети на евра, соопшти денеска Европол, додавајќи дека парите илегално биле внесени од Кина. Полициската истрага почна откако во септември, во близина на Неапол, беше откриен контејнер со монети од едно и од две евра. Како што соопшти италијанската полиција, меѓу уапсените е и осомничениот лидер на криминалната група, жител на Гана, кој...

Странец фатен со лажна лична карта на скопскиот аеродром

Албански државјанин е осомничен дека употребил фалсификувана италијанска лична карта на скопскиот аеродром „Александар Велики“, соопшти МВР. Регионалниот центар за гранични работи Север, против В.М. (27) поднел кривична пријава за фалсификување исправа. Според полицијата, кон крајот на минатиот месец, осомничениот на граничниот премин на аеродромот, на пасошка контрола, употребил фалсификувана италијанска лична карта на име на италијански државјанин. По преземените мерки, полицијата...

Фатен Италијанец со фалсификувана лична карта

Вчера во 16.20 часот, на излез од Македонија, на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при пасошка контрола на Ф.К. (26) од Италија, утврдено е дека во италијанската лична карта, во делот каде што е фотографијата, е извршена замена на фотографијата. Тој е задржан и предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Против двајца сиријски државјани се поднесени кривични пријави откако полицијата на граничниот премин Табановце утврдила дека личните документи што ги дале за проверка се фалсификати. Кривичните пријави ги поднел Регионалниот центар за гранични работи - Север, и според пријавите сиријските државјани се товарат за фалсификување лични документи. Осомничените, на преминот Табановце, на увид дале германска и унгарска лична карта, за кои, по извршените проверки, полицијата...

Кумановка осомничена за фалсификување диплома од ДУТ

Тетовската полиција поднела кривична пријава против Џ.Б. (28) од Куманово, осомничена дека фалсификувала уверение за завршено високо образование, со кое се вработила како наставник во основно училиште во Липково, информираат од полицијата. Според пријавата, осомничената го сторила делото во 2011 година, кога направила лажно уверение за завршено високо образование од Филолошкиот факултет, студентска програма англиски јазик и литература при Државниот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...