fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски да ја расветли аферата со фалсификуваните лични карти

-

Оливер Спасовски и СДСМ не можат со молчење да ја покријат аферата за фалсификувани лични карти што пред 15 дена ја објави неделникот „Фокус“, близок токму до СДСМ, обвини владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека излегоа три броја од „Фокус“, а Спасовски се сокрил од јавноста и не кажал ниту збор во врска со наводните околу 30.000 фалсификувани лични карти, кои, според неделникот, биле употребени за изборна измама.

„Јавноста бара информации зошто Оливер Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал што го обелодени „Фокус“. Јавноста бара информации кои се членовите на избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите. Оливер Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29.900 фалсификувани лични карти“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека технички поставениот министер Оливер Спасовски ги има сите ресурси на МВР и сите овластувања да издаде соодветни наредби за овој случај да се заврши брзо и ефикасно и виновниците да бидат изведени пред надлежните судови.

„Зошто, господине Оливер Спасовски, не го сторите тоа? Не сте повеќе само генерален секретар на СДСМ, сега сте технички назначен за министер за внатрешни работи и треба да работите за сите граѓани. Граѓаните од Вас бараат да ја решите оваа афера и да дадете одговори. Доколку станува збор за фабрикување афера, граѓаните бараат и во тој случај да постапите според законот и лицата што ја  фабрикувале оваа афера да ги соочите со правдата. Ваша обврска е да спречите овие избори да имаат каква било дамка“, реагираат од владејачката партија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...